Млади надежи на македонскиот ракомет?

Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.433
Поени од реакции
68.569
Колкави таленти се овие што ги зборуваме на темава, ако не успеаа да изборат плејоф (со КЛ) во оваа боранија лига?
Еден Ончев се врати во лигава и направи дар-мар, чисто за доказ колкав е квалитетот на лигата, па не може толку лесно да се носат заклучоци за квалитетот на младите.
 
Член од
17 август 2014
Мислења
3.578
Поени од реакции
5.480

Вреди да се спомни дека КЛ7 Имаа проблем со повредени играчи, последните утакмици ги играја воглавно со 8-9 играчи во ротација, пример кај Струга на гости кога го имаа (моментално повредениот Ѓоргиев) извадоја реми, а дома (без него) загубија, гости кај Јуниор беа и без Петковски (незнам зошто) така да им фалеше малку среќа за во плеј оф јбг, ама сепак позитивно е шо имаа вистина добри игри против квалитетни екипи (Тинекс Пролет, Охрид) и малце разочарувачки пораз против Јуниор (ама овие се сељачана екипа за во прва лига, многу грубо и прљаво играат ги осакатија дома..)

Далеку од то дека имаат таленти Ала Сагосен во КЛ7, барем јас во првенствово никогаш не сум видел вака млада екипа со 3 играчи по 17 години во прв состав да игра волку зрело, сепак физички сеуште се ситни и инфериорни против 80% од противниците во лигава и сеуште се далеку од нивниот максимален капацитет и затоа најмногу гости ги губат утакмиците.

Како шо рече @Xsago да се надеваме дека во овие дечки ќе ги имаме новите Филип Миркуловски или Наумче Мојсовски, ако излези некоја суперзвезда како Кирил Лазаров топ, но засега тие се дечките, добро е шо уште на рани години играат со колку толку сериозни екипи (барем доволно сериозни во овај период од нивниот развој), пример ако напреме споредба со Филип Миркуловски, тој до својата 20та година играше во младинска лига, на 21 год грееше клупа во Металург па следна сезона играше во Младост Богданци (22 години Суперлига) па за на крај да се врати назад во Металург и да почни да игра веќе стандардно на 23 години во наша суперлига, а сепак ко ќе видиме израсна во најдобриот среден бек кој сме го имале.

Во Македонија е правило да касно созреваат нашите играчи, ПОСЕБНО физички, и во ракомет исто секогаш покасно созреваат играчите на пример во споредба со фудбал, Сагосен, Билик, Мартинович се исклучоци а не правило, генетски предизпозиции немаме како Црно Горците или Хрватите јбг и затоа е добро уште од рани години да се форсираат млади екипи во Супер Лига, па МАКАР и губеле по 20 разлика, само преку тешки утакмици се станвит играч, а не во младинска лига како шо досеа беше случај, па затоа ево и на шо дереџе сме во сениорска репрезентација.

Добро е шо во овие 2002,2003та генерации има реално материјал за работа, посебно кај дечкиве во КЛ7, потенцијал има кај Ѓорговски, Илиевски, Петковски, Димовски, 2 Метра високиот Пикер 17 годишниот Марко Стојкович кој воглавно цела сезона играше стандардно во одбрана и тоа доста добро, Симоновски во напад си гази,само физички ќе треба да поработи, Ѓоргиев е исто позитивно изненадување, имаме и други млади играчи во други клубови кој треба да се пратат во следниов период ево ке ги спомнам Охрид, Бутел, РК Скопје.. така да добро е шо имаме појќе играчи на квантитет во споредба со некој претходни генерации, пример јас кај играчите на РК Работнички (ЕКС Вардар Јуниор) во никој не гледам потенцијал за нешто појќе од Супер Лигашки играч, максимум ево Романска лига нека е, ко ќе во клучниот развој играш игри Дота 2 наместо да се посветиш максимално на тренинзи тоа ќе ти е резултатот (да не спомнувам имиња сеа), да се надеваме дека нема и кај другиве тоа да биде судбина..

