Инстант демант.
Роџерс ионака не е тренер за Њукасл во оваа фаза. Некој како Лампард за нив би бил соодветен сега. Да постави некои темели, да учествува во процесот. Настрана тоа, Лампард би бил полн погодок и од комерцијален аспект за Њукасл и новите контроверзни сопственици.
Човек легенда во Премиер Лига, големо име и икона, би придонел кон омекнување на ставот на најголемиот дел од јавноста кон сопственикот и неговата пасија за сечење мажи на парчиња и фрлање во вреќа.
Е за потоа, доколку станат тоа што се очекува, веројатно би се размислувало за подокажан тренер.