Znaci Dui nisto ne gi kutka, Vmro pre bi go unistil sdsm nego li dui.
Sent from my SM-A217F using Tapatalk
Зошто нивните гласови се комплетно оделени од реалноста. Значи они на парламентарните избори 2020 добиле 104 669 гласа. Сега на сите советнички листи имаа добиено некој 105 000 гласа. Они се единствените од четворката СДС, ДПНЕ, ДУИ, АА кој немаат никаков пад во гласаноста.
Значи за ДУИ не е важно незадоволство, не е важно кадровска политика, внатрешни поделби, квалитетот на против кандидатите и најважно не е важно како се гласало. Они на крајот на денот само си ја пишуваат бројката која им е потребна и тоа е тоа. 14 сограѓани им изгореа во болница во Тетово и они пак отидоа и си ја изгласаа Теута. Јас сум сигурен утре АА, СДС, ДПНЕ и Левица да го подржат на Беса кандидатот за Тетово, они едноставно ќе си го пишат неговиот број на гласови + 5-10% и чао пријатно.Зошто едноставно не им е гајле си прават што сакаат зошто и СДС и ДПНЕ се евнуси.
И вака они прават со секоја опозиција против нив, едноставно ги фаќаат на кондиција. Еве ги АА и Беса веќе спласнаа. Се очекува сега новиот противник со силна реторика исто како Села, Гаши и овој од Беса да се појави да ги маргинализира како они што направија на ДПА и на ПДП и да тргне во нова енергична борба против ДУИ. Која ќе ја изгуби, и потоа ќе биде пак дајте ново дете.
Шансите ДПНЕ, АА + Беса да направат влада се 2% по мене, а тоа па дека Левица ќе биде во истата -100%. Нема шанса ДПНЕ да дозволи некој да отиде против СДС и ДУИ и навистина да им наштети. Тоа се сите браќа близнаци и спаринг партнери. Сега јас сум лошиот ти си добриот, па ај сега јас сум добриот ти си лошиот.