Прво што ми паѓа во очи е насловот на кампот
„Есенски бакнежи и прегратки, секс скаутс и рок енд рол“
Денес секој може да организира се и сешто.
Овие родители што ги испратиле своите малолетни деца на ваков камп, не знам што очекувале
![Тоа е :toe: :toe:](/styles/default/xenforo/emot/toe.gif)
Секој совесен родител би требало да се распраша што, како, зошто.
Сум за сексуално образование, потребна и те како добра едукација, со оглед на тоа колку рано почнуваат со сексуални односи. Ама сето тоа да биде според однапред утврдена соодветна програма.
Колку што е виновен организаторот, исто толкава вина сносат и родителите.