Мапет Шоу.
Иначе убаво објасни
@Bobi FCB за Цанде. Младите, поготово маалски луѓе кои се дел од Family, ќе гласаат (веројатно) за него, а меѓу нив има многу повеќе од 200 души. И тоа не дека се симпатизери на СДСМ, туку повеќе некое другарство/познанство/МЗТ. Плус, роднините негови се во Аеродром подолго време, па го знаат повеќе.
Двајцата ми се безвезе кандидати - театар комедија. Тимчо е толку дромец, колку некој од Скопје што е охриѓанец што секое лето е во Охрид на 2 недели. Богоев vol. 2.0 општо гледано, ама од ВМРО. Крш избор за градоначалник, а можеа многу подобро. А Цанде не верувам дека би се покажал како добар градоначалник (веројатно МЗТ би се појачал и тоа би било тоа од него). Башка изгубен делува и гледам сите се мајтапат со него. Мислам дека сепак тој ќе беше подобар избор од Марин во 2017. Марин испадна крш, исто како залижаниот пред него.
Останатите кандидати се подобри иако не нешто многу уверливи. И би за останативе, само не за овие двајца од Мапет Шоу. Билјана барем кажа за делот кај бившите бараки каде што апла се гради, па може да се скока од тераса на тераса во друга зграда. Весна убаво им го плесна на двете партии за истите луѓе кои повторно се ставаат на листа на советници кај двете партии.