Follow along with the video below to see how to install our site as a web app on your home screen.
Забелешка: This feature may not be available in some browsers.
Им било сугерирано добронамерно средбата со еден од многуте скаути на Бешикташ да ја не ја претставуваат како соработка меѓу двата клуба, ама...И јас баш сакав да споделам, пред малку видов..
Зар е множно ова? Да лажат за таква вест, не се ваљда толку аматери.
Захариев со доаѓањето на Бајо е тргнат на страна. Прашање е тоа што го споделувал дали го праи во негово лично име или во име на Вардар.Посетете го и профилот на Захариев, он таму сам си сподели дека случиле некакви соработки и со ФК Војводина. Имаше и слики.
Која црна шминка. Не бладај ајде. А пошто Самсоненко нели многу го сакаше, па го заглави у говна до гуша, и згора на тоа уште му го одзема и просторот во Градски парк. Бидејќи за Вардар дека беше тоа...Да го сакаа овие Вардар ќе го спасуваа додека беше прва лига, цела оваа ситуација е предизборна шминка.
Има. И таму го репарирале теренот, а на Градски не дозволуваат 2 утакмици во викенд. Така да мора Маџари...А може ли некој да објасни зошто побогу уште играме во Маџари???
Ете за утре нема пречки да се игра на ФФМ...
Па цела сезона спијат. Ја една утакмица не ги видов да гризат на терен. Сакаат на рутина да ги добиваат противниците, а очигледно не се баш најумешни у тоа. Добро е бар што победуваат, но ваква неубедлива игра не ветува превише.Колку сме умрени леле мори мајко.
Еден прекрасен еврогол на Шиле за 1-0 и после спиење. Еден играч на Охрид добри директем црвен во прво полувреме откако му направи боречки зафат на Костовски, кој ќе излезеше сам пред гол.
И покрај тоа што имавме играч повеќе, ништо не одигравме, никаква акција. Петковски имаше еден убав удар со глава кој ја цивна стативата. При крајот малку ги потиснавме, ама со лоши крајни проигрувања и лоши шутеви остана 1-0, се' до една ситуација кога топката едвај ја мина линијата, по едно нафрлување. Не видов баш како го дадовме голот. Неколку чисти контри имавме, ги мрзи да трчаат, дремеа во офсајд.
На трибини очекував подобра бројка. Солидно навивање, добро корео и мала брканица со група Рибари кои ни 30 минути не беа на трибина...
Наредната е клучна, гостување во Тетово кај браќата. Нека се погоди времето да направиме инвазија.
Дада ќе го репарирале, мислиш играат Барса-Реал у Тетово, абе се прават за да нема кортео на улиците во Тетово, бедни се!Како може Вардар да игра среда па петок , овие од ФФМ имаат ли памет ?
За да бил демек добар теренот дека Шкендија игра во недела ..хаха ....
Веднаш Вардар да прати писмо дека нема да отпатува во петок , а Тетекс како братски клуб (ради Војводи братски )исто така дека нема да искочат на терен и дека сакаат и они да се игра во сабота .
Пред малце ми пишаа од водството на Комити се бара решение да се игра на друг терен за во саботаДада ќе го репарирале, мислиш играат Барса-Реал у Тетово, абе се прават за да нема кортео на улиците во Тетово, бедни се!
Нека се игра у сабота на АМСМ бар.Па чекајте не може никој да не му наметне на Вардар да игра во петок, а 48 саата претходно да има друг меч!? Ова го нема нигде! Мора да има остра реакција од Вардар на ваквото самоволите чие и да е, дали на ФФМ или некој друг...
П.С. Сега добив инфо од клуб дека денес лом се напраиле со комесарот на натпревари, Игор Франговски и најверојатно ќе се префрли за понеделник. Исто така се сомневаат дека намерно ни се праи ова.