Малку екстремен пример, на кој би одговарала екстремна реакција, како на пример забрана за користење на возила во цел свет. Дали се согласуваш ??
Секогаш ќе има будали кои возат неодговорно, затоа најдобро решение е да се забрани да се произведуваат, продаваат, возат коли. Нели ??
Како си еве сигурен во тоа што го тврдиш. Медицински е докажано за оваа или важи за сите вакцини. Екстремен пример аналогно на твојот, ќе пушти ли некој во промет кола која кочи, али не баш, битно нема со цела сила да удриш пред тебе, малце сепак ќе намали и ќе те спаси од смрт.
Или некој кој гради зграда, треба нешто да гарантира или доволно е , ќе падне ама полека, нема да има многу жртви, евентуално ако некој се затекнал внатре.
Никој не произведува вакцина од такви побуди, не штити од зараза, ама штити од потешка инфекција. Главна одлика на една вакцина е да даде имунитет, односно да даде заштита од зараза, како што е стекнат имунитет на некоја болест по прележување.
Еден екстремен пример, пошто си по екстремното, ако си вакциниран од морбили, дали треба да очекува секој во некој период да се зарази, иако е вакциниран, ама ќе му помине само со благи симптоми ?? Кои се благи симптоми на морбили, сигурно не се чешање на левото уво.
Друг екстремен пример, ако сите во фамилијата се разболат со некој вирус, нека е еве грип, која е логиката освен дека еве немате имунитет за тој вирус и еве сите сте го фатиле, нели.
Трет екстремен пример, малце шала со екстремното, еве се разболува жена ти, а никој друг како ти на пример, не се разболува ни после 2-3 недели. Логиката е дека си имал среќа или логиката е дека си имун на тој вирус.
Која е таа пародија дека за да делува вакцината, треба сите да се вакцинирани.
За да се пушти една вакцина во употреба, треба да гарантира заштита со целосен имунитет, иначе вакцината не е ефикасна, не штити.
4 екстремен пример, дали ако ти си вакциниран од морбили, влезеш во просторија со болен од морбили, дали и ти обавезно ќе се разболиш, дали ќе се раболиш ама со полесни симптоми како чешање на увото, или воопшто нема да се разболиш, затоа што имаш имунитет од вакцината ??? Или можда 2-3-5 пати треба да очекуваме секој во животот да прележи морбили иако бил вакциниран.
5 екстремен пример, дали ти би се вакцинирал на секои шест месеци со вакцина за морбили ако е еве и таа ваква вакцина, не те штити и треба постојано да се обновува за да не се заразиш или да парафразираме малце екстремно, да не ги заразиш тие околу тебе, ти не си битен, битни се другите околу тебе. Или за сите други вакцини кои досега ги примаме и си ги примил, да се сите вакви и да треба постојано да се ревакцинираме, за доброто на другите нели.
Такви ли вакцини не очекуваат во иднина, кои не штитат, ама емпатија ќе шириме, не се вакцинираме за нас, ами за другите околу нас, емпатични вакцини треба да се викаат.