Ти со денови си ја гледал Венера за да го знаеш нејзиното движење или му веруваш на твојот омилен извор на информации во астрономијата?
Да, со денови сум ја гледал и сум ја прател со голо око, бидејќи јас не живеам во Скопје и светлосното загадување кај мене не е толку големо. Дури кога е во близина на својата источна елонгација, Венера ја имам гледано на западниот хоризонт уште во текот на денот со голо око, неколку минути пред да зајде Сонцето, и тоа од мојот двор. И не само Венера, за разлика од твојот другар, кому сите ѕвезди му изгледаат исти, бидејќи не мрднал од својот балкон во Аеродром, јас ѕвездите ги гледам со голо око со различна магнитуда и со различна боја - и сè тоа од мојот двор. А и ти би ги видел, да излезеш само дваесетина километри од Скопје накај Куманово, Велес, Тетово или Македонски Брод.
Хелиоцентричен модел паѓа на многу тестови, но тоа тебе не те засега, битно ти е што движењето на Венера и Марс не е скицирано во конкавниот модел.
Еве ги дијаграмите на мените на внатрешните и надворешните планети во хелиоцентричниот модел. Мените на надворешните планети се најизразени кај Марс поради неговата близина до Земјата, додека кон другите поодалечени планети, ефектот драстично се намалува и сосема исчезнува поради сразмерно многу поголемото растојание на тие планети во однос на Земјата наспроти растојанието на Земјата во однос на Сонцето.
Повели, ваков дијаграм прикажи и за конкавниот и небоцентричен модел.
Ако не оди со конкавниот и небоцентричен модел, пробај да ги објасниш со моделот на дрвото на Yggdrasil - што знаеш, можеби ќе ти успее.
И кои други најосновни работи си ги постирал веќе два пати?
Си заборавил?
Нацртај ми го твојот модел каде што ќе бидат запазени:
- мените на Меркур и Венера (комплетниот опсег) и нивните терминатори
- оддалеченоста на Меркур oд Сонцето која никогаш не изнесува повеќе од 28°, и оддалеченоста на Венера од Сонцето која никогаш не изнесува повеќе од 47°.
- транзитите на Меркур и Венера
- мените на Марс и неговиот терминатор
- движењето на појасите и Големата црвена дамка на Јупитер и движењето на Галилеевите сателити
- движењето на прстените на Сатурн и движењeто на неговиот сателит Титан
- привидното ретроградно движење на планетите
Ова се базични работи. За посложени како прецесија, инклинации и еклипси нејќам ни да те прашувам.
Спадни малку на земја, не оди толку далеку до "планетиве". На ниту една тема од сајтот wildheretic не даде коментар, ако не ги броиме твоите погрешни толкувања на одредени игли во сено. Закривување на светлината?
Има гравитациско закривување на светлината, ама таа тема не сум ја истражувал. Исто така мора да се земе предвид и прекржувањето на светлината при нејзиното преоѓање од една средина во друга кои имаат различни густини, како и анатомијата на човековото око. Сложена наука е оптиката. можеби
@Let 3 ќе знае и ќе сака да ти одговори бидејќи тој се бави со фотографија.
И зошто прашуваш вакви сложени работи, кога не знаеш работи што секој овчар ги знае, бидејќи ја гледа „ѕвезда“ Деница и „ѕвезда“ Вечерница и нејзиното оддалечување од хоризонтот, нејзиното наближување кон хоризонтот, како и нејзиното проградно и ретроградно движење:
Ти со денови си ја гледал Венера за да го знаеш нејзиното движење или му веруваш на твојот омилен извор на информации во астрономијата?