Lester Freamon
A man of focus, commitment, sheer will...
- Член од
- 14 јануари 2015
- Мислења
- 16.238
- Поени од реакции
- 36.513
Си ја испуштил Португалија, мислам дека е една од најдобрите земји за пензионери.Македонија е одлична дестинација за пензија бар за дијаспората. Реално државата има мизерен стандард што е дропка од она што би коштало да живееш на запад. Да, нема асално здраство али не мора да се лечиш во МКД бар не за големи работи, имаш цел куп здраствени полиси со сите салтанати, на пример јас имам и со медивак опција тоест ако нешто покритично се случи праќаат авион по мене за да ме носат на клиника во Виена или Истанбул.
Ако не ти се свиѓа МКД, други опции во Европа се Шпанија и Грција каде за релативно ефтино можеш да купиш вила. Сепак би имал значително поголеми трошоци него МКД. Бугарија/Романија исто се опции, и за едно 10тина год ќе бидат уште посредени али повторно тоа зависи од тебе. Ако можеш и сакаш, сега таму е добра опција да земеш нешто.
Мој бекап ако не е Македонија ќе бидат Филипините или евентуално Бали во Индонезија. Имам гледано и Тајланд и Малезија али пикот е на овие 2 држави бар сега за сега. Тој дел на светот го знам доста добро и би ми одговарал и климатски и начин на живеење/луѓето. Имам веќе пикирано неколку места на Филипините каде има малку поладна клима за тамошни услови. Цените надвор од главните центри, Манила и Себу се прилично ниски во многу случаеви неколку кратно пониски од МКД. Пример, цело печено прасе ти е некој 2000 ден, кило лобстер 1000че, кафе пиеш за 10тина денари итн...
Мене ни ми е толку до парите, колку до климата, слободата и можноста да имам прилично мирен живот. Да бидам искраен сакам и да се тргнам од луге ми одговара малку помирно место, остров али сепак да е добро поврзан. Што знам, МКД сеуште ми е во прв план али ако не биде, тогаш дефинитивно ќе завршам во Азија.
Одлична клима (топли зими (најладно од 5 до 15 степени во Јануари), умерено жешко лето (најчесто од 15 до 30степени) што е прилично битна за постари (да не ги врти во крстот ).
Португалциве со кои што соработувам викаат дека здравството е така-така, но дефинитивно подобро од мкд, генерално искулирана држава