Анкета: Локални избори 2021 (кандидати, активности и кампањи)

II фаза: За кого ќе гласате на локални избори 2021?

  • СДСМ

    Гласови: 17 7,2%
  • ВМРО-ДПМНЕ

    Гласови: 65 27,4%
  • ЛЕВИЦА

    Гласови: 108 45,6%
  • ДУИ

    Гласови: 6 2,5%
  • АЛИЈАНСА НА АЛБАНЦИТЕ

    Гласови: 2 0,8%
  • БЕСА

    Гласови: 2 0,8%
  • ДПА

    Гласови: 1 0,4%
  • Друга партија (ќе пишам за која)

    Гласови: 13 5,5%
  • Независен кандидат (ќе пишам за кого)

    Гласови: 23 9,7%

  • Вкупно гласачи
    237
  • Гласањето е завршено на .
Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
10 септември 2016
Мислења
8.965
Поени од реакции
17.786
СДСМ никогаш не биле појаки во Штип и Пробиштип, така што тие две општини се речиси сигурни за СДСМ.

За Неготино пред 2 години кога бев вклучен во едно истражување за таа општина, тој градоначалник имаше прилично висок approval rating, така што би ме изненадило да не добие втор мандат.

За Куманово можам да пишувам есеи и есеи за кандидатите, но со оглед на тоа што зборуваме нели за предвидувања, единствено сигурно е дека од големата тројка Шанац нема да победи, но можно е да се пласира во втор круг.

Исто и Бутел пред 2 години градоначалникот имаше солиден approval rating (нешто понизок од оној на Неготино). А актуелниот кандидат на ВМРО е истиот оној пред 4 години.
Во Штип за три дена Македонците масовно ќе го дадат гласот за Иван, сета таа ароганција и пред се "кап грос" (учете влашки јебига :D ) однесување народот го виде и како и секогаш во Македонија ќе се гласа против а не за. Пред некој ден си дојдов во Македонија и баш вчера падна овој муабет, деца по 20 години што не се разбираат во политика ќе гласаат за Иван затоа што Сашко и токмакот министерот што стана се градоначалници само на Циганите во Штип а не на Македонците, така да мора да следи казна за тоа.

Ама сепак да почекаме, со лопови не се знае никогаш.
 
Член од
11 август 2017
Мислења
421
Поени од реакции
342
СДСМ никогаш не биле појаки во Штип и Пробиштип, така што тие две општини се речиси сигурни за СДСМ.

За Неготино пред 2 години кога бев вклучен во едно истражување за таа општина, тој градоначалник имаше прилично висок approval rating, така што би ме изненадило да не добие втор мандат.

За Куманово можам да пишувам есеи и есеи за кандидатите, но со оглед на тоа што зборуваме нели за предвидувања, единствено сигурно е дека од големата тројка Шанац нема да победи, но можно е да се пласира во втор круг.

Исто и Бутел пред 2 години градоначалникот имаше солиден approval rating (нешто понизок од оној на Неготино). А актуелниот кандидат на ВМРО е истиот оној пред 4 години.
Колку гласови според тебе ќе освои Теа во Куманово?
 
Член од
1 јули 2020
Мислења
1.665
Поени од реакции
7.575
Орце и Диме се убедливо најјаките кандидати кои ДПМНЕ ги извади на овие избори плус Митко Јанчев , бев некако убеден дека тие две општини нема како да им избегат , арно ама баш пишав и со некој што живеат во општината и истото ми го напишаа горе-доле и искрено сум изненаден, ова е последна шанса пред конечна албанизација на Бутел да стане втора албанска општина во самиот град како што овие шиткале како што шиткале се државно на нив.

За Орце и Диме знам дека се пред се челични дечки искалени на политичката улица , башка што за Орце знам од прва рака во Струмица се покажа и докажа ама не се тие работи за форуми.

Аеродром според моиве пријатели аеродромци ќе решавале Лисичани, ако процентот е таму голем тепа Тимчо, ако е мал најверојатно ќе тепа Цанде, иако не се многу воодушевени од него како што се пупма фама по одредени фб страници.
Не разбирам од каде се муабетиве со Цанде, освен од ДПНЕ ако не си ги пуштаат свесно за да им излезе членството да им гласа и да гласа и за град Скопје. На Цанде му виси на конец воопшто во втор круг дали ќе влезе не па да тепал.
 
Член од
1 јули 2020
Мислења
1.665
Поени од реакции
7.575
Не знам зошто мислите Бутел дека ќе е СДС. Гледам резултати лани ВМРО тепал со 1500 гласа, а ДУИ и АА се изедначени по гласови и сите да излезат од ДУИ да гласаат за црпковци, а пола од АА да гласаат за ВМРО, пак се у предност. Плус Левица имале 700-800гласа кои никако нема да бидат за СДС, ако излезат да гласаат.

Освен Центар ништо друго нема да добијат во Скопје СДС
Струмица и Паланка им се сигурни плус уште 4-5 општини од истокот ништо друго. Евентуално уште Битола да ја земат во втор круг. Потоп ги чека Велес, Прилеп, Кавадарци и општо во тиквешијата.
И јас не го разбирам ова, На СДС Карпош му е комплетно расклатен и ако Стевче влезе во втор круг, СДС нема што да бараат, во Центар ако влезе кој било кандидат освен Котлар и Центар ќе го изгубат. Тука гледам типови Цанде ќе тепал во Аеродром и СДС ќе го земеле Ѓорче во прв круг. :pos:

Они во 2017 кога имаа 99.9% контрола врз државата и комплетна надворешна подршка, ги земаа барем пола од општиниве со 1-2%. Не па денеска. Какво Ѓорче, каков Бутел и какви црни поткупи за во втор круг. Освен со ДУИ не можат со никој друг за ништо да се договорат.

Да да пошто северофирмците се познати по рационално расудување, анализирање на дебатите и политичките програми. Плус треба да имаат и меморија малку поголема од памтење една недела претходно за да сфатат кој ги прави магариња. Никако не одлучува 300 евра плата во клати-врата системот, тендерче и тие таквите работи. Во Струмица па може и да се каже во Паланка буквално магаре да кандитираат комуњарите ќе победи. Во Струмица и кандитираа магаре.

Меркел да дојде и да биде кандидат против Костадинов во Струмица ќе изгуби. И милион реални проекти да им вети и да се чека само нејзина победа за да се реализираат пак нема да победи.
Дали тоа значи дека треба да си стави крај на кариера Меркел?
Дали споредуваш град како Струмица кој е комплетно заробен од мафијашки структури со Аеродром, Центар и Карпош? Мислам сега да не влегуваме во небулози. Цанде 8000 гласови ако освои во недела, тоа за него би било надмашување на сите очекувања. Каква црна победа.
 
Последно уредено:
Член од
19 ноември 2020
Мислења
2.524
Поени од реакции
9.405
Да, ако е толку луда Меркел да трча против Констадинов во Струмица во овој политички контекст, треба да си стави крај на кариерата. Е сега, Тимчо и тие околу него не се политички неписмени. Мислам дека му е фино одмерено кај оди.
Сега тоа е друга тема за дискусија и секако нема теоретска шанса такво нешто да си дозволи.
Тимчо се надевам дека си има пресметано. Огромен кеш се фрла моментално од страна на комуњарите.
Им треба победа и ко претходните избори чекеа да победат и да го "договорат" договорот со Грција така да сега ако народов одлучи пак да ги гласа нека си тераат со нив и со новиот анекс договор со Бугарија и нека си бидат бугаромакедонци.
 
Член од
1 јули 2020
Мислења
1.665
Поени од реакции
7.575
Цанде е малски дечко, долго време во ФА, а и финансиски им помагал на МЗТ, ќе собере доста гласови во урбаните делови.

Ако гласаат лисичани би требало да тепа Тимчо, ако не ќе биде доста тесно.

Тимчо на дебатата на Телма остави одличен впечаток, од друга страна на дебатата на Канал 5 не баш, доста работи од ракав истресе, како 100 000 м2 зеленило и не знам колку нови паркинг места, нешта што не можат да се направат.
Денеска гледам Тимчо не е ниту на дебатата на 24 вести, си пиел кафе некаде момакот, минус е тоа.

Мислев дека ќе се прошета Тимчо, поготово после пустошот на Марин, но нема да ме чуди и ако биде тесно.
Каков црн маалски дечко бе,единствената поврзаност Цанде што ја има со маалски живот е што во моментов ги спонзорираат сите наркомани по маалата веќе 2-3 недели. Маалски човек бил Цанде :pos: , син на пратеник, милионер живее на Водно последните 10 години.
 
Член од
19 ноември 2020
Мислења
2.524
Поени од реакции
9.405
Дали споредуваш град како Струмица кој е комплетно заробен од мафијашки структури со Аеродром, Центар и Карпош? Мислам сега да не влегуваме во небулози. Цанде 8000 гласови ако освои во недела, тоа за него би било надмашување на сите очекувања. Каква црна победа.
Споредувам град кој е заробен од мафијашки структури со урабните, нашетани, бањати интелектуалци од Центар и Карпош кои го донесоа на власт и минатата година и го одржаа на власт. Незнаеш кое е потрагично, дали овие од Струмица или овие што мислат дека се авангарда што уште мислат дека небњатата раја ги само кочи, а тие со сите маки пробуваат да ја оправат Македонија.
 
Член од
1 јули 2020
Мислења
1.665
Поени од реакции
7.575
Споредувам град кој е заробен од мафијашки структури со урабните, нашетани, бањати интелектуалци од Центар и Карпош кои го донесоа на власт и минатата година и го одржаа на власт. Незнаеш кое е потрагично, дали овие од Струмица или овие што мислат дека се авангарда што уште мислат дека небњатата раја ги само кочи, а тие со сите маки пробуваат да ја оправат Македонија.
Само да ти дадам малку статистика ова е од парламентарните избори минатата година:

Карпош:
  1. СДС 13 000
  2. ДПНЕ 10 200
  3. Левица 2 700
Разлика ДПНЕ- СДС, 2800 гласа, разлика Влада-Опозиција 100 гласа. А ова е од пред една година.

Центар:
  1. СДС 11 500
  2. ДПНЕ 7 100
  3. Левица 2 000
Разлика Влада - Опозиција 2400 гласа.

Е сега ситуацијата и во Карпош и во Центар е комплетно сменета каде што СДС ги изгуби и гласовите од ЛДП ( некој 500-800 гласови по општина) , плус гласовите од невладините и скоро сите гласови од неутралците. Од друга страна Левица се појача и во двете општини, а Стевче во Карпош сепак им краде некој % зошто е поранешен нивен човек. Во Карпош немале ваква катастрофална ситуација во последните 30 години.

Во Центар ако влезе на Левица кандидатот во втор круг, СДС губат во втор круг 90%. Истото би важело и за кандидатот на Твоја али реално шансите му се скоро никакви.

Видете им ги кандидатите на секоја дебата, буквално сите против кандидати како хиени им се пуштаат. Пријател немаат никаде зошто мислеа дека ДУИ ќе им ги реши сите проблеми.
 
Последно уредено:

STEALTH

God is a DJ
Член од
25 ноември 2011
Мислења
10.627
Поени од реакции
14.403
СДСМ никогаш не биле појаки во Штип
Ова не е вистина, дури напротив.
Поплава ќе им се деси во недела во Штип.

Штабот на ВМРО не бил волку активен и кога беа на власт. Мирисаат крв, што е очекувано.
 
mickey mouse

Багабонти
Член од
5 септември 2011
Мислења
992
Поени од реакции
2.765
СДСМ никогаш не биле појаки во Штип и Пробиштип, така што тие две општини се речиси сигурни за СДСМ.

За Неготино пред 2 години кога бев вклучен во едно истражување за таа општина, тој градоначалник имаше прилично висок approval rating, така што би ме изненадило да не добие втор мандат.

За Куманово можам да пишувам есеи и есеи за кандидатите, но со оглед на тоа што зборуваме нели за предвидувања, единствено сигурно е дека од големата тројка Шанац нема да победи, но можно е да се пласира во втор круг.

Исто и Бутел пред 2 години градоначалникот имаше солиден approval rating (нешто понизок од оној на Неготино). А актуелниот кандидат на ВМРО е истиот оној пред 4 години.
4 години во Пробиштип сдс не мрдна со прст ништо не направи во што заклучи дека е нај јак ви Пробиштип?
 
Борат

Сагдиев
Член од
22 јули 2019
Мислења
1.129
Поени од реакции
453
Шо знам некако не ме фаќа умот како си замислувате народот кога има трета опција како Левица зошто би гласал за вмро или сдс. Али вие си знаете, може сте влезени и вие со нив во амбисот.
 
Член од
8 јануари 2013
Мислења
5.056
Поени од реакции
12.937
Ја гледав емисијата со кандидатите за градоначалници на Скопје и најискрено никој не ми остави посебно добар впечаток, Данела можеби најдобро и најпретставително се држеше. Камиказа со секое појавување се повеќе разочарува, ниту речникот му е на место, ниту решенијата му се од суштински карактер, не може да се фатиш за Вц што нема на кеј (што е проблем на место), а да не се фатиш дека реката Вардар треба да се прочисти и дека никој нема муда да забрани нејзино загадување пошто на сите им иде во прилог процент да си се лапа и да не се нарушуваат односи со “големците“. Трчаш и проблем е твоето гомно, а не е проблем што гомната од цела нација пливат покрај тебе секојдневно дур трчаш. И тотално непотребен му беше муабетот за кој од кого од опозициските партии крадел и препишувал идеи, алоооо тоа ли е најголем проблем. Го познавам човекот, супер коректно човече, одличен спортист, ама лош кандидат за градоначалник, нема лутиш. Патем, Левица има двајца одлични кандидати, за Центар и за Карпош (тој за Центар ми остави подобар впечаток за малку), ама било кој од овие двајца да го ставеа за Скопје, резултатот ќе беше идентичен и немаше да ја смени финалната слика, така да не им е нешто изгубено битно тука. Едноставно нема толку освестена раја, нема толку медиумски простор да се пенетрира, нема толкаво лоби, нема толку уши отворени што би ги чуле сите идеи на тој добар кандидат, уште 60% од гласачите се гласачи што мораат да гласаат да не ги шутнат од работното место во државни фирми или како обезбедување и тоа е реалната слика. И ова што го прави Левица стварно не е лесна работа, секоја нивна одлука СЕКОГАШ наидува на критика од некоја страна, еве последно знам за Данела кога искритикуваа зошто користи медиумски простор на Вмро кога е независен, им се ставија дека услуга на Сдсм правеле им помагале итн, ако премолчеле ќе објавеше некој отпосле и ќе пишеа “Тоа што Левица најгласните молчеа јасно кажува чива партија е“, така да луѓево да не си им во кожа, како ја водат биткава секоја чест, маратон трчање со шајки на асфалтот е ова, се надевам дека ќе стигнат до целта. Знам дека не можат да постигнат ниту временски, а ниту имаат ресурси со луѓе да ги покријат сите проблеми и да искритикуваат секаде, па секогаш ќе се најде некој што ќе каже “А еве тука Левица молчат“, ама во мака се познаваат јунаците. :)
 
Борат

Сагдиев
Член од
22 јули 2019
Мислења
1.129
Поени од реакции
453
Камиказа може не е слаткоречив како што сте навикнале да ги слушате подготвените презентации на другите, НО... Камиказа има нешто што го одликува а тоа е да препознае и да знае и да види и да слушне па да сработи. Не треба градоначалникот да се фали самиот себе. треба другите да зборат за него макар и по лошо.

Друго, Аеродром е жива мизерија со вмро и сдс кандидативе.
Тимчо дете на 21 век кое одело со платата од собрание на часови по говор а благе везе нема како се садат пиперки и кој треба да ги купи а кој да ги јаде.
Овој од сдс не знае ниту да збори.
Кандидатката на Левица излезе со конкретни решенија пред двајцата и цело време ги коментираа нејзините решенија, нејзините.

Жално е шо за шаку долара ви се купени гласовите и кандидатите што вредат не успеавте да ги препознаете.
Мора да биде урнат образовниот систем во нашата држава, за да образованиетоне е привилегија само на богатите.
 
Член од
24 март 2010
Мислења
15.159
Поени од реакции
25.657

Абе ова ти е говор за во недела вечер, кога ќе се обзнанат резултатите. Не се откажувајте пред време.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom