Јас ова уопште не го гледам како проблем.
Види, практично он ги знае проблемите на над 80% од граѓаните во Охрид што се онаа нормална раја. Он може не знае како функционира општината но знае дека матер му е ебан на градот (како и на сите градови и општини во Македонија) и знае дека улиците се копаат само пред избори, се работат фуш, или поточно во Охрид само летно време за да се види дека нешто работат, знае дека има тон гужва и 0 паркинг места, свесен е дека неговиот град/неговата општина ја еба кој стигне итн.
Човекот не е одсечен од реалноста како повеќето кандидати за градоначалници, едноставно живее со самата мака на најголемиот дел охриѓани што се снаоѓаат како знаат и умеат.
Според мене баш и ликови што се од дел од народот и што го јаделе стапот секојдневно треба да се градоначалници во своите општини. Луѓе што реално го согледуваат проблемот секој ден.
А и од друга страна веќе 30 години гледаме луѓе во одела што добро знаат како функционираат работите па 90% од општините тонат во нови бетони, со малце паркинзи и ептен лоша инфраструктура што плаче секојдневно од пренатрупаност итн.
Не викам дека баш Гоце е идеален кандидат, но барем е човек што ја видел маката на обичниот смртник. Еве не мора како него ист профил луѓе, доволно е за градоначалници да се ставаат се повеќе обични смртници што ни ги знаат нашите маки.
На кратко, јас да сум од Охрид би го гласал. На крај краева, у најлош случај би му дал шанса на обичен човек да се збогати а не на некое татино синче што веќе има тон пари и знае како идат сите тие матни работи да си го дуплира богатството.
Не мораш да си "човек од народот", односно "домороден дремач пред кооперација" за да ги знаеш проблемите на граѓаните. Не мора да работиш за 12.000 пример за да ги знаеш маките на тој слој. Фактот што земаш 12.000 денари не те прави порелевантен од оној што зема 2000 евра за проблемите на секојдневниот Македонец. Не треба примањата и голготите што си ги имал кон тој пат да бидат ограничување ти да комуницираш и да бидеш близок со твојот комшија... Но, македонска работа... дојде до 3000 евра преку лето иде црнчи и одма крева муцка и лета во облаци, или ако работи за минималец, свие опаш. Не значи дека ако не си комуникативен/интровертен дека си арогантен или си далеку од проблемите на обичниот човек или дека те заболе за голготата на обичниот народ. Мораме да научиме како да комуницираме во едно демократско општество. Мораме сите етикети и предрасуди да ги тргнеме, а не да thrive-аме на истите и да поентираме од нивно додавање.
Дотолку повеќе, оној кој чесно, со труд, со капацитет и компетенции дошол до висока плата, секако почнал со волонтерство/пракса/чирак или минималец, од секоја индустрија. Сите сме горе-долу научени на врзување крај со крај и делумна или целосна немаштија. Ок, освен олигарси, партиски паразити, татини и мамини синчиња/ќеркички и такви касти на луѓе.
Доволно е само да имаш капацитет елементарно да мислиш/размислуваш и да имаш функционални очи и уши за да ја видиш голготата на секој обичен граѓанин на државава, во скоро секоја општина. Не мора да си "вегета тип на човек", тазе излезен од некоја маалска кооперација. Не мора да ја знаеш секоја прича во детаљи на секој обичен смртник, кога истата прича е во основа горе доле иста, само деталите се разликуваат.
Секој човек во средна класа или богат човек кој има високи примања, и не дошол до пари преку власт/криминал и врски има исти проблеми како и сиромавиот. Во смисла, и богатиот и сиромавиот живеат во еден фундаментално сјебан систем. Убаво им е само на оние 10% партиско-олигархиски-криминални куртони коишто го јадат плодот од она "имам човек ваму и ваму, ќе среди работа". Другите живеат во поголемо или помало сивило, зависно од примањата. Ама и едниот и другиот егзистираат во сивило.
Но очигледно она "признат и познат кооперативец" или "близок со народот" е број 1 фактор за кандидатура на градоначалник. Никој не сака некој анонимен, silent genius кој стоката нема да го разбере. Затоа и доктори, бизнисмени и такви некои глодари се кандидираат... Бидејќи "народот ги знае", народот сака да биде воден од некој што е НАВИДУМ достапен за нив, некој со кој имале добро искуство (пример, добил добра медицинска нега кај XYZ доктор за градоначалник). 90% од народот не ги ни знае основните одговорности и надлежности на Совет, Општина, градоначалник за да знае да одбере по терк на компетенции и спремност... Сакам да кажам дека она "блискоста до народот" не треба воопшто да биде број 1 квалификација за градоначалник, него таму трет левел. Прв и најбитен основ за тоа некој да биде градоначалник мора да бидат неговите компетенции, образование, морал, етика и тн и тн.
Но за жал, далеку сме од развиена демократија.
Да поентирам, она што ти го викаш "за него ќе гласам, барем обичен смртник е човекот, имаме нешто заедничко"... некој го гледа како можност за осакатување и релативизирање на цели патриотски движења и идеали... Нешто пандан на тоа е целиот феномен на "небањати", кој ете, како концепт 10 години си пичи и не застанува.
Ти лепат етикета - "сестра ти е курва"... па оди сега убеди ги дека немаш сестра. Таков ефект ствара овој лик и мислам дека воопшто не треба да се глорифицира надвор од оние хехенце муабетчиња. Гледам ете, Ефтов новокомпонираниот заевист направил емисија со него каде што суптилно го прави баш она што го зборам, суптилно ги исмева "небањатите" и во исто време си лапа гледаност преку човекот, глумејќи лажна поддршка и support кон него "како мал човек". Win-win ситуација. Утре кога цела машинерија кога ќе ИМА ОСНОВА тебе да те изедначува со вакви кооперативци, оди па направи позитивна промена да те видам. Оди да видам како ќе го издржиш тој медиумско/пиар/твитер и тн напад.
Македонецот мора да го научи општеството во кое што живее, мора да научи да препознава компетенции, а не да се пали и да се задоволува со мајтап и со хехенце кооперативци.