GLADIATOR II (2024) - Тема за тие што гo гледале филмот! (SPOILERS!)

Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.619
Поени од реакции
59.432
Го изгледав Dune, му дадов 7/10 и еве сега конечно да пишам нешто.

Од визуелен, звучен, дизајнерски/креативен аспект филмот е топ, и тоа се очекуваше. Никој не е изненаден од тоа. Од аспект на приказната добро е што ја скратиле и оставиле простор за наредни филмови, затоа што тоа што го стутка Линч во 2 саати е нешто неверојатно :D Огромна приказна е, и според мене подобро ќе беше да снимеа серија отколку филм.

Тоа што го имам против не е толку критика кон филмов колку што е критика кон сите нови филмови од овој тип.

Прво, не даваат простор од 20-30 минути за да разбереме кој е кој. Да се запознаеме со ликовите и со нивната природа. Да се запознаеме со двете фамилии и со главните јунаци. Која е нивната приказна, кои се нивните вредности? Филмот се прави со премиса дека гледачот веќе ги има прочитано книгите или го има гледано оригиналот, се му е јасно и одиме... затоа @Shawn Spencer е збунет, не му е јасно и бара одговори. Додека го гледав филмов исто и јас се прашував како ова би го доживеал некој кој дошол да го гледа без предходно да си ја одработи домашната.

Да беше овој филм правен пред 20-на години најверојатно ќе започнеше со малиот Пол. Ќе ни доловеше зошто Пол е посебен, ќе ни покажеше како расте и се развива и како станува млад и силен карактер подготвен да го наследи татко му. Ова го мислам затоа што целиот Dune универзум се врти околу Пол Муад'диб (име кое го сменија изгледа). Пол е младиот месија кој ќе го покори универзумот. Ние како публика треба да го запознаеме Пол и да го засакаме Пол. Тешко дека тоа може да се случи со фаст-форвард сценарија.

Но ете да речеме дека не е едноставно да се одвои толку простор, во ред. Следниот проблем се дијалозите, кои скоро и да ги нема. Заменети се со многу музика и звучни ефекти во позадина. Фали тој Game of Thrones дијалог од првите сезони, кои те тераат да ги засакаш и ликовите и приказната. Премалку текст има филмот, се до половина се чувствував како во аудио-визуелна разгледница, а работите си ги поврзував затоа што ми е познато што ќе се случи и знам кој е кој.

И на крајот, една работа со која до сега сум немал толку проблем, бидејќи одлично зборувам англиски: половина од дијалозите не ги разбрав. Актерите немаат никаква дикција, не зборуваат чисто. Ова најмногу за Пол и мајка му, и некои од Фремен луѓето на крајот. Забележав една сцена во која Пол носи маска во пустината и зборува многу почисто отколку во остатокот од филмот. Најверојатно таа му е voice over сцена.

Тоа ми се импресиите од филмов. Не жалам за потрошеното време и секако филмов е далеку подобар од оригиналот. Сакав да ми се допадне повеќе, но се уште сметам дека приказната можеше да биде раскажана подобро.
 
Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
45.052
Поени од реакции
83.494
Pol Atreid, od oca Leta, prek' peščane dine šeta;
ispod peska crvi riju, o Začinu tajnu kriju.
Prividi mu se đevojka, Fremen-curica Čanojka,
pa je traži, Dinom luta, 'oće crv da ga proguta.
Harkoneni spletke vili, našeg Leta pogubili.
Sada Pol osvetu kuje, Harkonensku majku psuje.
Baron telesinu vuče, i po Fremenima tuče,
kao Palma se pregiba, al' ne sluti Muad'Diba.

Мене не ми беше толку лош тој на Линч и дур не излезе овој, не знаев дека на толку многу луѓе не им се свиѓал.
 
Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.619
Поени од реакции
59.432
Мене не ми беше толку лош тој на Линч и дур не излезе овој, не знаев дека на толку многу луѓе не им се свиѓал.
Мене не ми беше лош затоа што го гледав како дете и бев импресиониран од црвите, планетата и веројатно се идентификував со Пол. Објективно е попара од филм, повеќе работи има набутано во тие два саати од цела осма сезона на GoT :D
 
Z

zmej gorjanin

Гостин
Тука ми лежи проблемот на Dune. Не на филмот, туку општо.
Тие штитови.
Наводно не ги пробива нешто брзо, туку споро мора да пробиваш за да помине низ штитот. И покрај тоа, сепак мислам дека е безразложно некористењето на стрелачко оружје. Они имаат интерпланетарни патувања и воздушни/вселенски бросодови, што значи секаква технологија, али лично стрелачко оружје, слабо. Не е реалистично, заради икс причини, кои можам и да ги наведам.
Предноста на проектирање на сила на далечина е премногу голема. Оние битки гради в гради, при таква технологија се смешни. Но, пак ќе кажам, тоа е до канонот, не е до филмот.
Исто, немаат компјутери. Имаат секаква технологија, али немаат компјутери. Оние у пустињана компас некаков користеа за одредување на страни на светот. Како сојузничките пилоти во Африка или на Пацифик, во WWII. Никакви компјутерски системи.
Тоа е, зашто со пичке материне универзални закони е забрането да се употребуваат компјутери, ради тоа што човештвото кога се ширело низ свемирот, страшни војни водело, скоро до истребување и за тоа све разлог да ти била вештачка интелигенција. И сеа више одамна тоа е табу. Ова 100% нема да го има објаснето во филмот, се појавува во една книга издадена по смртта на авторот, а напишана од син му.
Зарем не е тоа причинита поради која огнени оружја ако можам да ги наречам така се ограничени само на борба меѓу летала, како и ракети од типот на земја - воздух, додека директна борба помеѓу пешадија ако можам така да ги наречам се води гради во гради со сечила?
Ова го мислам затоа што целиот Dune универзум се врти околу Пол Муад'диб (име кое го сменија изгледа).
Во вториот дел/филм ќе стане Пол Муад'диб, односно сам ќе го земе тоа име.
Прво, не даваат простор од 20-30 минути за да разбереме кој е кој. Да се запознаеме со ликовите и со нивната природа. Да се запознаеме со двете фамилии и со главните јунаци. Која е нивната приказна, кои се нивните вредности? Филмот се прави со премиса дека гледачот веќе ги има прочитано книгите или го има гледано оригиналот, се му е јасно и одиме... затоа @Shawn Spencer е збунет, не му е јасно и бара одговори. Додека го гледав филмов исто и јас се прашував како ова би го доживеал некој кој дошол да го гледа без предходно да си ја одработи домашната.

Да беше овој филм правен пред 20-на години најверојатно ќе започнеше со малиот Пол. Ќе ни доловеше зошто Пол е посебен, ќе ни покажеше како расте и се развива и како станува млад и силен карактер подготвен да го наследи татко му. Ова го мислам затоа што целиот Dune универзум се врти околу Пол Муад'диб (име кое го сменија изгледа). Пол е младиот месија кој ќе го покори универзумот. Ние како публика треба да го запознаеме Пол и да го засакаме Пол. Тешко дека тоа може да се случи со фаст-форвард сценарија.
Не можеш да дадеш 20-30 минути запознавање и после да продолжиш со 2 саата филм, едноставно несериозно ќе делува. Ќе ти треба или цел филм, а филмови не се прават по желба на режисерот, туку по нарачка на студијата/executive producer итн. Така што таков филм можеш да добиеш во форма на приквел. Во овој поглед филмот на Линч е многу полош, има една принцеза Ирулес што дава вовед од една минута за куќите и тоа е тоа, па и во однос на дијалогот, кај Линчовиот пола од дијалогот е шепотење, демек ликовите кога размислуваат тој дел си го шепотат.
 
Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.619
Поени од реакции
59.432
Не можеш да дадеш 20-30 минути запознавање и после да продолжиш со 2 саата филм, едноставно несериозно ќе делува. Ќе ти треба или цел филм, а филмови не се прават по желба на режисерот, туку по нарачка на студијата/executive producer итн. Така што таков филм можеш да добиеш во форма на приквел. Во овој поглед филмот на Линч е многу полош, има една принцеза Ирулес што дава вовед од една минута за куќите и тоа е тоа, па и во однос на дијалогот, кај Линчовиот пола од дијалогот е шепотење, демек ликовите кога размислуваат тој дел си го шепотат.
Знам, се појавува на почетокот, дава вовед, мислиш дека е некој важен лик поготово затоа што е згодна, и потоа се појавува уште еднаш на крајот на филмот :D

Не знам зошто би било несериозно, тоа е дел од филмот. Можеше тоа доста поумешно да се направи со повеќе дијалог помеѓу ликовите во кој ќе бидат дискутирани некои важни работи. Денес се исфрлаат најважните елементи: дијалог и градење ликови, на сметка на многу минути музичка позадина и ликови што шетаат и гледаат немо во пејсажите.
 
Да, Дени Вилнев има поразличен пристап, тој сака да покажува. Нема предолги дијалози, се со цел да долови атмосфера на реалистичност, но има прекрасни кадри. Наспроти него, тука е Линчовиот каде имаш повеќе дијалог, кој по мене немаше никаква смисла, односно делува ко да гледаш театарска претстава.
 
Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.619
Поени од реакции
59.432
Да, Дени Вилнев има поразличен пристап, тој сака да покажува. Нема предолги дијалози, се со цел да долови атмосфера на реалистичност, но има прекрасни кадри. Наспроти него, тука е Линчовиот каде имаш повеќе дијалог, кој по мене немаше никаква смисла, односно делува ко да гледаш театарска претстава.
Не не, батали филмот на Линч, тој е лош од многу причини, не поради дијалозите.

Пробај да го замислиш филмов без никакво познавање од Dune универзумот, и кажи ми како ќе го доживееше тогаш? Како некој што не знае која е жената во црно, и што е со кутијата, ќе си ја објасни сцената? Да, Линч ги имаше тие шепотења кои доста помогнаа. Ако нешто ми фалеше во филмов, тоа беше тоа. Како ќе објасниш кој е Данкан и зошто Пол е приврзан за него? Во првиот филм докторот е човек од доверба кој кога ќе го изврши предавството ги шокира сите. Во разговор со Џесика уште пред тоа се наговестува приказната за жена му. Во овој филм докторот е никој па така никого и не го погодува воопшто тоа што извршил предавство. Колку фалеа дијалозите, еве спореди во стариот филм кога докторот му објаснува на Лето кого точно треба да убие и како ќе им помогне на Џесика и Пол за возврат, додека овде и тоа е убрзано, не се ни обидува да го убеди Лето, му вика ти скрши го забов а јас ќе видам што можам да направам и тоа е...

Види, јас сакам да влезам во кино сала без да знам ништо и филмот да ме извади од памет. Не да гледам постар филм, да прочитам три книги и да изгледам еден документарец, за да ги поврзам работите. За тоа да се случи треба авторот да ме воведе во дејствието полека, а не вака.

Се согласувам со ова што го пиша за Вилнев, мене ми се допадна многу Blade Runner, ама не може секој филм да биде ист. Овде има многу содржина и мора подобро да се објасни, преку дијалог и нарација.
 
Искрено, јас истиот проблем го имав и кај првиот филм, во однос на жената во црно и кутијата, поентата ми е дека тој дијалог ништо особено не ми помогна да разберам подобро некои работи од приказната. Еве, ако на некој му беше скратен скрин тајм во овој филм е баронот Харконен. Стелијан Скарсгард дали 5 реченици изговара во целиот филм, додека во првиот филм лета ко балон и се издерава и се смее хистерично. Не дека неговото појавување и монолози ќе ти помогнат да сфатиш нешто повеќе од приказната. За докторот, можеби и се согласувам, иако имаше сцена каде пред да се случи предавството, Пол во пустината вдишува од spice "Melange", по што овој го испитуваше, така што не би се сложил дека гледачите не знаат кој е. На сметка на него Данкан Ајдахо имаше многу повеќе скрин тајм да речеме, пошто Вилнев проценил дека неговиот лик е многу поважен за овој филм. А, и е поважен, пошто има моќни сцени со борби, сам против 10 сардаукар воини.
 
devilko

♆ wicked one ♆
Член од
28 август 2014
Мислења
1.889
Поени од реакции
6.165
Џабе и епски сцени и визуелни ефекти, и глума, и сценографија, музика, ако нема дијалог и не се поврзе гледачот емотивно со карактерите во филмот. ГОТ беше тоа што е само затоа што го имаше овој дел, па ни беше шок фактор кога ќе умреше некој лик.
Овде, гледаш, ама сето тоа е ладно, дистанцирано гледање каде што не ти е гајле што ќе се случи со никој од карактерите.
 
Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.619
Поени од реакции
59.432
За докторот, можеби и се согласувам, иако имаше сцена каде пред да се случи предавството, Пол во пустината вдишува од spice "Melange", по што овој го испитуваше, така што не би се сложил дека гледачите не знаат кој е.
Во првиот филм беше пријател на семејството и човек од доверба. Се појави во повеќе сцени и имаше дијалог со Џесика кој долови дека е близок човек. Во новиов филм два пати му мереше притисок на Пол :D, после тоа одеднаш ги предаде.
 
Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
45.052
Поени од реакции
83.494
Но ете да речеме дека не е едноставно да се одвои толку простор, во ред. Следниот проблем се дијалозите, кои скоро и да ги нема. Заменети се со многу музика и звучни ефекти во позадина. Фали тој Game of Thrones дијалог од првите сезони, кои те тераат да ги засакаш и ликовите и приказната. Премалку текст има филмот, се до половина се чувствував како во аудио-визуелна разгледница, а работите си ги поврзував затоа што ми е познато што ќе се случи и знам кој е кој.
Денес се исфрлаат најважните елементи: дијалог и градење ликови, на сметка на многу минути музичка позадина и ликови што шетаат и гледаат немо во пејсажите.
IMO, новите филмови за широка публика (суперхеројски и др.), ми делува како да ги прават вака:
Снимаат и спремаат една голема акциона сцена и све вложуваат во неа. Трае 20 минути, минимум. И евентуално уште една таква сцена.
После е лесно. Само треба нешто, било што да се попуни време. Небитно. Може сценариото мене да ме викнат да им го пишувам.

Другата слична финта се кинематографски пејсажи, такозвани vistas. Лупни пешес vistas и сценариото кој го ебе. Имаш vistas и имаш една грандиозна акциона сцена и не ти треба друго.
Акционата сцена ќе го привлече мејнстримот од самото дно, а vistas ти се изговор за оние кои се оградуваат од тој менстрим, али им се свиѓа срањето.

Посљедни џедај и Успон Скајвокера ти се типичен пример за ова.

Ама какви vistas имаше човече...

А тоа сценариото, од гз извадено.

Плот кој го движат ликовите и нивните карактери - што ли е тоа?
 
Z

zmej gorjanin

Гостин
Што не го гледавте првиот филм тогаш? Ја ги гледав еден по еден и од муабетов на темава излегува дека било каков дијалог со што поголемо времетраење е подобро од филм со малку дијалог?
 
Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
45.052
Поени од реакции
83.494
Што не го гледавте првиот филм тогаш? Ја ги гледав еден по еден и од муабетов на темава излегува дека било каков дијалог со што поголемо времетраење е подобро од филм со малку дијалог?
не излегува така
 
Z

zmej gorjanin

Гостин
Не сум сигурен како излегува? Ќе излезе дека е Dune суперхеројски блокбастер со многу акциони сцени и кул ефекти. Технички и така е, само што Dune не е сериско производство на филм испорачано од магацините на марвел. Значи кога зборам за кадрите со вселенските летала, црвите, за градбите на Аракис, за боите, па дури и комбинацијата на CGI со филмската фотографија, се е совршено вклопено и реалистично, а во исто време грандиозно. Самиот филм ти испорачува неверојатно искуство, исто ко да си на друга планета. Самиот филм е искуство. Вилнев се надминал себе си во градењето на тој свет и одговорно тврдам дека освен тој и не постои човек денес кој што подобро би го изградил целиот свет, па Жодоровски колку сака нека се вреѓа. Да, филмот можеби ја нема потребната експозиција за да просечен авенџерс фан укапира што се дешава, но хеј, ако еден филм те натера, не да ги прочиташ новелите на авторот, туку да земеш да чачкаш lore и backstory на целиот тој универзум тогаш тој филм успеал во својата цел.
 
W

wicked_1

Гостин
Интересно е што за овој Dune и нема некоја генерална негативна критика... или бил предолг/преспор наративот, или немало доволно разработени карактери, или незнам читав дека немало потреба од римејк.

Lost in the review, шаблонски ми е хејтот за недостатокот на дијалог, Dune е sci-fi епик кој треба да е опишан преку футуристичкиот свет на херои и негативци, и филмот треба да биде носен од позадината- светот на Dune, не од карактерите и нивната комплексност.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom