Грешка ми е информацијата.

Сум се поврзал со утакмицата кога Фиорентина го победи Јувентус 3-0 на гости. Три гола, па затоа ми останало во меморијата како хет-трик. Тогаш даде гол-два и беше прилично добар, после тоа влезе во серија и почна да добива медиумско внимание.
Зошто си толку напнат цело време? Од некој фронт да не пишуваш?
Нема врска со кој клуб е поврзуван. Летото беше поврзуван со трансфер во Интер, како замена за Лукаку, а јас и тогаш го имав истиот став. Влаховиќ, со една добра сезона позади него, е ризик ако цената му е 60-70 милиони евра, а се зема како замена за главниот напаѓач од минатата сезона, кој треба да го носи цел товар на напаѓачката линија на голем клуб. Еве, други фанови на Интер имаат различен став за него.
Ништо не докажал уште, за да ја има репутација што ја имаат топ талентите на светскиот фудбал. Разликата меѓу едните и другите е константноста. Ако Влаховиќ ја покаже и во следните сезони и во подобар клуб, ќе заслужи да влезе во групата во која сега се играчи како Халанд и Мбапе.
Халанд е импресивен три сезони, пред Дортмунд играше во Салцбург и сруши неколку рекорди во ЛШ со нив. Хајпот за него е од таа сезона, не откако отиде во Дортмунд. Исто годиште е со Влаховиќ, а лани имаше 40ина гола, 10-11 во ЛШ, ако добро памтам. Не се иста класа со Влаховиќ во моментов.
И нормално дека може и Халанд да заврши како Пако Алкасер, лол. Може и да има глобална револуција следната година, па фудбалот да биде забранет како хоби на корумпираните елити, може и вонземска цивилизација да не посети и да ја претвори Земјата во human zoo. Релевантното прашање е колкава е веројатноста за некои работи да се случат. Колкава е веројатноста он да заврши како Пако, а колкава е Влаховиќ да заврши како Шик или Андре Силва? Разликата меѓу едната и другата веројатност, ја оправдува разликата во цената и хајпот. Другото објаснување за таа разлика е дека, еден куп на професионалци во фубалот, вклучително и спорстки директори на топ европски клубови, оформуваат политика врз база на јутуб клипови и фидот на профилите на Халанд на социјални медиуми.
Не е деградирање, да се каже дека играч со една добра сезона, има една добра сезона позади себе. Тоа е констатирање на факти. Исто како што, не е навреда за играчот ако некој има различен став за неговиот потенцијал од тебе. Тоа е straighforward логика што возрасен човек треба да може да ја следи.
Влаховиќ е талентиран играч. Градација над или под други таленти, не е исто со тврдење дека Влаховиќ е спастик што не знае топка да шутне.