Македонија ќе игра против Полска и Грција, првото место води на ЕХФ Еуро во 2022 година! - 24 РАКОМЕТ (24rakomet.mk)
Да се надеваме дека срањево со вирусов ќе се среди и навивачите ќе се вратат на трибини до август, итекако ќе им е потребна подршка на шампионатов на 2002 генерација, многу битно ќе е ако го освоиме тоа прво место.
Естонија откажале во нашава група, сега играме само против Грција и Полска (нормално после вкрстуваме со другата група), од циганиве пред 2 год загубивме убедливо на тој турнирот во Коридалос, додека со младинската репрезентација на Полска воопшто несум запознаен, но сигурно тие имаат квалитет.
Што е добро и ние не сме лоши
![Зелен :D :D](/styles/default/xenforo/smilies/biggrin.png)
За мене 2002 генерација е убедливо најталентирана после 1996 (а можеби и поталентирана и од таа 1996), имаме доста талентирани играчи кој играат квалитетни натпревари во Суперлига - Емилијан Ѓорговски, Марко Митев, Марко Стојкович, Димовски, Савревски, Бојан Спасовски, Божидар Илиевски, па новите откритија за мене браќата Атанасијевиќ, абе јас овие цело време сум ги мислел дека Босанци се
![Пукам од смеа! :pos: :pos:](/styles/default/xenforo/emot/pos.gif)
гледајќи како навистина делат од останатите "македонски " играчи во Пелистер 2, потајно се надевав дека ај можда ќе ги натурализираме, а тие Македонци да ти биле
Е сега ќе видиме како ќе се вклопат заедно, 2002 генерација од турнирот во Коридалос немаат утакмица изиграно заедно, мора да закажат пријателски или да учествуваат на некој мини-турнир да се воиграат малце пред шампионатов.