Се мислев вчера да му реплицирам на еден член тука у темава у врска со Камиказа, ама поради недостиг на време не стигнав. Само што успеав да најдам време да реплицирам, одма ми излезе видеото од новото интервју на Ефтов со него. После видеово мислам дека нема потреба да навлагам во подлабоки анализи у врска со кандидатот.
Може да го кењате Ефтов колку сакате у темава, тие од ДПМНЕ викаат дека обработува за СДС, тие од СДС викаат дека обработува за ДПМНЕ, тие од Левица викаат дека обработува и за СДС и за ДПМНЕ. Малку е смешно да тврдиш дека Ефтов обработува за ДПМНЕ кога типот имаше десетина видеа направено у кои што го кењаше Мицковски, и уште толку каде што го кењаше Заев.
За кандидатот нема што повеќе да кажам, обичен егоцентричен шарлантан. Пробуваше да се прикаже како некој кој што учествувал у независноста на Македонија, за на крај Ефтов да му ги скрши заблудите и да признае дека само бил у позадина на оние кои што вистински учествувале у независноста, држејќи гитара во рака.
Да не навлагаме у моабетот за Куба, каде што типот вели дека во Куба било одлично, за на крај да го праша Ефтов дали он бил во Куба и на крај да рече дека видел на филмови како Куба била прекрасна. Нема потреба да навлагам у моабетот за стомачните, нели?
Обичен кловн, типот потфрли скроз како кандидат, уште од неговото прво појавување у јавност. Подобро Левица да ги кандидираше еден браќата од Пука Козметика од Аеродром за градоначалник на Скопје, ако ништо барем мнозинството од младината се сеќава на нив, типците ги апсеа на протестите за мењавање на името, се трудат и допринесуваат за партијата сигурно повеќе од кловнов, а и се со гаранција големи патриоти.