Тоа што Сусаро го зборува е вистина, во друго е проблемот.
На форумов, со исклучок на тетките што ги има во секоја тема и се буквален канцер кој метастазира на форумов, голем дел од членовите не се дел од „просечна раја“ и колку толку се имаат едуцирано, начитано да општат и разглабаат на разни теми, една од придобивки да си на форум е баш тоа, развивање критичко размислување, менување мислења итн.
Бидејќи се мешам секојдневно со огромен број на луѓе, генерално луѓе што ги сметам за „раја“, тоа што го збори Сусаро, не само што е вистина, едноставно е факт. Не сте свесни колку се уште прости, неинформирани и што е најтрагично не ни сакаат да си помогнат на себе и да се модернизираат, се гледаат кроз призма на материјално, финансии, кој што како. Ало, да се потсетиме дека живееме во општество што сеуште смета дека „депресија“ е измислена глупост на глупи американци и не прифаќа како болест, да не тргнувам од триста други поситни и поглупи работи во кои веруваат и се водат.
Токму во ова е и проблемот, што кога Сусаро пишува, ви пренесува баш вакви случки со секојдневни луѓе и вие тоа го сфаќате лично како демек сите ЖЕНИ се такви, јас повеќе би рекол дека жениве на форумов се повеќе исклучок отколку правило. Сум имал неколку искуства со форумџики, некои веќе ЕХ форумџики, небитно ама не сум имал ниедно лошо искуство и секогаш можам да направам паралела и да приметам разлики во општење, комуникација и општо размислување со девојки со кои сум се мафтал од секојдневие и од форумов.