Анкета: Локални избори 2021 (кандидати, активности и кампањи)

  • Креатор на темата Креатор на темата Acid
  • Време на започнување Време на започнување

II фаза: За кого ќе гласате на локални избори 2021?

  • СДСМ

    Гласови: 17 7,2%
  • ВМРО-ДПМНЕ

    Гласови: 65 27,4%
  • ЛЕВИЦА

    Гласови: 108 45,6%
  • ДУИ

    Гласови: 6 2,5%
  • АЛИЈАНСА НА АЛБАНЦИТЕ

    Гласови: 2 0,8%
  • БЕСА

    Гласови: 2 0,8%
  • ДПА

    Гласови: 1 0,4%
  • Друга партија (ќе пишам за која)

    Гласови: 13 5,5%
  • Независен кандидат (ќе пишам за кого)

    Гласови: 23 9,7%

  • Вкупно гласачи
    237
  • Гласањето е завршено на .
Статус
Затворена за нови мислења.
Мојата лична визија за Вардар е да се бетонира еден кров од Вруток до граница и да биде тоа централна канализација, во која ќе се сливаат сите гомна од земјата.
Не ја глеам поентата на реките иначе.
И тоа не е лоша идеја, така ќе може да го користиме и како траса за К-10. Кога ќе ја видиш големата слика, добра е идејата на овој од Титови Леви, само треба место брод, брод на тркала.
 
Ало политичари, слушајте го гласот на народот!
Навлезете помеѓу обичниот свет и слушнете ги неговите идеи! Тие се произлезени од секојдневните борби и стремежи.
 
Перо Камиказа со изјава-Кога не би бил кандидат за градоначалник би гласал за Шилегов.

Мислам дека саркастично го кажа тоа, нон стоп го плука на фб Шилегов, се имаа рчнато пред 2-3 години
 
Ало политичари, слушајте го гласот на народот!
Навлезете помеѓу обичниот свет и слушнете ги неговите идеи! Тие се произлезени од секојдневните борби и стремежи.
Ми текна на скечов со твојов муабет, Тошо имаше убава замисла :D


 
ТАТКОТО на Скопје. Се грижи за градот и граѓаните.
Млада девојка колабрира на 1 метар од него, испотенава пијандура мува не го лази.

Идеме понатаму, ПЕРО КАМИКАЗА -немој те молам. Перо Камиказа, како беше првото што го изјави за Скопје. Најбитно било да се реши булеварот према Драчево. Програма имате? Па сеуште НЕ, ЌЕ имаме. Па искачаш со кандидатура, каде во мајчината без програма. Тоа беше на почеток, сега можда искуцале вицеви за душа.
Мислам немој, го познавам човеков уште од пред многу години, не му е тука местото.
Патем и нешто изјавил. Кога не би бил он кандидат, би гласал за Шилегов. Браво Камиказа! Очекувано од тебе.

Ах бре Дани, Дани. Бесплатен јавен превоз за СИТЕ а? Па добар виц е ова, изгледа од џеб планира да го финансира ЈСП.

Општо за СИТЕ кандидати голема НУЛА. Нека тресат уште повеќе зелени, вицеви да слушаме, Mission impossible ствари. Па ЕДНАШ нека научат општо сите кандидати, да ЛАЖАТ ама со УСУЛ во нивните предизборни ветувања. После и онака се сокриваат во глувчина дупка.
СУМА СУМАРУМ - М И З Е Р И Ј А !!!!
 
Последно уредено:
Вчера фатив во некој дневник блиц претставување на кандидати за градоначалник за Скопје...
Единствен коментар што ми доаѓаше е: Боже Господе...
-Шилегов стандардно надмен и неоправдано арогантен
-Данела не е глупа ама остава впечаток на недоволно информирана
-Бени ќе го направел градот џилитка...Нека лобира да го стават директор на Комунална хигиена не мора градоначалник
-Перо на местотот на Расадник ќе правел ботаничка градина...Не дека не е добра идеја ама не знам дали е свесен кај живее. Чист утопизам
-Еден лик излезе со главен хинт дека ќе укинел ковид-сертификати?!?!? Можеби има скриени врски со комисија за заразни болести...
-Тортевски оддава пречаток на уморен и истрошен со секоја реченица. Инаку е далеку од глуп.
-Се појави еден Бошњак кој бил од еснафска фамилија и некако изгледаше најнормален од сите.

Единствен заклучок ми беше Шилегов да се тргне, па кој ќе победи здравје...
 
Има ли информација колку кандидати ќе бараат втор (па и трет) мандат?
 
Ова изјавата на Перо дека ќе гласа за Шилегов со душа ја чекаа опозицискиве портали да јадат гомна, а и глув ќе слушнеше дека саркастично го кажа тоа :icon_lol:
 
Ова изјавата на Перо дека ќе гласа за Шилегов со душа ја чекаа опозицискиве портали да јадат гомна, а и глув ќе слушнеше дека саркастично го кажа тоа :icon_lol:
Е па сеа кој му е крив,самиот си намести пенал.
 
Ова изјавата на Перо дека ќе гласа за Шилегов со душа ја чекаа опозицискиве портали да јадат гомна, а и глув ќе слушнеше дека саркастично го кажа тоа :icon_lol:
Не е непознато дека народов не е посебно писмен затоа и просперираат сомнителни порталчиња.
 
Никогаш не сватив зошто по митинзиве, позади кандидатот стојат луѓе...демек што е фората? Знаеме дека го поддржувате кандидатот, мора ко дрвен Петко да стоиш позади него?
 
Никогаш не сватив зошто по митинзиве, позади кандидатот стојат луѓе...демек што е фората? Знаеме дека го поддржувате кандидатот, мора ко дрвен Петко да стоиш позади него?
Сеа и ти го тупиш, па треба сам да стои на празна полјана? За да изгледа поубедително, нормално. Демек што повеќе народ позади него, толку повеќе го поддржуваат.
 
Никогаш не сватив зошто по митинзиве, позади кандидатот стојат луѓе...демек што е фората? Знаеме дека го поддржувате кандидатот, мора ко дрвен Петко да стоиш позади него?

Дека он е главен вокал, а позади него овие се хор.

Сериозниот одговор би бил дека е остаток од едни други времиња каде што паралелно со партиските собири имало и културни манифестации и кога ќе се дошло до времето да се држи говор оркестарот/хорот останувал на сцената. Со време тоа станало навика. Исто така и најверојатно е за да се прикаже дека "водачот" не е сам и да не изгледа изолирано.


Ова изјавата на Перо дека ќе гласа за Шилегов со душа ја чекаа опозицискиве портали да јадат гомна, а и глув ќе слушнеше дека саркастично го кажа тоа :icon_lol:

Политика е, да очекуваш дека некој ќе биде фер значи дека си или наивен или глупав. Не е ни местото ни времето за сарказам, освен ако не е комплетно претеран. Да кажел за "За Шилегов Трезниот" , и ќе добиеше поени.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom