Скопје не е уназадено демографски. Во мојата населба има повеќе деца него ја кога бев основно. Како, зашто не знам ама тие се бројките.
Во внатрешноста е вајда друг муабет. А и не може да се види ефектов од ислениве, кога пак доаѓаат тука често, и они купуваат станови тука наместо таму. Бар овие во европа што се.
Во периферијата е хаос, како пример во основното училиште каде што учев: во моја генерација бевме 5 класови по 26+ деца, а лани беа 2 класови по 16-17 деца.
Населбата е празна веќе, најголем дел се 45+ возраст, другарите и школските најчесто се надвор: Германија, Малта, Чешка, и останатите Скопје, а тоа што е останато во голема мера не се женети и прашање дали некогаш ќе бидат.
Мајстори (водоводџии, паркетари, електричари...) нема за лек, а и тоа што е останато за помали работи не доаѓаат, или и да дојдат се со две леви.