Анкета: Локални избори 2021 (кандидати, активности и кампањи)

II фаза: За кого ќе гласате на локални избори 2021?

  • СДСМ

    Гласови: 17 7,2%
  • ВМРО-ДПМНЕ

    Гласови: 65 27,4%
  • ЛЕВИЦА

    Гласови: 108 45,6%
  • ДУИ

    Гласови: 6 2,5%
  • АЛИЈАНСА НА АЛБАНЦИТЕ

    Гласови: 2 0,8%
  • БЕСА

    Гласови: 2 0,8%
  • ДПА

    Гласови: 1 0,4%
  • Друга партија (ќе пишам за која)

    Гласови: 13 5,5%
  • Независен кандидат (ќе пишам за кого)

    Гласови: 23 9,7%

  • Вкупно гласачи
    237
  • Гласањето е завршено на .
Статус
Затворена за нови мислења.

Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
16.238
Поени од реакции
36.513
Не треба ова да е проблем се додека парите се заработени на чесен начин а не преку криминал и крадење на тендери. Треба Левица да намалат малку со тој наратив на глорифицирање сиромаштија и да понудат кадри кои вредат и се потковани па макар и со својот труд да дошле до удобен живот.

На Камиказа голем минус му беше што не го знае барем Президиумот на Левица и првите неколку советници на листа за Скопје. Многу брзо се лути и паѓа на ситни провокации ради што е неискусен. Се гледа дека и не се спремил или барем да ги изгледал последните две три емисии на Ефтов. На крај и добро помина. Мислам дека ако сакаше, Ефтов можеше да го искине како таксист проститутка кај МТВ.

Overall, слаб кандидат и Левица требаше и мораше да најде нешо боље.
Не е проблем за мене и за тебе, ама ако ја земеме во обзир главната таргет група на Левица која сонува за социјална еднаквост, ова е минус.
Според социјалната еднаквост што ја сонуваат и бараат, иако ти ги заработуваш чесно и поштено, ќе треба да бидеш даночен далеку повеќе од останатите.
Односно, нема и ти да возиш велосипед од 2500 евра, туку од 1200 евра, ама и тој што сега не може да купи MAX од 100 евра, тогаш ќе може да купи велосипед од 600 евра.
На крај од месец ако ти заработуваш 1500 евра ќе платиш 25% данок, а тој што заработува 300 евра ќе плати 5% данок, ти пак ќе бидеш побогат од него, ама нема да бидеш ни толку многу богат да си дозволиш 20 пати подобро возило/велосипед/спортска опрема/недвижност и тн.
 
Con Artist

the man with the key
Член од
1 мај 2012
Мислења
5.341
Поени од реакции
21.698
Не е проблем за мене и за тебе, ама ако ја земеме во обзир главната таргет група на Левица која сонува за социјална еднаквост, ова е минус.
Мислам дека многу мал е бројот на членови и симпатизери кои се за Левица од такви идеолошки побуди за социјална еднаквост.

Поголемиот дел од таргет групата се луѓе разочарани од двете најголеми партии, неутралци кои досега или не гласале на избори или гласале за Дарт Вејдер, бивши патористи, патриоти и луѓе кои во Левица гледаат искрена партија која се залага за нивните нелукративни интереси.
 
Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
16.238
Поени од реакции
36.513
Мислам дека многу мал е бројот на членови и симпатизери кои се за Левица од такви идеолошки побуди за социјална еднаквост.

Поголемиот дел од таргет групата се луѓе разочарани од двете најголеми партии, неутралци кои досега или не гласале на избори или гласале за Дарт Вејдер, бивши патористи, патриоти и луѓе кои во Левица гледаат искрена партија која се залага за нивните нелукративни интереси.
Така е, ама и меѓу тие кои на претходни избори оделе да гласаат со неважечко/не гласале, имаш луѓе што се средна класа, која пак ќе биде афектирана доколку се спроведат тие мерки.
Јас пример сум разочаран од претходните партии, не одам на гласање веќе подолго време, ама воопшто не се согласувам со економските и надворешната политика на Левица.
Вакви како мене има еден куп во мојот круг на движење, и веројатно пак никој нема да отиде на гласање.
 
Член од
20 септември 2008
Мислења
12.774
Поени од реакции
9.902
Се мислев вчера да му реплицирам на еден член тука у темава у врска со Камиказа, ама поради недостиг на време не стигнав. Само што успеав да најдам време да реплицирам, одма ми излезе видеото од новото интервју на Ефтов со него. После видеово мислам дека нема потреба да навлагам во подлабоки анализи у врска со кандидатот.

Може да го кењате Ефтов колку сакате у темава, тие од ДПМНЕ викаат дека обработува за СДС, тие од СДС викаат дека обработува за ДПМНЕ, тие од Левица викаат дека обработува и за СДС и за ДПМНЕ. Малку е смешно да тврдиш дека Ефтов обработува за ДПМНЕ кога типот имаше десетина видеа направено у кои што го кењаше Мицковски, и уште толку каде што го кењаше Заев.

За кандидатот нема што повеќе да кажам, обичен егоцентричен шарлантан. Пробуваше да се прикаже како некој кој што учествувал у независноста на Македонија, за на крај Ефтов да му ги скрши заблудите и да признае дека само бил у позадина на оние кои што вистински учествувале у независноста, држејќи гитара во рака.

Да не навлагаме у моабетот за Куба, каде што типот вели дека во Куба било одлично, за на крај да го праша Ефтов дали он бил во Куба и на крај да рече дека видел на филмови како Куба била прекрасна. Нема потреба да навлагам у моабетот за стомачните, нели? :pos:

Обичен кловн, типот потфрли скроз како кандидат, уште од неговото прво појавување у јавност. Подобро Левица да ги кандидираше еден браќата од Пука Козметика од Аеродром за градоначалник на Скопје, ако ништо барем мнозинството од младината се сеќава на нив, типците ги апсеа на протестите за мењавање на името, се трудат и допринесуваат за партијата сигурно повеќе од кловнов, а и се со гаранција големи патриоти.
Аи не го глорифицирај Ефтов како некој репер за новинар,човекот од што сака да искочи интересен забегува у крајни глупости.Почна да се губи да незнае на кај тера,не е тоа што беше пред 7-8 години кога го гледав со задоволство.
А Камиказа сигурно не е најдобриот кандидат,ама какви дегени се кандидирани ,он си е добар
 
Член од
8 јули 2008
Мислења
4.516
Поени од реакции
8.226
Види, не мора ти да се согласуваш со економски или надворешни политики, нити пак со даночната политика. Тоа се поинакви теми. Срам ми е да кажам дека колку сме вукојебина, и тие теми се далеку пред нас во иднината.

Голем дел да, гласаат за нив (Левица) од разочараност (т.н протестирачки глас контра вмро и сдс), но ми се чини дека уште поголем дел гласови добиваат од што се нова енергија на политичката сцена, дечки што немаат дамки како овие, и дечки кои се согласувате вие или не со нивните политики имаат дигнитет и достоинство, за разлика од двете зла кои не рокаат 30 години.

Добиваат гласови од баш тој слој како Камиказа (таа ”висока” средна класа, не конкретно бизнисмени ко овој конкретно јер се тендерски врзани, ама тој е слојот), или еве луѓе што работат приватно и имаат 800+ евра примања. Оние малкуте што гласаат по свое убедување и не се економско-финансиски, тендерски или со вработување врбувани од двете зла. Тие се гласовите на Левица.

Токму даноците и даночната политика, и разно разни државни давачки се најголем проблем во државата - нивното катастрофално прибирање, и уште покатастрофално трошење. Затоа сме дно, меѓу другото.
Јас не би имал проблем да плаќам повисоки даноци, како и сите тука, но доколку секако, истите ефикасно се прибираат од сите граѓани без предрасуди или поволности, и истите се трошат на long term проблеми, разумно и ефикасно, и ќе “хранат” професионална администрација која ќе работи максимално. Боље х2 данок да платам за такви ствари него сегашниов што го давам на “поддршка за Арачиново во справување со Ковид криза”, истото Арачиново што има 0% приход од даноци на имот, или на онаа “Агенција за односи со верски заедници” или “Агенција за политички систем” кои лапаат пари како ненормални а не одат на работа.

Ни јас не се согласувам со многу ствари од нивната програма, со нивното функционирање и битисување и тн и тн. Ама мора да се признае дека барем имаат образ засега, имаат релативна чистина и имаат далеку поквалитетни кадри и деца во споредба со двете зла кои најголем дел се политичари по кариера.
 
Член од
1 декември 2014
Мислења
2.332
Поени од реакции
4.623
Да напраиш Јанчев со три реда школо и тие околу него да изгледаат поубедливо од тебе, мора "талентиран и харизматичен" кандидат да одбереш и за советници. Дали намерно, дали не знам зошто

Ај да видиме дали ми е точен впечатокот нека стои тука. Сдс 6, максимум 7 советници од 19, вмро би рекол 9, Сакалиев барем двајца и можда Левица 1-2
 
Член од
25 јуни 2012
Мислења
2.501
Поени од реакции
2.411
Така е, ама и меѓу тие кои на претходни избори оделе да гласаат со неважечко/не гласале, имаш луѓе што се средна класа, која пак ќе биде афектирана доколку се спроведат тие мерки.
Јас пример сум разочаран од претходните партии, не одам на гласање веќе подолго време, ама воопшто не се согласувам со економските и надворешната политика на Левица.
Вакви како мене има еден куп во мојот круг на движење, и веројатно пак никој нема да отиде на гласање.
Има средна класа во Македонија?
 
J

joli1

Гостин
Аи не го глорифицирај Ефтов како некој репер за новинар,човекот од што сака да искочи интересен забегува у крајни глупости.Почна да се губи да незнае на кај тера,не е тоа што беше пред 7-8 години кога го гледав со задоволство.
А Камиказа сигурно не е најдобриот кандидат,ама какви дегени се кандидирани ,он си е добар
Никаде не го глорифицирав. Ефтов си има одредени мани кои што го прават антипатичен, но за разлика од мнозинството новинари у Македонија, типот е новинариште.

Ако тебе како политичар успее новинар да те испровоцира, да направи да си го покажуваш стомакот у емисија, тогаш не си за политичар, едноставно.

Види, не мора ти да се согласуваш со економски или надворешни политики, нити пак со даночната политика. Тоа се поинакви теми. Срам ми е да кажам дека колку сме вукојебина, и тие теми се далеку пред нас во иднината.

Голем дел да, гласаат за нив (Левица) од разочараност (т.н протестирачки глас контра вмро и сдс), но ми се чини дека уште поголем дел гласови добиваат од што се нова енергија на политичката сцена, дечки што немаат дамки како овие, и дечки кои се согласувате вие или не со нивните политики имаат дигнитет и достоинство, за разлика од двете зла кои не рокаат 30 години.

Добиваат гласови од баш тој слој како Камиказа (таа ”висока” средна класа, не конкретно бизнисмени ко овој конкретно јер се тендерски врзани, ама тој е слојот), или еве луѓе што работат приватно и имаат 800+ евра примања. Оние малкуте што гласаат по свое убедување и не се економско-финансиски, тендерски или со вработување врбувани од двете зла. Тие се гласовите на Левица.

Токму даноците и даночната политика, и разно разни државни давачки се најголем проблем во државата - нивното катастрофално прибирање, и уште покатастрофално трошење. Затоа сме дно, меѓу другото.
Јас не би имал проблем да плаќам повисоки даноци, како и сите тука, но доколку секако, истите ефикасно се прибираат од сите граѓани без предрасуди или поволности, и истите се трошат на long term проблеми, разумно и ефикасно, и ќе “хранат” професионална администрација која ќе работи максимално. Боље х2 данок да платам за такви ствари него сегашниов што го давам на “поддршка за Арачиново во справување со Ковид криза”, истото Арачиново што има 0% приход од даноци на имот, или на онаа “Агенција за односи со верски заедници” или “Агенција за политички систем” кои лапаат пари како ненормални а не одат на работа.

Ни јас не се согласувам со многу ствари од нивната програма, со нивното функционирање и битисување и тн и тн. Ама мора да се признае дека барем имаат образ засега, имаат релативна чистина и имаат далеку поквалитетни кадри и деца во споредба со двете зла кои најголем дел се политичари по кариера.
Како мислиш не мораш да се согласуваш со економските политики, со надворешната политика и со даночната политика на партијата која што ја гласаш? За што тогаш ја гласаш партијата?

Нема никогаш да гласам за политичка партија која што ќе ги зголеми даноците. Немаш никаква гаранција од ниту една партија, вклучувајќи ја и Левица дека тие пари нема да се проневерат, злоупотребат или потрошат на непотребни работи.

Глорифицирање на комунизам, поставување на статуи од Ленин во канцеларии, подржување на терористи по дефиниција, никаква економска политика, итн, итн, се причините поради која што Левица е одбивна на многу луѓе, па и на разочараните.

Според тоа што го видов на ФБ, носителите на советнички листи, кандидатите за градоначалници ништо поразлично не кажаа од нивните противници, целиот моабет е како ќе ги врателе народните пари, како ќе менаџирале правилно со народните пари, но не кажуваат КАКО ќе го сторат тоа. Дури и Интегра, партија која на мнозинството народ им е смешна има вложено повеќе труд во нивната изборна програма, дури имаат направено визуализација за тоа што сакаат они да направат, за разлика од Левица која што се рекламира со тоа што ќе направела паркинг за автомобили, со ТЕНДИ. :pos:
 
Член од
1 април 2018
Мислења
2.118
Поени од реакции
4.119

Иван ѕвер!:bravobe:

Никаде не кажав дека ќе гласам за Левица.
Нити пак дека они се одлична политичка партија. Но, за жал, они се моментално најдобрата (во смисла неизгнасена, неискомпромитирана, па и во поглед на квалитет) опција во државава. Е сега, дали таа опција е до тој степен добра за да ги гласам или не, и дали ги задоволуваат моите стандарди како гласач, е друго прашање.
Јас не реков дека сум слепо за зголемување на даноците, туку "не би имал против да се зголемат/дуплираат даноците, АКО И САМО АКО...". Огромна разлика која си ја испуштил изгледа.

Едноставно не ме интересираат такви детаљи како чив постер имале у канцеларија.
Кој сум ја да зборам што на свои 12 години сум имал постер од Курт Кобејн дома... Најголемиот наркоман во историјата што се има самоубиено. Па тоа не ме прави дека сум и ја таква петарда. Тоа како некој си ја декорира просторијата во која работи или креира, си е негово право.
Уосталом, неаме проблем да гласаме партии чии луѓе кои имаат значки од УЧК или знамиња на туѓи држави во своја канцеларија, ама Ленин бил проблематичен.

Последново, неколку пати сум кажал дека не се занимаваат со конкретни работи него со кликбејт фрази и хаштази и тн. Многу малце конкретно нешто, иако таква е политичката констелација во државава, толку штетни политики се наметнуваат, што нивните пратеници (2ца) мораат да опструираат и да блокираат деструктивни политики на клептомани. Башка што двеве зла имаат тенденција многу такви grasroot идеи или идеи на помали партии бескрупулозно да ги крадат и да ги продадат како свои - има многу примери и за ова.

Млада партија се, нови се, и тоа се детски болести на новоетаблирана партија во втората декада од 21 век. Ова им се први локални избори на ниво на цела држава, и се гледа дека сеуште се неискусни, млади, малце неоптимално организирани и релативно нови во начинот на функционирање на локално ниво и на локални избори.
Уосталом, може да се кладиме дека 90% од програмите на двете зла се прелеваат од едни во други избори со исти ветувања. Едно време беше гасификација, муабетче што и после 4 изборни циклуси уште циркулира како ветување. Денеска тоа е зеленило и зелени политики. Левица немаат многу конкретни понуди, ама барем не се прелеваат истите неостварени од пред 2 изборни циклуси.

Од друга страна, мора да им се признае дека извадија неколку интересни кадри како кандидати за градоначалници. Голема штета е што камиказето им го зазема спотлајтот на квалитетните кадри (пример овој за Центар).

Мислам дека веќе на следните избори, кога ќе имаат внатрепартиска практика на членување во Совети, и ќе имаат претстава како функционираат работите, ќе бидат многу подобри и поасални.
 
Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
16.238
Поени од реакции
36.513
Види, не мора ти да се согласуваш со економски или надворешни политики, нити пак со даночната политика. Тоа се поинакви теми. Срам ми е да кажам дека колку сме вукојебина, и тие теми се далеку пред нас во иднината.

Голем дел да, гласаат за нив (Левица) од разочараност (т.н протестирачки глас контра вмро и сдс), но ми се чини дека уште поголем дел гласови добиваат од што се нова енергија на политичката сцена, дечки што немаат дамки како овие, и дечки кои се согласувате вие или не со нивните политики имаат дигнитет и достоинство, за разлика од двете зла кои не рокаат 30 години.

Добиваат гласови од баш тој слој како Камиказа (таа ”висока” средна класа, не конкретно бизнисмени ко овој конкретно јер се тендерски врзани, ама тој е слојот), или еве луѓе што работат приватно и имаат 800+ евра примања. Оние малкуте што гласаат по свое убедување и не се економско-финансиски, тендерски или со вработување врбувани од двете зла. Тие се гласовите на Левица.

Токму даноците и даночната политика, и разно разни државни давачки се најголем проблем во државата - нивното катастрофално прибирање, и уште покатастрофално трошење. Затоа сме дно, меѓу другото.
Јас не би имал проблем да плаќам повисоки даноци, како и сите тука, но доколку секако, истите ефикасно се прибираат од сите граѓани без предрасуди или поволности, и истите се трошат на long term проблеми, разумно и ефикасно, и ќе “хранат” професионална администрација која ќе работи максимално. Боље х2 данок да платам за такви ствари него сегашниов што го давам на “поддршка за Арачиново во справување со Ковид криза”, истото Арачиново што има 0% приход од даноци на имот, или на онаа “Агенција за односи со верски заедници” или “Агенција за политички систем” кои лапаат пари како ненормални а не одат на работа.

Ни јас не се согласувам со многу ствари од нивната програма, со нивното функционирање и битисување и тн и тн. Ама мора да се признае дека барем имаат образ засега, имаат релативна чистина и имаат далеку поквалитетни кадри и деца во споредба со двете зла кои најголем дел се политичари по кариера.
Цитирај ме ако ти се однесува на мојот коментар :)

Проблемот во Арачиново тешко дека ќе се реши без војска. Ако им ги скратат финансиите кон нивната локална, ќе ја направат големата од нивна страна.
Додека надворешниот фактор не згрми, овие нема да се оправат.

На крај на денот само јас и ти ќе плаќаме прогресивен данок, и ќе ги спонзорираме овие да си го ладат уште повеќе.
 
Член од
8 јули 2008
Мислења
4.516
Поени од реакции
8.226
Цитирај ме ако ти се однесува на мојот коментар :)

Проблемот во Арачиново тешко дека ќе се реши без војска. Ако им ги скратат финансиите кон нивната локална, ќе ја направат големата од нивна страна.
Додека надворешниот фактор не згрми, овие нема да се оправат.

На крај на денот само јас и ти ќе плаќаме прогресивен данок, и ќе ги спонзорираме овие да си го ладат уште повеќе.
Не само на тебе.
Повеќе мислења имаше и страни наназад затоа и не цитирав.

За данокот се објаснив со џоли1, не би повторувал едно те исто.

Не ги даваат у Пехчево тие пари, у својот локален буџет ги даваат. Башка 20€ годишно од прилика еве… Нема ваљда заради тоа да се фатат за АК47, иако 50-50 се шансите :D.
Проблемот е доста комплексен и беше земен за еден од 3 примери за катастрофално трошење на народни пари. Ама се согласувам до негде со тебе, само што ти се фати за метафората наместо за поентата.
 
Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
16.238
Поени од реакции
36.513
Не само на тебе.
Повеќе мислења имаше и страни наназад затоа и не цитирав.

За данокот се објаснив со џоли1, не би повторувал едно те исто.

Не ги даваат у Пехчево тие пари, у својот локален буџет ги даваат. Башка 20€ годишно од прилика еве… Нема ваљда заради тоа да се фатат за АК47, иако 50-50 се шансите :D.
Проблемот е доста комплексен и беше земен за еден од 3 примери за катастрофално трошење на народни пари. Ама се согласувам до негде со тебе, само што ти се фати за метафората наместо за поентата.
Пола милион им покри оваа година државата кога ја откупија марихуаната, тоа е од наш грб и така ќе биде додека не се отцепат.
 
Член од
14 август 2006
Мислења
45.338
Поени од реакции
84.549
типот е новинариште.
И ја сум новинариште. Ќе ти го поставувам прашањето, упорно и папагалски, прекинувајќи те во секој обид за одговор, додека не ми го дадеш одговорот што го сакам.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom