Ништо подобар не е куранот, новиот завет и еврејскиот закон едни од други.
Двете нови свети книги на христијанството и исламот се дериват на еврејскиот мистицизам и учење.
Тоа нема врска со реалноста на универзумот, туку со духовниот развој на индивидуата. Со верување и ритуали и пракси за постигнување.
Се повикуваш на свети книги и од таму бараш докази за рамна земја? Ние дебати имаме во подфорумот Религија дали постојат богови, дали земјата е стара 8000 години, дали сите сме од едни исти родители, наречени Адам и Ева, дали треба да се убива во името на боговите, зошто има уредувачи на свети книги кои одлчувувале/одлучуваат што е валидно што не во „пишаниот збор на боговите“, а ти се повикуваш на тие книги кои се на база на верување да ни докажеш како таму пишувале круг и свод како стаклено ѕвоно, па и со сет ум што го имаш нарекуваш некој глуп (те читам наназад како навредуваш членови без веза) бидејќи не се сложува со старите свети книги.
Немој така.
И со питагорина теорема ништо не се докажува. Бесцелен пример за луѓе кои не знаат воопшто физика, ниту основи. И целта за ова е за да се избегне една битна константа - гравитационата сила, која нели... не постои се е тоа... измислица на оние кои се против боговите од старите религии.
Ги распнавме тие богови, други богови денес има... и бараат знаење и иксутсво а не да ми велиш верувај или не... нема што да се верува.
П.С. Тие свети книги кога се зборува за Земјата, се мисли на човекот, како центар на перцепција. Тогаш нештата ќе ти имаат смисла и за рамна, и за круг, и за тоа како „ние сме во ѕвоно“ итн инт...