Коронавирус (COVID-19) - Општа дискусија

  • Креатор на темата Креатор на темата A__
  • Време на започнување Време на започнување
Не прочитав такво нешто. Веројатно не ти се ставени на игнор соодветните subhuman јузери.
...со ставање на ,,игнор,, само краткорочно ќе се реши проблемот!
Zavisi od situacija do situacija. Jas licno se nadevav deka ke se izzivuvaat vrz sarenite kurtoni pred nekoja godina. Deka ke gi drobat, gazat, vleckast, tepaat i se taka vo krug se dodeka krv ne prosereja.
Od segasna gledna tocka mnogumina bi se slozile so mene okolu toa i bi navivale za policiska brutalnost, level max.
Ti ne mislis taka?
...не мислам,
јавно покажување на одредена сила од полицијата само кон тие граѓани што покажуваат сила и непочит кон спроведување можеби е изнудена неопходност, но да се распалиш ЈАВНО со пендрек кон граѓанин кој не дава отпор, само за да ,,се види,, тоа веќе не е народна полиција, методи на скротување има многу, но не смее да биде прв ќотекот, а најмалку ЈАВНО истиот да се покаже,
 
Последно уредено:
...со ставање на ,,игнор,, само краткорочно ќе се реши проблемот!

...не мислам,
јавно покажување на одредена сила од полицијата само кон тие граѓани што покажуваат сила и непочит кон спроведување можеби е изнудена неопходност, но да се распалиш ЈАВНО со пендрек кон граѓанин кој не дава отпор, само за да ,,се види,, тоа веќе не е народна полиција, методи на скротување има многу, но не смее да биде прв ќотекот, а најмалку ЈАВНО истиот да се покаже,
Tuka ne se slozuvame. Trebase da gi poseri od kjotek, pa makar i cvekjinja nekoj drzel. I javno i sekako poseben tretman tajno, vo stanica. Batali ti narodna policija i neznam sto.
 
...ахх, мкдвладе, пред јавност ако ,,го тепаш,, и покажеш сила, ништо не правиш само можност за коментирање, осудување, митинзи,
...постели му ,,црвен килим,, кога го приведуваш, а потоа таму каде никој не гледа преброј му ги забите, тој кога ќе излезе никогаш веќе нема да го направи истиот престап - никогаш!
... ама тука има многу фактори да биде тоа правично, непристасно и да се разликува крадење на 10 ќебапи и брањење на домот од крадци што ги испотепа и дедото и бабата споредбено со убиства, камиони со шверцерски цигари, марихуана и готови спакувани пари,
...а и едукација на самата полиција преку ноќ не ветува многу, да за време на работа во работна униформа, на сред улица се јаде бургер со темни наочари на очи, а во другата рака да се скрола вибер, додека другиот колега со една рака над пиштолот како Вајат Ерп, а со друга пуши цигара после изедениот бургер, а за нивната висина од метро и жилет и без заштитни маски да не пишувам, искрено не очекувам некое подобрување!

...инаку, во главниот град на една соседна држава, членка на НАТО, се воведува нова мерка против трансмисија на коронавирусот со локдаун од 20ч-05ч САМО за невакцинирани лица,
 
...ахх, мкдвладе, пред јавност ако ,,го тепаш,, и покажеш сила, ништо не правиш само можност за коментирање, осудување, митинзи,
...постели му ,,црвен килим,, кога го приведуваш, а потоа таму каде никој не гледа преброј му ги забите, тој кога ќе излезе никогаш веќе нема да го направи истиот престап - никогаш!

типично мислење на психолошки здрава особа.
 
Повеќето од народот во Македонија и онака е ПАРТИСКИ поделен/раскаран и докажано дека се самоуништуваме поради тоа.

Сега најнов тренд е народот да биде УШТЕ поподелен. Страшна ароганција итн помеѓу вакцинирани и невакцинирани. Значи продолжуваме да се самоуништуваме меѓу себе сега и на овој начин.

Па уште и оние детски досетки во стилот, "е сеа ќе видиш ти невакциниран лепрозен ни еден, нема да можеш чоколадо да си купиш од продавница" и слични такви ГАДНИ досетки. Ме вадат од контакт, не ги можам тие луѓе.

Алооооо па што, демек ако си вакциниран, не можеш да се заразиш, нешто повеќе си од другите, сина крв протекла низ твоите вени, надчовек си станал!? Мислам ова е ЛУДО, болно, бизарно. Се шекна народот.

И што е најинтересно во целава ситуација. Ова го има кај нас, во Бугарија (лично искуство) и најверојатно дел од балканските држави.

Абе во Германија никој не се замара со другиот дали тој бил вакциниран или не, а камоли да го потценува или воопшто да го прашува дали тој е вакциниран или не. НЕМА ПОДЕЛБА!
Во една соседна Грција никој не го интересира твојот Ковид вакцинален статус, тоа не е тема помеѓу народот воопшто, поделаба НЕМА.
Едноставно луѓето си почитуваат мерки (горе-доле) и си живеат, не се осудуваат меѓу себе. Исто не се ни замараат многу многу со статистики и што ти знам што во врска со Ковид. ГО ЖИВЕАТ ЖИВОТОТ!
И знаете што? И во Германија, Грција и Бугарија ЗДРАВСТВОТО ФУНКЦИОНИРА за се останато (исто и во сите други нормални држави). Кај нас е блокирано (сем за Ковид нели), САМО ПРИВАТНО!!!!!
Луѓе кај нас умираат од што не можат да стасаат до одреден специјалист, а НЕМААТ ПАРИ за приватно да се лекуваат.

Вирусот е тука, ќе биде уште долго тука. Тоа е тоа.
Секој си има право поради X причина да се вакцинира или да не се вакцинира. Исто и во однос на Ковид пасошите, бизарна ствар.
 
...кога ќе ги научиш методите на изнудување, признавање на злодело, во соодветно време, просторија во присуство на тие што треба да бидат присутни кон докажан или недокажан престапник, нема да коментираш со задоволство ,,играње на пендрек,, јавно врз жени, стари луѓе и општо граѓани затоа што на отворено не носат заштитни маски,,
... ти не разликуваш престап и видови престапници,
 
Повеќето од народот во Македонија и онака е ПАРТИСКИ поделен/раскаран и докажано дека се самоуништуваме поради тоа.

Сега најнов тренд е народот да биде УШТЕ поподелен. Страшна ароганција итн помеѓу вакцинирани и невакцинирани. Значи продолжуваме да се самоуништуваме меѓу себе сега и на овој начин.

Па уште и оние детски досетки во стилот, "е сеа ќе видиш ти невакциниран лепрозен ни еден, нема да можеш чоколадо да си купиш од продавница" и слични такви ГАДНИ досетки. Ме вадат од контакт, не ги можам тие луѓе.

Алооооо па што, демек ако си вакциниран, не можеш да се заразиш, нешто повеќе си од другите, сина крв протекла низ твоите вени, надчовек си станал!? Мислам ова е ЛУДО, болно, бизарно. Се шекна народот.

И што е најинтересно во целава ситуација. Ова го има кај нас, во Бугарија (лично искуство) и најверојатно дел од балканските држави.

Абе во Германија никој не се замара со другиот дали тој бил вакциниран или не, а камоли да го потценува или воопшто да го прашува дали тој е вакциниран или не. НЕМА ПОДЕЛБА!
Во една соседна Грција никој не го интересира твојот Ковид вакцинален статус, тоа не е тема помеѓу народот воопшто, поделаба НЕМА.
Едноставно луѓето си почитуваат мерки (горе-доле) и си живеат, не се осудуваат меѓу себе. Исто не се ни замараат многу многу со статистики и што ти знам што во врска со Ковид. ГО ЖИВЕАТ ЖИВОТОТ!
И знаете што? И во Германија, Грција и Бугарија ЗДРАВСТВОТО ФУНКЦИОНИРА за се останато (исто и во сите други нормални држави). Кај нас е блокирано (сем за Ковид нели), САМО ПРИВАТНО!!!!!
Луѓе кај нас умираат од што не можат да стасаат до одреден специјалист, а НЕМААТ ПАРИ за приватно да се лекуваат.

Вирусот е тука, ќе биде уште долго тука. Тоа е тоа.
Секој си има право поради X причина да се вакцинира или да не се вакцинира. Исто и во однос на Ковид пасошите, бизарна ствар.

Вакцинирањето е бирање меѓу две зла, од кој што вакцините се далеку помало. Но, сепак некој ќе си го однеси.

Така да вакцините мора да бидат личен избор. Во крајна линија си се потпишуваш дека сакаш да ја примиш.

Не му е јасно на многу луѓе, заради когнитивната дисонанса.
 
Кај нас е блокирано (сем за Ковид нели), САМО ПРИВАТНО!!!!!
Луѓе кај нас умираат од што не можат да стасаат до одреден специјалист, а НЕМААТ ПАРИ за приватно да се лекуваат.
Вирусот е тука, ќе биде уште долго тука. Тоа е тоа.
...а што мислиш приватните болници ги оздравиле ковид пациентите? сите од неколку поминати денови во приватните болници, после испразнет домашен буџет од 20 000 евра, пак се враќаат во државните болници или да се долечат или да починат,
ако случајно почине некој ковид пациент во приватните болници најмалку 3000 евра треба да доплатат дополнителни средства да си го земат починатиот,
...вакви приватни болници ни на непријателот да не му посакаш да се лечи, плазма Тв, цвеќе во вазна и кожна фотеља, не го лечи пациентот, ниту звучно има на приватната болница, а најмалку докторите со илјадници евра плата и со его до плафон, ретки ислучоци има,
...се оди конкретно за третман за болеста КОВИД, а се прават безброј неоправдани лабораториски анализи и испитувања колку да се наплати на пациентот и да им се врти парата, да бев јас некој фактор све тоа неоправдано во тие приватни болници би санкционирала со дебели казни токму како нивните плати !
 
Се заебавав пред некое време ко му дадоа поколон Фајзер на Косово дека само американците можат да ги натераат да се вакцинираат, ама сега се зад Словенија :D

1633254832138.png
 
решив да излезам од детската сабајлево, кога гледам преку десет чемтреилс на небото. Прскаат корона владарите од сенка изгледа.
 
...а што мислиш приватните болници ги оздравиле ковид пациентите? сите од неколку поминати денови во приватните болници, после испразнет домашен буџет од 20 000 евра, пак се враќаат во државните болници или да се долечат или да починат,
ако случајно почине некој ковид пациент во приватните болници најмалку 3000 евра треба да доплатат дополнителни средства да си го земат починатиот,
...вакви приватни болници ни на непријателот да не му посакаш да се лечи, плазма Тв, цвеќе во вазна и кожна фотеља, не го лечи пациентот, ниту звучно има на приватната болница, а најмалку докторите со илјадници евра плата и со его до плафон, ретки ислучоци има,
...се оди конкретно за третман за болеста КОВИД, а се прават безброј неоправдани лабораториски анализи и испитувања колку да се наплати на пациентот и да им се врти парата, да бев јас некој фактор све тоа неоправдано во тие приватни болници би санкционирала со дебели казни токму како нивните плати !
Апсолутно си во право. Приватна болница не е никаква гаранција за спас од Ковид (иако многумина така мислат).
Воено профитерство во време на пандемија, ништо друго.
Болниот и фамилијата во очај, мислат дека ќе добијат нешто повеќе доколку се таму. И за тие 3000 евра доколку почине пациент знам, од прва рака од Жан Митрев клиника.

Хотелската соба не значи ништо кога човек е болен. Но слушам, некои и тоа ги радува. Си отишол да се лекуваш и излекуваш, не ТВ да гледаш. Патем во Ковид центарот конкретно во Жан Митрев немаат такви услови. Сем хемофилтрација (отров скапа) кај одредни пациенти (за што нема гаранција дека помага) и соодветна терапија према симптомите (како и во државно здравство), друго ништо плус не добиваат.
Но општо приватниве, користат многу лошо време да млатат пари, Господ гледа. Што друго да кажам.
Инаку јас пак да бев некој фактор, ќе им ги национализирав во целост (како што беше случај во Грција).

Трагично е што МојТермин остана блокиран за оние хронични пациенти (па и општо луѓе со нови здравствени проблеми), што не можат да стигнат до специјалист под фонд. Па сакале или не приморани се да одат некаде на приватно. Но кои има пари за да плати, кој не Господ.
 
Изгледа не само што се намалуваат антителата, туку слабее и одговорот на T-клетките 6 месеци после вакцинација со Фајзер. Резултат во склад со податоците од Израел во јули.

Our data demonstrate a substantial waning of antibody responses and T cell immunity to SARS-CoV-2 and its variants, at 6 months following the second immunization with the BNT162b2 vaccine. Notably, a significant proportion of vaccinees have neutralizing titers below the detection limit, and suggest a 3rd booster immunization might be warranted to enhance the antibody titers and T cell responses.

австралискиве џандари богами добро си ја работат работава, за сите пари што би се рекло. Џабе аргументи за антиваксери и рамноземјаши, само пендрекот да игра.
Во едно друго време кога овде полицијата си ја вршеа работата гарант си кукал по форумов: rezhim, rezhimod, policiska brutalnosta.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom