Утнав кога реков 1500, сигурно 2000 луѓе имаше. Какво братство Битола - Кавадарци, издоминиравме викендов
На нашиот дел немаше никакви услови за навивање, гз преку глава. Скара, пиво, вино, лом беше. Добро навивање, ама нема ехо на стадионот. Кога го извадивме покривното знаме, надвор имаше уште сто души. Не знам дали успеале некои од камерманите да фатат убаво, ама покрај тоа што на стадионот беше преполно над капацитетот, од двете страни позади головите стоеа минимум уште 300-400 луѓе.
Паднаа Кадино во вториот дел, свесно или несвесно
Два гола на Костовски и еден на Николов.
При првиот гол Костовски доби топка во празно и го лобуваше домашниот голман.
При вториот гол, нивниот голман одбрани два зицери. Прво утна Петковски, односно голманот му ја фати. Па на одбиена утна некој друг, мислам Керим и на третата одбиена Костовски ја ална во агол.
На третиот гол, Николов убаво пласираше во долен десен агол.
Слаб натпревар општо, ако победивме толку. Мишковски се врати, Пеев не. Во второ се повреди Стојанов, па влезе Стојковски. Ни петров не беше во составот. Почнавме со Илиќ, Велковски, Мишковски, Стпјанов, Глишиќ, Костовски, М.Блажевски, Керим, Иванов, Шиле и Петковски, а влегоа и Стојковски, Љама, Грозданоски и Илиоски.
Добро ќе дојде паузава.
Атмосферата во групата е на високо нивп, со Охрид и Тетекс (ако не пуштат), ќе биде појако...