Насилство од наставник врз ученик

И кој е виновникот затоа што децата тебе ти се качуваат на глава?!
Ако ти не успееш да го скротиш своето сопствено дете и да се поставиш авторитативно кон него, не очекувај дека и наставникот ќе го направи тоа.
Па не е крив никој, родителите се криви и затоа треба да бидат казнети.
 
Па не е крив никој, родителите се криви и затоа треба да бидат казнети.
Како ќе ги казниш родителите? :D
Со социјална служба и одземање на детето? Хммм, ајде да е за тепање и малтретирање на детето, ама за домашно воспитување малку тешко спроводливо во пракса. Од проста причина што не постои универзална дефиниција за добар родител.
Психолошка проценка пред станување родител е тоа што ни фали, ама и тоа е тешко спроводливо во пракса....од проста причина што сите ќе потфрлат на тестот, и тоа баш заради горенаведената причина.
 
„Не дозволувам насилство во моето училиште. Разговарав и со наставникот. Нема што да признава или да не признава, има видео. Мојата работа ја завршив најодговорно и пријавив во МВР. Родителите на детето се обидов да ги добијам, но биле на пат и не ми одговорија на повикот. Ќе следува дисциплинска комисија. Ученикот е во 7 одделение, а наставникот е по англиски јазик“


otsutni roditeli i majkata i tatkoto hmmm...
 
Последно уредено:
Како ќе ги казниш родителите? :D
Со социјална служба и одземање на детето? Хммм, ајде да е за тепање и малтретирање на детето, ама за домашно воспитување малку тешко спроводливо во пракса. Од проста причина што не постои универзална дефиниција за добар родител.
Психолошка проценка пред станување родител е тоа што ни фали, ама и тоа е тешко спроводливо во пракса....од проста причина што сите ќе потфрлат на тестот, и тоа баш заради горенаведената причина.
Финансиски, најдобрата казна.
Ќе го отстранам детето од час, ќе заведам дека правело глупости, а на крај од месец ќе им стигне честитка дома.
 
Обично неизживеани се тие кои форсираат насилство врз послабите од нив и лечат фрустрации, ама ок.
Тие се сељаци.
А неизживеани се оние што го гледаат животот и животните навики преку дефиниција.
 
Тие се сељаци.
А неизживеани се оние што го гледаат животот и животните навики преку дефиниција.
Во секој случај подобро да си неизживеан отколку сељак према сопственото дете.
Автоматски споено мислење:

Финансиски, најдобрата казна.
Ќе го отстранам детето од час, ќе заведам дека правело глупости, а на крај од месец ќе им стигне честитка дома.
Тоа може во училница. Се согласувам и во ред е! Токму тоа и го наведов како алтернатива за ќотекот. Педагог, психолог, еве нека биде и финансиска казна.

Ама не може да го применуваш надвор од училиштето.
 
Јас моето дете го праќам да оди во училиште за да научи тоа што треба, а не да јаде ќотеќ!
Дали моето дете ќе биде таму мирно послушно, ќе учи, се зависи од наставникот, од неговата способност, од неговиот изглед, од односот што ке го постави со учениците, треба да биде добар педагог, психолог а и пријател.
Не се сложувам родителите да плаќаат казни за лошото однесување на децата, затоа постојат овие образовни институции.
Во средно имав професор по математика, страв и трепет беше...на негов час мува не се слушаше, не се памти некој да избегал ...едноставно човекот имаше стравопочитување од сите ...добивме добро знаење од него, никогаш не дозволуваше ако некој ученик неможе да сфати некоја задача да му стави кец и да го батали, туку ке му кажеше после часови да останат тие што не сфатиле.
Имавме професори со кои се исмејувавме, но тие самите си беа виновни.
 
Ае се собраа олд скул гардите да серат по детето. Као они коа биле вака, сеа се вакви и такви. Прво и најважно од се вашето дете да е снимано вака се знае како ќе реагирате. Знам јас какви се денешните деца и дека лекот понекогаш не е само зборувањето ама ова не е воспитен шамар или удирање по глава или пак некоја релација овој е постар па го удира дека е помал, ова на видеото е малтретирање и ништо повеќе. Ама нели мора секогаш да се има некакви поделби, немој случајно некогаш да се даде некој добар збор за денешните геннерации, да се пофалат за нешто, терај си уште од времето со два канала и немање на никаков баланс и реално гледање на работите, се е црно бело и готово. Лани или пред короната некаде беше, во Штип протестираат деца од Радовиш што учат во двете средни училишта тука за да имаат порано превоз и нормално како и секогаш децата имаат најмногу муда, немаат партиска работа како нивните дома и си скандираат од срце и душа. Наместо да најдат разбирање и поддршка во комемтари добиваат вакви отепани коментари као они оделе пешки не знам колку, како овие денеска се мочковци. Генерација која дозволила транзција, 2001, Грујо и Бранко и сега Заев и не може баш да се фали за тоа дека имала муда или била нешто повеќе од денешните "мочковци".
Баш тоа што сакав да го пишам у претходниот пост.

Генерации кои што дозволија да бидат крадени, уплашени и манипулирани со децении ќе ти кажуваат како денешната младина била попедерчена, а шамарањето на ученици бил правилен потег. Младина која што организира самостојно протести, младина која се самоорганизира, младина која што e носител на промени у општеството.

До ден денешен не научивте вие постарите дека авторитетот се заслужува, како и почитта, а не се добива автоматски само поради што работаш одредена професија.

Тоа истото дете треба да биде научено каде треба да биде дете а каде да почитува институции и индивидуи. Кога дома не го воспитале нормално некој друг ќе го воспитува на друг начин, денес даскалот утре на улица некој поаазган деца како што вика @jamajka.
Детето се учи како се почитуваат индивидуи и институции преку моабет и покажување примери, а со шамарање, психофизичко малтретирање и слично само ствара омраза кон тие индивидуи и институции или се повлекува и станува плашлив.

Мнозинството луѓе кои што ги познавам и кои се избувливи и лесно влегуваат во физичка пресметка се истите кои најмногу јадат шамари дома. Поради невозможност да им возвратат на родителите, истите го префрлаат бесот надвор на други.
 
Последно уредено:
Психолошка проценка пред станување родител е тоа што ни фали, ама и тоа е тешко спроводливо во пракса
Mnogu e tesko da imas ultra liberalni stavovi kako homoseksualci da moze da plakaat surogatsvo na zeni kako u handmaidens tale, a isto taka da promoviras evgenika i distopisko totalitaristicko opstestvo.
 
Сељакот ќе створи некој авторитет кај детето, а неизживеаниот ќе настрада и ќе го расипе детето.
Мислиш стравопочит заради инфериорноста на детето, а не авторитет. Авторитет не се гради со тупаници и модринки по телото.
 
Па јас мислам барем ти ме разбра што сакам да кажам. Не е се црно и бело а како и секогаш сликата е таква, барем по првите страни на темата.
Не, разбрав многу убаво, се надоврзав на разговорот за мобилните телефони. Нивното место не е во (основните) училишта.

Ниту еден родител не прифаќа лоша критика кон своето невоспитано дете. Не е тешка философија да се воспостави авторитет над детето. Односно децата како се однесуваат со родителите, така се однесуваат и со наставниците. Сепак и наставникот е човек, има семејство на кое после работното време треба да му се посвети, и сета таа тортура мора некаде да се прелее.

Ние имавме наставник по математика кој трпеше тортура од невидени размери. Од константно нанесување материјална штета на автомобилот (имаше фиќо), до секојдневни вербални напади. Буквално ставање во лице! Математика беше предмет кој се учи 4 пати во неделата, а тоа значи 4 часа неделно ти треба да трпиш одредени невоспитани идиоти на кои не им можеш ништо! Ќе им ставиш кец, на крај на година ќе им го поправат. Родителите не одат на родителски состаноци, децата бегаат од училиште. Кој е излезот? Ќе го избркаш од училиште и ќе биде идиот на друго место!

Единственото излезено решение, за кое пишував пред неколку години, па и на темата за дигиталните учебници и гледам погоре дека некој го споменал се камери во училниците! Нема тревка да се мрдне. А со тоа ќе се видат и педагошките методи на наставникот, односот кон учениците, начинот на кој ја води наставата, посветеноста...вака немаме ништо. Половина од часот смирува и воспоставува дисциплина, а половина предава!

Реформа по реформа и тонеме на сите светски листи. Чисто за напомена, во 2000тите бевме на средина на светот, што се сметаше за катастрофа, а сега сме на ниво на афричките држави. Проблемот е и во тоа што нашите ученици, многу повеќе изучуваат во просек од учениците од другите држави од Европа. :)
 
Последно уредено:
На сите им е поинтересно да играат игрици, да седат на некоја социјална мрежа или да слушаат музика, отколку да слушаат настава.
Ова не е по вина на учениците. Вината треба да се бара во МОН и нивната неспособност да направат Update на системот од бивша Југославија. Се учи по принципи и методи како што учел татко ми некад, завршив два факса и гледам братучетка ми у средно е сега истата приказна, истите книги, истата материја.

Летаргичноста на МОН за насочување спрема современи методи на предавање, креирање на нов вид на систем на оценување кој ќе резултира со поквалитетно знаење од учениците кое соодејствува на денешницата би довело до поголема заинтересираност и учество од нивна страна.

Еве ти пример на пола предмети у средно и ја не се замарав затоа што имаше голема несоодветност во системот. Ме замараат со биологија, хемија и физика а ти се спремаш да идеш на Економски или Правен, утре на испит по менаџмент ќе те прашуваат за митохондрии и хромозоми. Место да се сконцентрираат со материи во логика, претприемништво, бизнис трендови уште у средно да почнат да се предаваат они не еве ти биологија.

Бонус па и на Економски и ја си жмиев на телефон зашто ми беа досадни 80% од нив, учиш во 2012 дека ИНТЕРНЕТОТ Е ВО ПОДЕМ И Е-ТРГОВИЈАТА ЌЕ НАСТАПИ НА СЦЕНА :) Додека на предавања на факултет во Холандија не ми текнуваше на Инстаграм или нешто слично што користи за убивање на досада туку си тука присутен и се бориш да се докажеш и плус самите професори тоа што го предаваат можеш да го поистоветиш затоа што учиш материја што е соодветна на времето у кое живееш.

Не се учениците криви, министерството е за рушење (у секоја смисла).
 
Мислиш стравопочит заради инфериорноста на детето, а не авторитет. Авторитет не се гради со тупаници и модринки по телото.
Стравопочит не се само тупаници и модринки по телото.

Не мора да го тепаш детето за да му укажеш дека треба да биде мирен и да почитува повозразен лик, поготово професор.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom