Ги препрочитав постовите што
@Sussaro си ги само-цитирал од пред 100 години, ептен интересен начин на раскажување, морав да се потсетам. Да кажам само дека ама баш ништо привлечно не гледаме ние жените во таков тип. Би ми се повраќало ако некој таков ми се приближел кога сум била слободна.
Али точна претпоставка е дека жената не сака целото внимание на мажот да биде насочено на неа.Сепак, Сусаро тоа го објаснил како "нерецкање ни 2%". Јас би рекла дека колку што е жената посозреана и посамоуверена, бара повеќе отворено внимание од маж. Ако е некоја несамоуверена и незрела, се прашува што гледа мажот во неа зошто и самата не знае што има во себе, па нормално ако не се цени самата, не знае да го цени ни вниманието од машкиот пол. Значи рецкањето треба внимателно да се дозира, да речеме. Ако збориме за нормални врски и зрели личности, битно е и двајцата да можат да опстанат и сами, но да сакаат, да одбираат секојдневно, да бидат еден со друг. Мислам дека ниедна девојка, колку и да личи така според лигави филмови/книги, не сака да слуша од маж " не можам да живеам без тебе, ти си ми се`", или премногу често "ми недостигаш". Особено не на почеток на врска, кога сето тоа делува фејк. Али по неколку месеци/години врска, жената реално сака многу внимание, и тоа не само преку зборови, туку и дела.
Во врска со типовите што се лигавеле на телефон на своите девојки на 20 и кусур години, тоа е сеуште нормално во тие години (почнувајќи од тинејџерските), да постои голема доза лигавење од двете страни, но тоа не значи ни дека партнерот е "добро момче", ни дека е стварно Љубов. Едноставно така им е интересно и така мислат дека треба младите, и нема ништо лошо во лигавењето. Не знам што сакале да докажат девојките кога ги побарале дечковците на телефон. Се зезнале ако мислеле да покажат колку се "сакани", кога единствено што се дешавало е дека им се лигавеле дечки што се премногу млади за да знаат што е љубов.
И сега да се вратиме на темата, зошто добри или лоши момци. Како што пишав и во претходниот пост, привлечноста кај "лошите" е токму тоа што нема да се променат себе за да се адаптираат на околината, тераат по свое. Тоа често е придружено и со појака самосталност, со имање став за многу работи и со имање свои хобија и интереси. Сето тоа многу го ценат жените. Иначе као "лош" у смисла на навредливо понашање, тоа не проаѓа кај ниедна жена што се цени себеси.