Јас не сакав ништо да пишам пред маратонов, за да не валкам никаква слика и моето мислење да не влијае случајно на одзивот, бидејќи тоа е последно нешто што сакам, сепак го ценам маратонов како нешто најголемо тука, ама организацијата е од година во година во надолна линија, да не кажам ужасна, колку и да не делува таква сликата од многуте луѓе кои во суперлатив пишуваат за маратонот, ама реалноста е дека треба критика и да се запраша некој дали на ваква манифестација од толкаво значење не и треба подобра организација. Се е убаво кога е во пикот, ама 90% од учесниците на вакви манифестации се од фирми пријавени, ако нив ги снема, а овој игнорантен однос од организаторите продолжи лесно може манифестацијата да ја има судбината како Охридски маратон, а и како секое добро движење што постои во државава.
Не е една работа, многу се. Прво соочување со лошата организација ми беше, кога еднаш не ми беше пратен ваучерот (2017 година), па пишував меилови, се јавував, во живо отидов да се провери што е работата, и испадна дека кога пријавувале групно за каде да се пратат ваучерите се пратил меил со печатна грешка, ми запишаа вистински меил и рекоа дека ќе испратат пак кодот, ама не ми испратија. После пак ги потсетив, ама тој ваучер никогаш не го добив, не ми беше до ваучерот не ни патував некаде, ама не се почувствував испочитувано како учесник кој учествува и придонесува. Неколку пропусти тука видов, прво кога им стигнало повратен меил дека меилот не постои, они не се потрудиле да видат што е работата, да пишат се извинуваме испратете ни друг меил каде да пратиме, второ невраќање на меилови и трето кога се испостави што е работата пак невраќање на меил и одбивање да се испрати иако рекле дека ќе го сторат тоа. Разбирам еднаш да се изуми да се врати, многу меилови се, ама ова воопшто не се препрати. Не барав ништо посебно, ти следува како учесник.
Друга работа, порано (2016 година памтам како последни добри спомени), кога ќе завршеше тркава плоштадот немаше што немаше, знам се прејадував и препивав од храна, секакви јогурти, овошја, грицки, лотарии, на пат кон дома ко елка бев наќитен, балони давав од што ми даваа по десет на секое детенце што ќе го сретнам по пат. Сега последниве години тага и јад, бананче, вода, евентуално нешто смоки или од Полео ако делат, тоа е тоа. Бројот на учесници расте, не може се помалку работи да има. Ова не зборам за 2020 и 2021 па Корона да е причина, зборувам и за 17,18,19, од година во година се помалку работи имаше.
Истото важи и за музичарите, не може бе ти на ова да имаш коментар “Па кај во Македонија има трка со музичари, забавуачи повеќе од ова“, треба со помали трки ли да се споредуваме? Зошто да не се споредуваме со трки во други градови, во кои за чудо има и помалку учесници, а 3 пати повеќе музичари поставени на цела стаза. Од таа котизација висока одвој средства и на секој километар ангажирај да има музичари на стаза, пошто стазата е кружна, 10 точки треба да покриеш и тоа е тоа, секаков жанр може да се опфати. Ангажирај дечиња основци да бодрат, напрај бесплатна екскурзија за најдобри транспаренти, нека има детски џагор во публика и мили дечиња за поддршка, со уникатни идеи и цртежи. Зошто да оди во надолна линија се, место да сме покреативни и да одиме во нагорна?
Исто и целиот однос во Ковид ситуација е крш. Дечките од Битола и многу други трки пробуваа да издејствуваат да може и невакцинирани да трчаат, кога не успеаа понудија рефундирање на парите, овие не ти нудат рефундирање, туку само виртуелно или премести за слена година. Тоа е крајно некоректно, ти не знаеш дали следна година ќе си во државава и жив и здрав во време на оддржување за да преместиш, а кога си се пријавил не си се пријавил сам тренинг да си правиш на кеј, туку да бидеш дел од духот на најголемото спортско движење кај нас. Комплетно непочитување како учесник добиваш, они најмногу можат да дозволат поврат од сите организатори кај нас. Знам многу организатори на трки кои едвај крај со крај скрпуваат со трките и секој неповрат многу повеќе би значел отколку неповратот на Скопски, а сепак враќаат пари.
И финално, бизарни ситуации има мал милион со попатните луѓе кои се ангажирани од Скопски маратон. Конкретно прехлани мое другарче имаше страшни болки во ногата и ги изоде последните 20 километри од маратонот, кога побарал помош на една станица црвен Крст, му рекле еве ти гелче намачкај си се сам да не пипам јас, само што си ги измив рацете. Ова е пред Корона времето, да нема забуни. Има уште милион случки но мислам дека доволно напишав, ако некој чита засегнат се надевам дека постов го тригерна да промени некои работи и да се ангажира МНОГУ повеќе, барем како во 2016 да се вратиме ако не можеме да достигнеме следно ниво. Годинава не трчав, а бев пријавен, ќе трчам виртуелно, тоа е тоа. Јас не сум хејтер ниту сакам да наштетам, од 2013 учествувам на Скопски и ќе учествуам дур ме држи здравје, со надеж дека ќе оди на подобро работата, а јас ќе бидам објективен секогаш да пофалам кога е добро, да критикувам кога е лошо. Браво за сите што истрчавте денес!