Што мислите за новите станови спроти Шарлота. Дали е се во ред со нив бидејќи мн ефтино ги даваат 820 еур.
https://capitalgroup.mk/nedzviznosti/stan/skopje/za-prodazba/vleznaskopje/
Не знам што мислат луѓево кога викаат у курац има 6км до Холидеј Ин од таму не е дебар маало јбга. Цената е таа бидејќи зградата се градеше со години имаа проблем со премостување на далноводот подземно и примарно е влезот не можеа да го договорат од кај да биде сега е средено ама не е нешто прешироко пак. Второ моментално зградава нема никакво греење односно има парно но не е пуштено бидејќи се бара согласност од 51 % од станарите да се пушти подстаницата за парно греење. Односно кога ќе се продадат 80% од становите мора да се согласат 51% да се вклучи. Зградата е изградена доста квалитетно иако изгледот не е модерен. Нема гипс употребено нигде, фасада 10цм прозори исто има океј. Бев гледав станови таму јас затоа знам како е точно сит. Све се македонци во тој реон на Ченто, негативното е автопатот ама ако земеш стан кој гледа кон Ченто и Камник не верувам да е толкав проблем бучава иако е негативност во цела слика. Ако те интересира дополнително пиши ми пп ќе ти објаснам. Зграда е градена од Гранит.
Моменталната цена за Ченто / Маџари под 950 нема да најдеш стан.
ДДс билдинг комплекс гради кај Млекара бивша е 966 евра м2 - многу солидни материјали можеби едни од првите во ск кој ќе користат камена волна за надворешна изолација , парно железарско исто
Два брата градители - сличен квалитет како ддс со можеби послаба изолација 10цм стиропор. парно железарско
Голден арт гради до оваа зграда за која прашуваш ти е 990 е м2 плус ќе нема парно мулти сплит ситем ќе е .
Има 2-3 згради се градат во Ченто спроти Дане Крапчев 950 беше на дупка сега е 1000