Premier League - 2021/2023

Кои 2 екипи нема да завршат во топ 4?

  • Вкупно гласачи
    91
  • Гласањето е завршено на .
Статус
Затворена за нови мислења.

dantemkd

demon hunter
Член од
5 јануари 2013
Мислења
10.497
Поени од реакции
9.750
Голема штета ќе биде за фудбалската меме заедница ваква појава од менаџер да се изгуби од фудбалската мапа. Прв пат го приметив кога беше менаџер на Виган. Со Крис Киркланд, Пол Шарнер, Лукас Нил, омилениот на Џонтра - Марио Мелхиот, Ерик Едман, Тајтус Брамбл, Антонио Валенсија, Амр Заки, Емил Хески и Хуго Родалега 2006-2007 -2008. Од старт на сезоната се знаеше дека ќе бидат меѓу 9 и 14 место и дека барем на една утакмица со големите ќе изненадат.

Стив Брус, Биг Сем, Гуд Ебенин, Џиги Мацари, Џампаоло, ракунот од Аталанта, Монтела .... и останатите од овој калибар се фаци кои што го прават фудбалот интересен. Пеп со милијардата потрошена во Сити не го прави интересен.
Kaко играч беше класа, како менаџер не покажа ништо.
 
ob1

Член од
7 март 2010
Мислења
9.116
Поени од реакции
25.180
Ништо нема да направат. Ќе потрошат брдо пари на играчи со звучни имиња кои се пропаднати последниве сезони ( Раиола и Мендеш тријат раце моментално ) максимум ќе се докопаат до ЛЕ и то е то :)
Никој не вика дека следна сезона ќе освојат ПЛ.
Многу е битно колку сериозно планираат да инвестираат во клубот.
Ако се амбициозни како Сити, нема да ме зачуди да освојат титула во наредни 5-6 сезони.
 
dantemkd

demon hunter
Член од
5 јануари 2013
Мислења
10.497
Поени од реакции
9.750
Никој не вика дека следна сезона ќе освојат ПЛ.
Многу е битно колку сериозно планираат да инвестираат во клубот.
Ако се амбициозни како Сити, нема да ме зачуди да освојат титула во наредни 5-6 сезони.
Оваа сезона им е битно опстанок наредните 3 средување на прва постава после клупа може и 7до 8 години да потрае се разбира ќе треба менаџер со визија и да не го менуваат.
 
Трибиани

Ванда Вештерката
Член од
21 јули 2018
Мислења
3.753
Поени од реакции
8.846
Ништо нема да направат. Ќе потрошат брдо пари на играчи со звучни имиња кои се пропаднати последниве сезони ( Раиола и Мендеш тријат раце моментално ) максимум ќе се докопаат до ЛЕ и то е то :)
Шо те гледам чудна...од памет ми текнаа 5-6 играчи што одма ќе го кренат клубот на класа повисоко ниво а што можат на заебанција да ги купат.

- Тер Штеген
- Де Јонг(средниот играч)

Барселона моментално е во финансиски колапс и очи ќе истераат за секоја пара што ќе дојди.

- Иско
- Марсело

Вишок играчи и потрошени во Реал а сеуште доволно добри за да направат разлика на теренот...овие на мајтап ќе ги земат.

- Тео Хернандез
- Брозович
- Влахович
- Пелегрини

Нешто квалитетно реално и инвестиција за на подолг рок од Италјанската Сериа А...

300 милиончиња на лето за овие горните(кафе пари за синчето со шамијата)...+ Конте како тренер и ќе видиш одма друга екипа.
 
Член од
5 март 2018
Мислења
16.613
Поени од реакции
18.863

Не зафркавај Иско и Марсело една разлика на терен шо ќе направат ќе се чудат улајте :)
Ќе им треба време за да се издигнат горе а ништо чудно и како Малага да завршат. Се зависи од амбициите на газдите и како ќе го менаџираат клубот.
 
Член од
28 март 2015
Мислења
5.428
Поени од реакции
11.338
И на Сити му требаа сезони за да дојде до првата титула. Само за ЛШ му требаа 3 сезони и тоа во многу послаба конкуренцијата. Сега на овие ќе им треба и повеќе време.

Само не знам како ќе ги оправдаат трансферите, не е само јак газда да имаш тука треба приходи за да ги направиш тие трансфери. Или за нив фер плеј нема да важи?
Сити и ПСЖ имаа среќа што влегоа пред да се донесе правилото па изнакупија се на почетокот.
 
Ska Maniac

Бараба
Член од
2 октомври 2013
Мислења
10.622
Поени од реакции
26.449
Kaко играч беше класа, како менаџер не покажа ништо.
Па нигде не пишав јас дека е некој класа менаџер. Види во каква екипа на менаџери го ставив - one season wonder. Јас викам греота ќе биде да се изгуби низ Шкотска, Велс или втора англиска лига. Може да се ували кај некој од клубовите што ќе се борат за опстанок после нова година.

Мик Меккарти, Рејмонд Доменех, Хари Редкнап, дебилон со чадорот што беше селектор на Англија и што изеде блам од нас, Хрватска, Русија и Израел (мислам Мекларен се презиваше), пингвинот од Бетмен што беше менаџер на Кристал Палас пред Виеира, слободно и Куман може да се стави овде, Мартинез од Белгија, тој " Турчинот " од Барса што дојде од Билбао со ужасниот брк (Хамид, Халил, Хакан така нешто го вика) ....
Долга е листата на меме менаџери.
 
dantemkd

demon hunter
Член од
5 јануари 2013
Мислења
10.497
Поени од реакции
9.750
И на Сити му требаа сезони за да дојде до првата титула. Само за ЛШ му требаа 3 сезони и тоа во многу послаба конкуренцијата. Сега на овие ќе им треба и повеќе време.

Само не знам како ќе ги оправдаат трансферите, не е само јак газда да имаш тука треба приходи за да ги направиш тие трансфери. Или за нив фер плеј нема да важи?
Сити и ПСЖ имаа среќа што влегоа пред да се донесе правилото па изнакупија се на почетокот.
Ќе и понудат понуда на УЕФА што нема да може да ја одбие.
$$$$$$$$$$$
:pos: :pos:
 
Донев

★★
Член од
9 мај 2008
Мислења
35.742
Поени од реакции
52.694
Најавата е дека нема да трошат одеднаш купишта пари туку постепено ќе го градат клубот и тимот. Претпоставувам прво ќе гледаат да направат некој тим на ниво на Вила, Лестер па после да притиснат повеќе.
Не верувам одма да одат на нови имиња, а и многу е тешко моментално тоа затоа што сите даваат високи плати. Ама добра опција би им било да соберат неколку играчи што се вишок во топ клубовите па околу нив да градат игра.
 
Член од
29 јуни 2018
Мислења
3.566
Поени од реакции
5.610
Ништо нема да направат. Ќе потрошат брдо пари на играчи со звучни имиња кои се пропаднати последниве сезони ( Раиола и Мендеш тријат раце моментално ) максимум ќе се докопаат до ЛЕ и то е то :)
Во Премиер Лига не се освојува ПЛ или пак фаќа Топ 4 место за една сезона ако си тим ко Њукасл, особено не со овој состав и оваа конкуренција.
Во наредните 2-4 години ќе градат тим за топ 4, што е и сосем нормално, џабе им се миљардите кога веќе имаш голема 6ка што е богата и + имаш екипи што редовно се борат активно за топ 6. Останува само да видиме како ќе го почнат re buildot. Ќе ни следат доста интересни сезони. :)

п.с. Докопување до место во ЛЕ следните сезона-две би било ПРЕМИЈА за Њукасл.
 
Член од
29 април 2015
Мислења
4.248
Поени од реакции
4.169
@Трибиани

Тер Штеген и Де Јонг во Њукасал? Хахаха
Што збориш бе брат.. не се они Робињо и компанија. Во зенитот на кариерата се, играат во Барселона, во каква и ситуација да е.
Костурот на тимот нема да се продава по ни една цена, освен ако не изрази желба играчот како Илаеш.
 
Dani

1 + 1 = 10
Член од
22 јуни 2010
Мислења
24.487
Поени од реакции
58.960
Ќе се запнат сега другиве, ќе ги испаднат во Чемпионшип. Никој нема да сака да потпише за нив, 10 години ќе им треба до Европа да се докопаат :icon_lol:
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom