Анкета: Локални избори 2021 (кандидати, активности и кампањи)

II фаза: За кого ќе гласате на локални избори 2021?

  • СДСМ

    Гласови: 17 7,2%
  • ВМРО-ДПМНЕ

    Гласови: 65 27,4%
  • ЛЕВИЦА

    Гласови: 108 45,6%
  • ДУИ

    Гласови: 6 2,5%
  • АЛИЈАНСА НА АЛБАНЦИТЕ

    Гласови: 2 0,8%
  • БЕСА

    Гласови: 2 0,8%
  • ДПА

    Гласови: 1 0,4%
  • Друга партија (ќе пишам за која)

    Гласови: 13 5,5%
  • Независен кандидат (ќе пишам за кого)

    Гласови: 23 9,7%

  • Вкупно гласачи
    237
  • Гласањето е завршено на .
Статус
Затворена за нови мислења.

@Fluffy_bunny

Зајко кокорајко
Член од
24 декември 2020
Мислења
1.750
Поени од реакции
2.286
A албанците можат ли да го изберат Оливер во втор круг како што прават со години или има ќе многу подршка од неопределени?
Мислам дека во првиот круг голем дел од Албанците ќе гласаат за овој Албанецот, не ми текнува од која партија беше. А победникот ќе зависи од тоа колку ќе го подмитат народот овие од СДС.
 
Член од
8 јули 2008
Мислења
4.516
Поени од реакции
8.226
Јас искрено мислам дека овој Вегеташов, според мене е тежок циркузант.

Човекот апсолутно нема никаква допирна точка со политика и политизирање. И покрај тоа што е менаџер, типчево нема поим како функционира една општина и кои се процедури се во прашање.
Не знае во каква ситуација е општината, не знае како да се справи со РЕАЛНИТЕ проблеми. Не предлага ништо конкретно освен некои генерични кликбејт муабетчиња.

Да не ме сфатите погрешно, неговата сврха е да исмева и да укаже уште повеќе на "двете зла". И заради тоа, го почитувам. Методите исто му се интересни и онака "фаќаат око", да не кажам кликбејт политичар.

Но, овој со ништо и никако не покажа и не докажа дека таа "патриотска алтернатива" во Републикава вреди. Уствари не сфаќа дека неговата неспремност, бахатост и поприлична неспособност (исто како и на двете зла нели), само ќе го јача матриксот и ќе го "раситни" македонскиот отпор. Пошто никој сериозен човек не сака да биде ставен во ист кош со ваков падобранец. Во смисла јас утре ако сакам да застанам зад некаква платформа или оформам ново Македонско здружение, ради ваквите ликови, јас им давам повод и основа да медиумскиот матрикс и ПР мене ме деградира и изедначува со вакви падобранци.

Левица е типичен пример за тоа како функционира медиумскиот и пр матриксот во македонија. Па фашисти, националисти, небањати, фаќање за влакна во јајца и тн и тн... но овие беа искрено чисти, прагматични и конзистентни и затоа успејаа да се етаблираат како трета македонска опција. Затоа од "фашисти" и такви термини на Матриксот, они сега се Левица, легитимна ендемична политичка партија.

Вакви ликови како вегеташот не треба јавно да се возвишуваат и да се глорифицираат, освен тоа што ете, ќе служи за исмевање на двете зла. Тролови за гледаност и лајкови само даваат основа на двете зла да ги маргинализира, релативизира и евентуално да ги задуши ваквите движења, идеи и идеали.

Мислам дека ништо суштински не се кажа и сеуште не се кажува по она што го видов од дебативе... Освен Андреа за Центар, ништо квалитетно не видов. Проста реторика, мало суштинско познавање, а огромна комплексност.

Колку зеленила се ветуваат... све е нешто зелено, зелената е моја боја, зелено зелено зелено. Тоа е catchphrase за обичната раја. Фрчат ветувања на сите страни.

Кандидатурата за градоначалник внатрепартиски мора да почне многу порано. Самите партии, макар и двете зла, особено опозиционите, мора 2 години барем да се спремаат и да ги чешлаат сите глупости и да ги пратат сите говнарии на актуелните градоначалници. Не бива браќа и сестри со 1 месец пред официјален почеток на кампања внатрепартиски да се знаат самите кандидати. Тој факт ги прави уште понеспособни (пошто немаат време да се спремат нели) самите кандидати за градоначалници, кои и онака се неспособни. Ама ова што се гледа е циркузијада, кандидирање чисто колку да се кандидира некој... без да знае елементарни работи во поглед на идната потенцијална функција.

Многу повеќе дебати се потребни, колку год да не се гледани, многу по-организирани дебати а не краткорочни одговорчиња и прекинувања, карања, препуцавања. Дебатниве емисии тотална катастрофа од секој и секаков аспект.

Искрено жалам за 99.9% од општините и сите нас во наредните 4 години, какви некадарници ќе ги водат, мааајко мила, страшно е на кое дереџе сме дојдени.
 
Последно уредено:

комшијаTи

Комшија Ти
Член од
21 ноември 2013
Мислења
6.312
Поени од реакции
5.409
Ги гледав кандидатите за КУманово на мтв 1, оваа Теодора беше обичен статист и онака 2 пати во цела емисија дали прозборе ко да не е без ич. Од тоа што слушнав Максо делува ко најдобар. Овој од Алијанса објаснува како бил во Романовце кај роднини и во Лопате немале вода ова она и Максим репилика дека донеле вода во Романовце и дека проблем се неплатените сметки и неодржувањето.
Три пати биле оштетени пумпите, сметки не се плаќале, само мал дел плаќале и другите што не плаќаат на нив се шлепале, оставиле одржувањето да биде на локалната месна заедница, пивка вода си користеле за наводнување на земјоделски површини затоа немало некогаш вода. Класична приказна од албанско село, добро во ова има и колку толку Македонци со оглед на тоа што мал дел плаќале може да претпоставиме кој плаќа :pos: :pos:
Како некој што живее во Лопате не ми е јасно како у Лопате нема вода кога местото е најплодно со вода, имаш вода на метар копање..
Не ми е јасно како зборуваат со недослушнати рекла-казала муабети..
 
Член од
25 март 2012
Мислења
8.607
Поени од реакции
5.241
Мислам дека во првиот круг голем дел од Албанците ќе гласаат за овој Албанецот, не ми текнува од која партија беше. А победникот ќе зависи од тоа колку ќе го подмитат народот овие од СДС.
Мислам дека овие од АА со кандидатов само на сдсм ќе им помогнат, тие албански гласови да одеа кај Максим во првиот круг ќе и се зголемија шансите за влез во втор круг.
Автоматски споено мислење:

Како некој што живее во Лопате не ми е јасно како у Лопате нема вода кога местото е најплодно со вода, имаш вода на метар копање..
Не ми е јасно како зборуваат со недослушнати рекла-казала муабети..
Нема водоводна мрежа во Лопате, а водата од бунарите не се пие, барем не треба да се пие.
 
комшијаTи

Комшија Ти
Член од
21 ноември 2013
Мислења
6.312
Поени од реакции
5.409
Мислам дека овие од АА со кандидатов само на сдсм ќе им помогнат, тие албански гласови да одеа кај Максим во првиот круг ќе и се зголемија шансите за влез во втор круг.
Автоматски споено мислење:

Нема водоводна мрежа во Лопате, а водата од бунарите не се пие, барем не треба да се пие.
Тоа со водоводна мрежа е проблем и таму кај што има низ градот иначе може кој сака да ветува не верувам дека било кој ќе го реши проблемот у еден мандат ни па у два .
Цел град треба да се смени водоводна мрежа.
Водата е испитана и сите пиеме цел живот не знам некој да имал проблеми до сега.
 
Член од
8 мај 2013
Мислења
11.873
Поени од реакции
36.918
Весковски и Герасимовски се совршените ликови што заслужуваат да ги водат Карпош и Центар. Такви неиживеани простаци,класични полтрони и тешки медиокритети се вистинскиот избор за тие две елитни општини.
 
Член од
29 јуни 2018
Мислења
3.566
Поени од реакции
5.610
Јас искрено мислам дека овој Вегеташов, според мене е тежок циркузант.

Човекот апсолутно нема никаква допирна точка со политика и политизирање. И покрај тоа што е менаџер, типчево нема поим како функционира една општина и кои се процедури се во прашање.
Не знае во каква ситуација е општината, не знае како да се справи со РЕАЛНИТЕ проблеми. Не предлага ништо конкретно освен некои генерични кликбејт муабетчиња.
Јас ова уопште не го гледам како проблем.

Види, практично он ги знае проблемите на над 80% од граѓаните во Охрид што се онаа нормална раја. Он може не знае како функционира општината но знае дека матер му е ебан на градот (како и на сите градови и општини во Македонија) и знае дека улиците се копаат само пред избори, се работат фуш, или поточно во Охрид само летно време за да се види дека нешто работат, знае дека има тон гужва и 0 паркинг места, свесен е дека неговиот град/неговата општина ја еба кој стигне итн.

Човекот не е одсечен од реалноста како повеќето кандидати за градоначалници, едноставно живее со самата мака на најголемиот дел охриѓани што се снаоѓаат како знаат и умеат.

Според мене баш и ликови што се од дел од народот и што го јаделе стапот секојдневно треба да се градоначалници во своите општини. Луѓе што реално го согледуваат проблемот секој ден.

А и од друга страна веќе 30 години гледаме луѓе во одела што добро знаат како функционираат работите па 90% од општините тонат во нови бетони, со малце паркинзи и ептен лоша инфраструктура што плаче секојдневно од пренатрупаност итн.

Не викам дека баш Гоце е идеален кандидат, но барем е човек што ја видел маката на обичниот смртник. Еве не мора како него ист профил луѓе, доволно е за градоначалници да се ставаат се повеќе обични смртници што ни ги знаат нашите маки.
На кратко, јас да сум од Охрид би го гласал. На крај краева, у најлош случај би му дал шанса на обичен човек да се збогати а не на некое татино синче што веќе има тон пари и знае како идат сите тие матни работи да си го дуплира богатството. :)
 
Член од
17 август 2011
Мислења
10.316
Поени од реакции
18.399

Далеку е човеков од обичен, ако ова обичен човек во Македонија сме си ебале мајката :icon_lol:
Има доста обични смртници кандидати овие локални, само погледни ги кандидатите на левица. Успешни работници, али не директори и деца на политичари. Овој е само будала. Сепак би го гласал ради шоуто:)
 
Добро за Охрид мислам дека е едини „обичен“ кандидат што не е од ултра богата фамилија со тон врски и веќе обезбедена иднина (читај повеќе пари од 80% од нас што ќе заработиме за цел живот чесна работа во Македонија) :D

Иначе по другите општини си има сосем океј кандидати и се надевам дека сите масовно ќе искочиме на гласање и ќе гласаме за некоја опција што не е Вмро/Сдс и барем дел од тие обични смртници ќе им поматат сметки. Па и некој обичен градоначалник може да видиме во некоја општина :)
 
Член од
8 јули 2008
Мислења
4.516
Поени од реакции
8.226
Јас ова уопште не го гледам како проблем.

Види, практично он ги знае проблемите на над 80% од граѓаните во Охрид што се онаа нормална раја. Он може не знае како функционира општината но знае дека матер му е ебан на градот (како и на сите градови и општини во Македонија) и знае дека улиците се копаат само пред избори, се работат фуш, или поточно во Охрид само летно време за да се види дека нешто работат, знае дека има тон гужва и 0 паркинг места, свесен е дека неговиот град/неговата општина ја еба кој стигне итн.

Човекот не е одсечен од реалноста како повеќето кандидати за градоначалници, едноставно живее со самата мака на најголемиот дел охриѓани што се снаоѓаат како знаат и умеат.

Според мене баш и ликови што се од дел од народот и што го јаделе стапот секојдневно треба да се градоначалници во своите општини. Луѓе што реално го согледуваат проблемот секој ден.

А и од друга страна веќе 30 години гледаме луѓе во одела што добро знаат како функционираат работите па 90% од општините тонат во нови бетони, со малце паркинзи и ептен лоша инфраструктура што плаче секојдневно од пренатрупаност итн.

Не викам дека баш Гоце е идеален кандидат, но барем е човек што ја видел маката на обичниот смртник. Еве не мора како него ист профил луѓе, доволно е за градоначалници да се ставаат се повеќе обични смртници што ни ги знаат нашите маки.
На кратко, јас да сум од Охрид би го гласал. На крај краева, у најлош случај би му дал шанса на обичен човек да се збогати а не на некое татино синче што веќе има тон пари и знае како идат сите тие матни работи да си го дуплира богатството. :)
Не мораш да си "човек од народот", односно "домороден дремач пред кооперација" за да ги знаеш проблемите на граѓаните. Не мора да работиш за 12.000 пример за да ги знаеш маките на тој слој. Фактот што земаш 12.000 денари не те прави порелевантен од оној што зема 2000 евра за проблемите на секојдневниот Македонец. Не треба примањата и голготите што си ги имал кон тој пат да бидат ограничување ти да комуницираш и да бидеш близок со твојот комшија... Но, македонска работа... дојде до 3000 евра преку лето иде црнчи и одма крева муцка и лета во облаци, или ако работи за минималец, свие опаш. Не значи дека ако не си комуникативен/интровертен дека си арогантен или си далеку од проблемите на обичниот човек или дека те заболе за голготата на обичниот народ. Мораме да научиме како да комуницираме во едно демократско општество. Мораме сите етикети и предрасуди да ги тргнеме, а не да thrive-аме на истите и да поентираме од нивно додавање.

