... форум е друго, тука сите сме анонимуси и секој си го замислува форумскиот член,
Сакаш да кажеш дека постигнување некоја блискост може да постои и без физичка привлечност? Да речеме дека карактерните црти, ставовите, интелектот, резонот на размислување, меѓусебниот личен однос и смислата за хумор може да се некоја отскочна даска? Останатото да биде оставено на имагинацијата!
Тоа е исто ко двајца затвореници кога разговараат преку ѕид! Периодично, претпоставувам, е интересно, порано или подоцна, треба да бидат ставени во иста келија. Иако, да, животот е полн со разочарувања.
Генералната перцепција на форумов ми е јасна, наративот го читам и можам да се согласам со по нешто од двете страни, иако, пак, темата можеше слободно да биде заклучена по двата коментари на Анон.
Трендот е во кој се движиме, проследен со мајнсетот, е тој. Стапката на разводи, полека, но сигурно, се движи кон европскиот просек. Така, веројатно, во животот ќе имаш најмалку една релативно долга врска. Дури и ако ти се растури истата, сепак и луѓето се менуваат со времето (да се вратиме на стрипот на Sussaro), но се менуваат и општествените правила и трендови, не треба да очајуваш и да се затвориш во својот свет. Секогаш ќе постои некој кој ќе те сака и некого кого (може да/)ќе сакаш (некој од форумов го напиша ова и си го присвоив).
Модернизацијата, сакале или не, ќе не опфати и нас. Да, конзерва сум.
Најголем мој проблем, во денешницата, ми е односот родители и деца. Кај сум смеел на мајка ми да и преречам нешто! Можеби на моето размислување, расудување и резонирање влијае и фактот дека доста кратко беше дел од мојот живот и дека работите ги гледав од аспект на дете, но она воспитувањето си го сфати доста сериозно. Секоја наредба е заповед. Нема мазење, нема некоја мајчинска љубов. Тоа е свет на робови и робовладетели. Но ако се вратиме на Фројд, детето во отсуство на еден родител, фигурата на другиот ја бара во друга личност. Среќа таа беше полна со љубов и разбирање. Дури и ме размази.
Тоа е елементарната моја психологија и психолошка заднина. Знам дека не треба да им се дава храна на ајкулите, посебно не на тебе, ама сакам да ти ја пуштам јадицата. Да видам колку цврсто ќе загризеш.