И да е само за земјата...
Пред да се појави масонеријата во 16 век сите верувале дека земјата е рамна. Темата за рамна земја е стара илјадници години не е од вчера.
Доволна причина е негирање на креатор (Бог) и библијата а верување во Биг Бенг теорија...
Буџетот на НАСА(50 мил.долари дневно)
Ако лажат за слетување на месечината тогаш зошто да не и за други работи...
И да е само за земјата...
Пред да се појави масонеријата во 16 век сите верувале дека земјата е рамна. Темата за рамна земја е стара илјадници години не е од вчера.
Доволна причина е негирање на креатор (Бог) и библијата а верување во Биг Бенг теорија...
Буџетот на НАСА(50 мил.долари дневно)
Ако лажат за слетување на месечината тогаш зошто да не и за други работи...
Еврејскиот закон е причина за оваа тема? Религија?
И тој закон(еврејскиот) ја покажува земската перспектива на човекот во однос на божественото, а не реалноста на универзумот. Затоа и смртта е страшно нешто и голема препрека кај старите учења.
Доста со старите учења и боговите...
А и од кога визии се доказ за било што?
Како започнува Исаија, големиот пророк, мистик... се повикувате на пророци и мистици во однос на универзумот од библијата, претежно христијанската редакција на светите книги на евреите?
„The vision of Isaiah the son of Amoz.... “ - визија ќе расправаме тука? Воопшто знаете што е тоа?
Ха, јас па физика ќе расправав тука и математики...
Ете од каде верува/не верува и како само тоа е доволно. Каде јас сум дошол да муабетам, сигурно несвесно религиозната страна на проблемот ме привлекол, како гравитациона сила
Most Common Questions asked by Non-Muslims who have some knowledge of Islam DOES THE QUR'AN SAY THAT THE EARTH IS FLAT? Question Qur’an says that Allah has made the earth for you as a carpet. This gives an indication that the earth is flat.
Не се работи за религија... Едноставно не можеш да тврдиш дека земјата е топка која се врти со измерена брзина и дека шиба во непознат правец со измерена брзина БЕЗ ДОКАЗИ тоа се вика ТЕОРИЈА или ПРЕТПОСТАВКА. Со измерен обем кој изнесува 40 000км и со математичка пресметка за закривување на земјата и водата која постои само на хартија. Додека ЗАКОНОТ ЗА РАМНА ЗЕМЈА има преку 200+ докази дека земјата е рамна и дека е центар во вселената и сите небесни тела ротираат над неа.
Ете во тоа е разликата помеѓу хелиоцентризам и геоцентризам.
Нема да верувам во измерени (потенцирам измерени, не претпоставени или претскажани) величини и вредности, измерени со најразлични мерни инструменти и потврдени емпириски, математички, физички, хемиски, географски итн.,
Па тоа го имаш и во учебници од 5-то одделение. Со 2д слики перфектно обработени фотошоп насликани лампиони т.н "планети" со имиња на богови сплескани на учебникот. Со некои пресметки за оддалеченост кои не можеш да ги замислиш а па камоли да ги измериш... Си образложил ветер во магла, непотврдени и неосновани ПРЕТПОСТАВКИ кои не можат никако да се ПРОВЕРАТ. Си учел како е пишано без да го провериш практично тоа и без да се запрашаш за сите тие претпоставки дали се точни. Милиони,милијарди,катаљони,светлосни години...Дали ти звучи тоа нормално? Зар никогаш не си се запрашал за тие мерења дека звучат премногу фантастично за да бидат реални? Кој може да ги провери тие мерења? Во тоа е целата луда идеја на хелиоцентризмот дека штом не може да се проверат тие мерења тогаш се што останува е дека мора да се верува на тоа и ако таа псевдонаука за хелиоцентризам која е измислена од масони не е религија тогаш не знам што е...
Читајќи те вака си мислам дека можеби си многу повеќе налудничав отколку што си претпоставував... Но да видам можеби ќе најдам и појаки бисери од ова поготово од тебе...
Ништо подобар не е куранот, новиот завет и еврејскиот закон едни од други.
Двете нови свети книги на христијанството и исламот се дериват на еврејскиот мистицизам и учење.
Тоа нема врска со реалноста на универзумот, туку со духовниот развој на индивидуата. Со верување и ритуали и пракси за постигнување.
Се повикуваш на свети книги и од таму бараш докази за рамна земја? Ние дебати имаме во подфорумот Религија дали постојат богови, дали земјата е стара 8000 години, дали сите сме од едни исти родители, наречени Адам и Ева, дали треба да се убива во името на боговите, зошто има уредувачи на свети книги кои одлчувувале/одлучуваат што е валидно што не во „пишаниот збор на боговите“, а ти се повикуваш на тие книги кои се на база на верување да ни докажеш како таму пишувале круг и свод како стаклено ѕвоно, па и со сет ум што го имаш нарекуваш некој глуп (те читам наназад како навредуваш членови без веза) бидејќи не се сложува со старите свети книги.
Немој така.
И со питагорина теорема ништо не се докажува. Бесцелен пример за луѓе кои не знаат воопшто физика, ниту основи. И целта за ова е за да се избегне една битна константа - гравитационата сила, која нели... не постои се е тоа... измислица на оние кои се против боговите од старите религии.
Ги распнавме тие богови, други богови денес има... и бараат знаење и иксутсво а не да ми велиш верувај или не... нема што да се верува.
П.С. Тие свети книги кога се зборува за Земјата, се мисли на човекот, како центар на перцепција. Тогаш нештата ќе ти имаат смисла и за рамна, и за круг, и за тоа како „ние сме во ѕвоно“ итн инт...
Веќе ти пишав за ова немам намера да се повторувам. Оди надвор и пушти еден балон полн со хелиум и истражувај како ќе се понаша гравитационата сила на привлекување кон земјата...
Веќе ти пишав за ова немам намера да се повторувам. Оди надвор и пушти еден балон полн со хелиум и истражувај како ќе се понаша гравитационата сила на привлекување кон земјата...
Толку со тебе, малку ми се христијани кои ме напнуваат заради нивното верување како се е по библијата другите се глупи, грешни и не разбираат ништо за светот, сега и за наука и универзумот каков е со тебе не мислам да расправам. Само сакав да видам од каде ти доаѓаат овие идеи... добро сум намирисал. Библија.
Видов до каде е чергата, доста е внимание од мене.
Туркај си агендата на старите религии слободно... кој мисли да оди по твојот пат, со лесно нека е
Можеби тоа што го мислиме за плима и осека е едноставно пуштање вода да истече во шупливата земја низ отвори во океаните и враќање на истата преку напредни пумпи изградени од интертерестралците кои летаат со НЛО-ата. Причината за тоа само масоните ја знаат.
Оваа страница користи колачиња за персонализирање на содржината. Со продолжување на користењето, се согласувате со нашата политика за користење колачиња.