Вакцина не е единствен начин да се спречи болест, или тешка форма на болест... здрава (примарно растителна) исхрана, неконзумирање цигари, алкохол и други наркотици, редовна физичка активност, здрав емоционален живот, социјална поддршка, соодветно справување и надминување на стрес итн., сите играат улога во заштита од болести и одржување на силен и здрав имунитет, што допринесува кон неоптоварување на здравствениот систем. Значи во однос на оптоварување на капацитетот на здравствениот систем, игра улога свесноста за здравјето на граѓаните.
Според логикава на некои аргументи шо се спомнуваат погоре, на луѓето што допринесуваат кон оптоварување на здравствен систем треба да им се одземе автономија врз сопствените тела (не го поддржувам ова, само давам примери како аналогии на ова што читам погоре). Океј, во тој случај, треба да се затворат сите ресторани за брза храна, луѓе шо јадат месо не смеат да одат на концерт (според нови студии, луѓе што се хранат генерално растително имаат 73% помали шанси да имаат средни или тешки симптоми на дотичната болест, настрана од мали шанси за срцеви заболувања, дијабетес и други ризик фактори за ковид), цигарите треба да ги криминализираме, лица со прекумерна телесна тежина не смеат да одат на кафе итн. А, да, и тие што се под стрес не треба да одат на кафе, пошто стресот ти го намалува имунитетот и прави да е поверојатно да се разболеш со тешка клиничка слика.
Кога ќе видам владата и народот да се бори, промовира и имплементира полиси за здравје, здрав начин на живот и здрава биопсихосоцијална средина толку колку што се бори за вакцините, тогаш ќе верувам дека мотив е здравјето.
За сега, тука гледам или делузија, когнитивна дисонанца, или порив за контрола.