Приметуваш како тука апсолутно сите викаат нешто во стил-Ако е со мене не треба да го интересира минатото, тоа што било поминало, такви работи не се прашуваат и слично. Ниту една не кажа-Јас ако веќе влегувам во озбилни води сакам да влезам со чисти сметки и ќе му одговорам се што го интересира, па ако тоа му одговара супер, ако не, ене му ја вратата.
Темелот на една здрава врска/брак е меѓусебната доверба. А за да имаш доверба, треба да имаш здрава меѓусебна комуникација во однос на СИТЕ прашања, без табуа, без криење, без премолчување.
Луѓето кои имаат здрава комуникација меѓусебе, се соочуваат со сите проблеми и препреки во од. Тие седнуваат да разговаат. Тие се потпираат еден на друг.
Луѓето пак кои немаат доволно комуникација меѓусебе, проблемите и препреките ги туркаат под тепих, со надеж дека ќе се заборави, дека самото ќе се поправи. И тој тепихот еден ден ќе се направи еден балон, кој што ќе експлодира.
Минатото го прави човекот тоа што е денес. Без разлика дали било лошо или добро, тоа се случило и нема назад.
Сметам дека треба да се каже СЕ и да се следи принципот земи или остави.
Трајче ќе и го раскаже своето минато на Трајанка, ако и каже дека бил со 5 жени во неговиот живот, треба ли Трајанка да се сомнева? Или пак треба да му верува? Е тука довербата ја игра клучната улога
Доколку Трајанка ја копа црвот дека Трајче можеби не ја зборува вистината, доколку се сомнева во неговата искреност, тука нема што да бара повеќе. Доколку пак Трајанка ја има целосната доверба во Трајче, онаа доверба која што ја стекнала во него, тогаш таа му верува.
Дали Трајче треба да знае за минатото на Трајанка - ДА
Дали Трајанка треба да знае за минатото на Трајче - ДА
Луѓето преку своите дела, преку своите постапки ја стекнуваат довербата. Крајно скапоцена работа, која тешко се стекнува, а ептен лесно се губи.
Ако веќе двете страни одлучиле да го прифатат тоа минато, темелот е веќе поставен. Минатото се закопува и се оди напред. Во една врска не се копа по минатото секоја кавга, расправија. (Колешка од работа имаше сопруг кој секоја кавга го споменуваше бившиот, секоја седенка од чиста мира, мораше да го извади валканиот веш на маса. Денес е среќно разведена).
Имајте на ум дека една врска/брак, ја градат две личности. Што значи дека двајцата подеднакво треба да вложуваат во таа врска/брак. Доколку во една врска се труди само едниот, тури му пепел. Тука нема нити перспектива, нити иднина.
Што значи, за успех како и за се останато, требаат двајца.