ДАЛИ имаме генерација која ветува медал кога ќе дојди нивно време во сениори? Тешко.. (кога не освојавме буквално шо се вика на домашен терен во Србија медал, мислам дека и тешко дека во следни 5-8 години ќе имаме таква шанса ко таа во 2012) појќе личи на генерација која ќе е на ранг од 6 до 15 место во европа (шо не е лошо кога во последно сите земји вложват во ракомет и конкуренцијата е поголема од порано), добар тест ќе е шампионатот во Скопје против нивни врсници од други земји па ќе видиме како ќе парираат, јас за оваа 2002/2003 генерација сум појќе оптимист од претходните 2000та, 1998.. можда се тука некаде со 1996та во талент, (генерација која реално разочара 96тава после таков резултат на СП во Алжир)..ќе видиме времето ке покаже, сепак е ова само мое мислење базирано на површинско пратејне преку воглавно утакмици од наша лига и некој меѓународни првенства и турнири.

+ Обично појќе глеам оптимистички на работиве :D, па за по објективна анализа може @Chronysync и @Xsago да напишат доколку сакаат.
 
Член од
28 јануари 2018
Мислења
1.701
Поени од реакции
5.620
Ракометов е малку поразличен од останативе спортови,тука за да успееш тука многу побитно е да имаш мотивација,желба,дрскост,храброст,муда отколку да имаш талент и да тренираш,посебно во Македонија каде што притисокот е огромен кога ќе почнеш да играш за репрезентација.

Чист пример за ова е Столе Стоилов,почна да тренира ракомет на 18 години,до 24-25 години никој не го сметаше за сериозен играч,за него никој неможе да ме убеди дека имал некој талент за ракомет или се утепал од тренирање во сала,само ги имаше особините што ги набројав погоре и израсна во најдобар пикер што сме го имале некогаш.

Од друга страна го имаме Талески,што цел живот тренира ракомет,многу поголен потенцијал и талент има од Столе ама затоа кога ќе излезе на утакмица се плаши да се крене на шут.
Уште на 17 години играше подобро отколку сега,дури би рекол не сме имале играч што на тие години имал таков квалитет,само кога дојде во репрезентација притисок го уби едноставно,истово се случи и со Кузмановски.
Џабе да имаш талент ако ти паѓа топката од страв кога ќе дојдеш на натпревар.

За децава што сте ги набројале погоре ќе видиме што материјал се кога ќе стигнат до сериозен сениорски ракомет,ги имам гледано сите,имаат потенцијал само ќе видиме што ќе биде од нив и како ќе го издржуваат притисокот.
 
Член од
12 јануари 2015
Мислења
2.168
Поени од реакции
3.447

Столе е еден од ретките спортисти, што има спортска/играчка интелигенција, нешто како Лазаров, Чупиќ и на слични на нив. Покрај тоа што има храброст, инат и мотивација да успее во нешто до крај, го има и овој фактор на своја страна, нешто што за жал Талески го нема.

Не знам дали може да се научи некаде тоа, или со тоа се раѓаш, во било кој спорт зборам, не само за ракомет. Едноставно да ти текне предвреме каков пас да дадеш, кај да му ја протнеш на голманот, да не очекува.. Тоа е голем плус за еден човек :)
 
Член од
30 мај 2019
Мислења
1.853
Поени од реакции
3.320
Интересно е на 24ракомет во инфо за националност кај Стефан Додиќ стои дека има Македонска националност, додека пример кај Младенович има и Македонска и Српска националност, случајност или ? :rolleyes: Да се надеваме дека ќе се остварат шпекулациите и ќе прифати да игра за нас.
Додиќ се најде на поширокиот список на Србија..
 
Член од
25 декември 2019
Мислења
1.741
Поени од реакции
2.665
Интересно е на 24ракомет во инфо за националност кај Стефан Додиќ стои дека има Македонска националност, додека пример кај Младенович има и Македонска и Српска националност, случајност или ? :rolleyes: Да се надеваме дека ќе се остварат шпекулациите и ќе прифати да игра за нас.
Sepak Mladenovic se najde na posirokiot spisok na repkata, a Dodic ne. :(
 
Член од
17 август 2014
Мислења
3.578
Поени од реакции
5.480
Член од
5 април 2013
Мислења
3.311
Поени од реакции
6.533
Последните месеци малку бев аут од форумот, па не сум ве читал на темава.

