јас нормално имав порано 1/2 до 2/5, лани и пред да имам ковид кажуваа дека сега се мери само ЕДНА вредност, мене ми беше 4, кога имав Ковид во март стана 26, сега последно пред месец дена ми беше 3 а пишува треба < 15
... седиментација на еритроцитите преставува количина на еритроцити кои се таложат во специјална мм означена епрувета за еден час време, висина на талогот се мери во mm/h, поставена специјалната епрувета на сталак за седиментација (веќе не се одредува седиментација споредбено еден час, па после два часа, туку само после еден час се споредува резултатот со две мерења на пациентот)
- формулата за сметање на максимална вредност на седиментација зависно од возраста и пол :
кај мажите:
„нормална“ максимална седиментација = години на возраста/2
кај жените:
„нормална“ максимална седиментација = години на возраста+ 10 /2
...кога постои воспаление во телото, специфични протеини (ги создава јетрата и имуниот систем при абормални ситуации- инфекции, автоимуни болести или тумори) со голема молекуларна маса (најчесто фибриноген и глобулин) условуваат побрзо таложење на еритроцитите кои меѓу себе слепени се потешки од вообичаено кога се слободни и побрзо се таложат на дното на епруветата од вообичаено само кога делува гравитацијата, така да седиментација генерално се мери кога се сака да се докаже присуство на некое воспаление или болест и се гледа самиот тек на успешно лекување или не,
... НО, мора да спомнеме дека нормална брзина на седиментација не значи дека во телото не постои некој воспалитен процес или болест, односно ниту убрзаната седиментација да биде единствен патоказ за откривање на некое воспаление или болест, ако не се направаат додатни тестови и анализи со што би се оправдала таа покачена седиментација (СЕ),
... покачена (убрзана) седиментација се јавува кај вирусни инфекции, хронична болест на бубрезите, проблеми со штитна жлезда, автоимуни болести, тумори, воспаление на белодробието, бременост, дебелина, проблеми со крвни садови, возраст како и конзумирање на алкохол и храна пред давање крв за исптување,
... намалена (успорена) седиментација може да биде од повеќе причини како српеста анемија, болести со јетрата, високо ниво на шеќер во крвта, срцева слабост, хипервискозност,хипофибриногенемија, леукоцитоза, хипопротеинемија,
-па затоа, за да се утврди воспаление во телото се прави дополнително ЦРП тест, ова со цел да се потсетиме за смислата на седиментацијата, а не само „како пишува дека е нормална вредност“, па да се уплашиме веднаш ако нашиот резултат е над или пониска од таа нормална вредност како несензитивна метода што понекогаш си е на нормална граница дури и при моментално животно загрозувачка болест за што се направила лабораториска анализа за седиментација!