Дотолку повеќе, оној кој чесно, со труд, со капацитет и компетенции дошол до висока плата, секако почнал со волонтерство/пракса/чирак или минималец, од секоја индустрија. Сите сме горе-долу научени на врзување крај со крај и делумна или целосна немаштија. Ок, освен олигарси, партиски паразити, татини и мамини синчиња/ќеркички и такви касти на луѓе.

Доволно е само да имаш капацитет елементарно да мислиш/размислуваш и да имаш функционални очи и уши за да ја видиш голготата на секој обичен граѓанин на државава, во скоро секоја општина. Не мора да си "вегета тип на човек", тазе излезен од некоја маалска кооперација. Не мора да ја знаеш секоја прича во детаљи на секој обичен смртник, кога истата прича е во основа горе доле иста, само деталите се разликуваат.

Секој човек во средна класа или богат човек кој има високи примања, и не дошол до пари преку власт/криминал и врски има исти проблеми како и сиромавиот. Во смисла, и богатиот и сиромавиот живеат во еден фундаментално сјебан систем. Убаво им е само на оние 10% партиско-олигархиски-криминални куртони коишто го јадат плодот од она "имам човек ваму и ваму, ќе среди работа". Другите живеат во поголемо или помало сивило, зависно од примањата. Ама и едниот и другиот егзистираат во сивило.

Но очигледно она "признат и познат кооперативец" или "близок со народот" е број 1 фактор за кандидатура на градоначалник. Никој не сака некој анонимен, silent genius кој стоката нема да го разбере. Затоа и доктори, бизнисмени и такви некои глодари се кандидираат... Бидејќи "народот ги знае", народот сака да биде воден од некој што е НАВИДУМ достапен за нив, некој со кој имале добро искуство (пример, добил добра медицинска нега кај XYZ доктор за градоначалник). 90% од народот не ги ни знае основните одговорности и надлежности на Совет, Општина, градоначалник за да знае да одбере по терк на компетенции и спремност... Сакам да кажам дека она "блискоста до народот" не треба воопшто да биде број 1 квалификација за градоначалник, него таму трет левел. Прв и најбитен основ за тоа некој да биде градоначалник мора да бидат неговите компетенции, образование, морал, етика и тн и тн.

Но за жал, далеку сме од развиена демократија.

Да поентирам, она што ти го викаш "за него ќе гласам, барем обичен смртник е човекот, имаме нешто заедничко"... некој го гледа како можност за осакатување и релативизирање на цели патриотски движења и идеали... Нешто пандан на тоа е целиот феномен на "небањати", кој ете, како концепт 10 години си пичи и не застанува.

Ти лепат етикета - "сестра ти е курва"... па оди сега убеди ги дека немаш сестра. Таков ефект ствара овој лик и мислам дека воопшто не треба да се глорифицира надвор од оние хехенце муабетчиња. Гледам ете, Ефтов новокомпонираниот заевист направил емисија со него каде што суптилно го прави баш она што го зборам, суптилно ги исмева "небањатите" и во исто време си лапа гледаност преку човекот, глумејќи лажна поддршка и support кон него "како мал човек". Win-win ситуација. Утре кога цела машинерија кога ќе ИМА ОСНОВА тебе да те изедначува со вакви кооперативци, оди па направи позитивна промена да те видам. Оди да видам како ќе го издржиш тој медиумско/пиар/твитер и тн напад.

Македонецот мора да го научи општеството во кое што живее, мора да научи да препознава компетенции, а не да се пали и да се задоволува со мајтап и со хехенце кооперативци.
 
Член од
19 ноември 2020
Мислења
2.524
Поени од реакции
9.405
Mи излезе на Шишлегов на фб како рекламира кружниот кај нлб и нова македонија. И така обично кликнем коментари ако имам некој заборавен комуњара за бришање од фб и првите коментари се Нова Facebook сметка направени во септември направени. Некој коментар на профилна , гледаш и тоа нова сметка. Ова Љупчо го надогради од дпмне , ботови насекаде.
 
Член од
8 мај 2013
Мислења
11.873
Поени од реакции
36.918
Тони Михајловски кај што нема скоро никакви шанси за Куманово, па и заврши во десет дневна изолација ради Ковид. Шо ти е среќа, коа те нејќе - те нејќе :D
 
Член од
10 септември 2016
Мислења
9.333
Поени од реакции
19.028
Тони Михајловски кај што нема скоро никакви шанси за Куманово, па и заврши во десет дневна изолација ради Ковид. Шо ти е среќа, коа те нејќе - те нејќе :D
Реално ќец на 10ка му иде ова, ќе има како да го "оправда" поразот пред народот.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom