jamajka
mode: Calm
- Член од
- 28 април 2007
- Мислења
- 19.577
- Поени од реакции
- 27.419
Не зборам за цената на струјата туку зборам воопшто за алтернативните извори на енергија.Мислев конкретно за во енергетиката, бидејки тоа ми е струка и не сум сретнал вакво нешто. Сум слушнал за автомобили и други места, можеби таму има примена. 20 години не се многу, во енергетиката споро се воведуваат нови технологии. Ама конкретно за водород, не сум ни слушнал дека се планира. Најново што се имплементира се тие супербатериите на Тесла, ама пак се специфични земји и системи(австралија).
Метанот како гас од отпад се користи, меѓутоа станува збор за мал капацитет. Има окулу 2-3 МВ инсталирано кај нас, со субвенционирана цена од 200 Евра МВХ, што е доста скапо при регуларни цени.
Според мене ова со цената на струјата не е ради обновливите или складот, иако истите имаат удел, туку е ради берзите на струја и гас.
Според мене не секогаш генералното решение е нешто кое ќе ни донесе просперитет, туку можеби серија на мали решенија. Замисли си сите куќи во една држава да се енергетски независни. Или можеби само на ниво на село, град, помал регион и така натака. Не е далеку од вистината дека некој ќе има загуба во профитот и контролата доколку ова се деси. Едно типично село со неколку фарми, може комотно да биде енергетски независно, вклучително тука струја, и гориво за возилата и машините со релативно мала инвестиција. Затоа и се толкави субвенциите во производството на струја, се задржува контролата, за да не се изгуби монополот. Па така на пример ти неможеш да продаваш струја на друг консумер, туку мораш или да ја потрошиш ти, или да ја дадеш на дистрибуција. Така да политичката агенда не е многу далеку од вистината.