И мене ми се допаѓа целиот КЛ7 проект (барем досега, ќе видиме што се дешава со играчите и екипата по вестите од изминатите недели), пред се од аспект дека такви деца/играчи треба да играат во суперлига. Проблемот повеќе би рекол е што најголем дел од талентите се во една екипа (со неколку исклучоци). Отсекогаш тоа сме го правеле, порано било Металург, Вардар, Пелистер... Многу поздраво е да има по 2-3 во секоја екипа, за сите да имаат добри шанси за напредок. Прилеп и Струга исто се добри места за развој според мене, па и Еурофарм Пелистер 2. Има и таму некои млади играчи, ама се со неколку исклучоци од понизок профил (макар што никогаш не се знае кој како ќе напредува). Штета е што не влезе КЛ7 во плејоф, блиску беа, ќе имаше добри моменти за анализа. Во секој случај битно е да опстанат во лигата од идната сезона суперлигата мислам дека ќе биде добро место за развој и евалуација на можности на играчи.

Во секој случај, има млади играчи со талент и по други екипи, не дека се само овие. Суштински според мене е играчите да сфатат дека е подобро прва постава во на пример, Струга или Прилеп, отколку 3 постава во Вардар или во Пелистер. Барем до 23-24 години.

Генерално, мене ми личи дека за талентираните 15-17 годишни играчи е соодветна првата лига, а за 18-23 суперлигата. Доволно се квалитетни лигите за соодветен развој на овие играчи. Штом стигнат до 23-24 години, најдобрите можат да си бараат место во некоја од најјаките лиги (или евентуално Вардар/Пелистер зависно од амбициите), тие веднаш зад нив можеби да пробаат да заработат во лиги од типот на романската, австриската, швајцарската... А останатите да остануваат во суперлигата/првата лига за да го креваат квалитетот на самата лига. На позрела возраст некои од солидните но неелитни играчи не е лошо да си ја пробаат среќата и во некоја послаба лига (Израел, Турција, Финска, Италија и сл.) каде би носеле екстра квалитет, а тоа добро да си го наплатат.

Ова ми се чини е некој рецепт за и да развиваме добри ракометари и постоечките да си заработат доволно за да се исплаќа да се биде ракометар.

П.С. @Vardarecc Не ги знам баш од 2004, кога ќе имам можност да изгледам нешто ќе коментираме и за нив. Млади се реално доста тие...
 
Член од
25 декември 2019
Мислења
1.741
Поени од реакции
2.665

Odlicen gol na ova mlado dete Aleksandar Petkovski, ima 16 godini i mnogu go forsiraat vo prviot tim.
Vetuva kako golem potencijal ili?
 
Член од
17 август 2014
Мислења
3.578
Поени од реакции
5.480

Odlicen gol na ova mlado dete Aleksandar Petkovski, ima 16 godini i mnogu go forsiraat vo prviot tim.
Vetuva kako golem potencijal ili?
Интересен играч, на последните утакмици во суперлигата доби шанса и изигра доста солидно за Металург, со оглед на то шо само тој е повикан од кадетите на Металург, веројатно има талент, иначе пред да го постигни голов баш Димитриовски на тајмаутот му рече сакам акција за тебе и удар од мртов агол. :)
Автоматски споено мислење:

Иначе Додич доста незаинтересирано и незахвално делуваше, Дупјанчанец на крајот на првото полувреме готов беше да му ја залепи една..од 14-15 години го форсираат, во никој друг клуб ваква минутажа немаше да добие, за 17 годишен ракометар е неприфатливо таков однос спрема тренер и повозрасни играчи.
Нека го трампаат во Вардар со Талески, и најдобро Металург да го земе Митев од Бутел, пошто нели тие мислат за иднината на македонскиот ракомет, еве им шанса да направат македонска бековска тројка.
 
Последно уредено:

Metalurg nema nikakva nasoka, pred pocetokot na sezonata pravat ekipa, nosat nekoi kvalitetni iminja, uspevaat so mladite igraci koi im se na lager niz skolite da sostavat kolku tolku dobra ekipa, ama nemozat nitu pocetokot na sezonata da go isteraat bez problemi, sezonata nepocnata a ovie veke im frncat otkazi na igracite, go dopiraat dnoto, se ostavaat samo so 7 igraci, iskreno samo gi macat igracite po tie kupovi, strasno losa politika na klubot, uzas, dno...
A imaat mladi igraci, imaat prostor za napredok ama toa e...
 
Ама рачунај без тие постари странски играчи немаше да се пласираат во европската лига каде што е добро за играчи како Серафимов да играат квалитетни утакмици.
Јас мислам дека подобро испадна за нив шо се откажаја од странските играчи уште на полусезона, отколку да ја доиграја сезонава до крај со нив, ниту ќе имаа шанси во Суперлигава покрај Вардар и Пелистер, ниту ќе оствареа некој резултат во Лига Европа, а странските играчи за џабе ќе им го цицаја и онака малиот буџет, а и воедно ќе ја трошеа минутажата на македонските играчи во преостанатиот дел од сезоната.
Ако Момир Рниќ е со ниски примиња, неговото задржување во клубот е океј според мене, иако неговиот придонес е скромен, сепак во неговиот прајм беше страшен играч и помладите играчи има што да научат од него..
 
Не само што ништо плус немаше да направат со странците од кои се откажаа туку и мислам дека има шанси и појаки да се пролетва од есента, доколку нема нови заминувања.

Таман клуб за Серафимов, Лазаревски, Митиќ и Тодевски е Металург (само овој последниот треба конечно да игра, нема никаква минутажа).
 
Член од
4 март 2017
Мислења
2.054
Поени од реакции
5.549

Во Македонија, салите што имаат греење во кои може да се играат натпревари според системот на РФМ се бројат на прсти. За што зборуваме ние тука, со кого треба да се „мериме“ и кого треба да победиме. Ако ракометот е спорт број еден во државата, Агенцијата за млади и спорт (читај државата) МОРА да направи план и да ги реновира, надгради и догради веќе постојните сали што имаат димензии 40 на 20 метри, потребни за нормално функционирање и, уште поважно, да лоцира општини или населени места каде што недостигаат спортски објекти и да изгради во најкраток можен рок. Само како пример: Општина Аеродром нема ниту една сала (не сметајќи го СЦ „Јане Сандански“, објект во приватна сопственост со екстремно високи кирии) на своја територија, а има 120.000 жители или „ракометната“ Струга, која нема сала со приближно нормални услови.

Таа трансформација од талентиран јуниор до сениорски играч многу често завршува неуспешно во македонскиот ракомет и е еден од најгорчливите проблеми на нашиот спорт воопшто
.

Многу често во името на нашите млади играчи решаваат недоволно упатени родители, роднини и пријатели или „менаџери“ што од свој личен интерес, во добар дел „испровоцирани“ од финансиските услови што ги нуди клубот во кој треба да се пристапи. Таков беше случајот со Талески, такви случаи има многу и во нашата држава. Ѕвездата водилка за трансфер во друг клуб не секогаш треба да бидат финансиите, туку условите во кои функционира клубот, пред сѐ стручниот кадар, структурата на играчи на клубот, тренажниот процес, инфраструктурата и, секако, политиката на негување МКД-производ. Тоа е многу важна алка и нималку лесна одлука.
Нафрлив само неколку делови од текстот кои вака од "прва" ми фатија око со цел да поттикнам луѓе да го прочитаат. Во текстот има уште еден куп добри поенти и муабети кои ги имаме веќе дискутирано тука, но и такви кои заслужуваат да ги дискутираме во иднина.
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

На врв Bottom