Јас да ја препорачам Валенсија, преубав град.
Имаат огромна плажа на крајот од градот, нормално природната убавина не е како во Грција, ама сосема добро море и преситен песок со тоа што мора ветерот да се напомене (кој мене воопшто не ми сметаше).
Сепак, ја препорачувам поради самиот град - има душа градот, улиците и многубројните плоштатчиња се полни со луѓе, живо е, весело и интересно. Чисто е, секаде мермерни шеталишта, средени фасади. Долж течението на реката која порано го поплавувала градот е направена зелена градина со многу дрвја, фонтани и цвеќе и тоа некаде 3-4 километри низ градот. Негде при крајот на оваа градина се наоѓа комплексот на музеи и Океанариумот што мора да се посети. Врвна архитектура, среденост и содржини.
За навечер е одлично - живо е, има голем број на барови и дискотеки каде има атмосфера, посебно на улицата Calle de los Caballeros.
Многу опуштен и насмеан народ, сум бил на многу места ама како во Валенсија никаде немало таква позитивна енергија на улиците. Ако мора да им најдам маана тоа е дека никаде не знаат да направат асално макијато/нес фрапе/еспресо (иако тоа сум го забележал и на други места) и дека паељата е многу преценета. ОК е, ама не може да се споредува со нашата кафанска храна.