Фан Клуб: Манчестер Јунајтед

Член од
10 декември 2010
Мислења
6.259
Поени од реакции
7.263
Би сакал нареднава утакмица во карабао да се проба нова тактика, 352 или 343, нешто налик на ова.

Хитон
Линделоф - Баји - Џонс
Далот - Дони - Матич - Телес
Санчо - Марсијал - Лингард

или истава екипа, Лингард и Санчо би се пробале како 10ки што ќе мешаат позиции + ќе мешаат позиции и ќе проигруваат, а Далот и Телес би се убацувале од втор план.

Кавани, Мејбри и Еланга би влегле во второ полувреме. Многу веројатно ќе играат 4-2-3-1 со Мта како 10ка.
Автоматски споено мислење:

Оваа година ќе бидеме претенденти за титула! Колку озбилни, ќе покаже времето, ама дека ќе бидеме 100 бода назад на полусезона, тешко тоа.
Реално управата си тера свој филм, Оле е некој амортизер на ситуацијата. А за да не ти се свиѓа си имаш право, колку што памтам му се сипа одма после првите слаби резултати! Се сеќаваш на мојот заклучок дека си зрел за менаџер во ПЛ? :pos: Е од тогаш сите изедовме по кило сол, а Солскјер е сеуште менаџер и Јунајтед си оди полека напред. Не со тоа темпо што сакаме, ама оди!

Искрено тешко да бидат посериозни претенденти со ваква игра/пристап. Секоја шампионска екипа има тенденција да контролира на секој сегмент во теренот и играта, а денес во второ полувреме не видов голема желба за доминација. Втор момент е што таа доминација се добива на средина, а ние таму сме најслаби. Челзи и Сити ми се жив пример за ова, а и Ливерпул до пред година дена.
Дополнително ми фали зрелост во тимот. Многу глупи грешки знаат да направат + многу глупи голови примаат.

Не дека имаме лоша екипа или било што - дефинитивно ќе сме околу врвот, но мене лично тоа ми е клучниот момент. Можеби со малку среќа и ќе биде нешто повеќе, но ретко се случуваат работи на среќа на ова професионално ниво.

ПС: Варан ме фасцинира изминатиов период во однос на неговата техника, контрола на топка, пас со јака и слаба нога. Најјакото ми е што е ладен шприцер на моменти, многу отпорен на притисок и пресинг е. Знае со еден потег да ги исфрли противниците од игра или да се снајде во тесно, без да паничи.
 
Последно уредено:
Член од
3 февруари 2019
Мислења
2.483
Поени од реакции
4.135
Посебно ми е драго што им го брцна Лингард, дека не го купија летово. :D
Треба да намалиме малце со хејтот кон Лингард, реално. Дека е нешто спектакуларно, не е и никогаш нема да биде. Но, далеку е од оној играч кој беше дрво последните 2 сезони. За ротација е ок играч.
Автоматски споено мислење:

Би сакал нареднава утакмица во карабао да се проба нова тактика, 352 или 343, нешто налик на ова.

Хитон
Линделоф - Баји - Џонс
Далот - Дони - Матич - Телес
Санчо - Марсијал - Лингард

или истава екипа, Лингард и Санчо би се пробале како 10ки што ќе мешаат позиции + ќе мешаат позиции и ќе проигруваат, а Далот и Телес би се убацувале од втор план.

Кавани, Мејбри и Еланга би влегле во второ полувреме. Многу веројатно ќе играат 4-2-3-1 со Мта како 10ка.
Мислам дека Хендерсон ќе е на гол. А Џонс тешко да намириса прв состав. :ROFLMAO:
 
Член од
26 јануари 2009
Мислења
7.505
Поени од реакции
6.136
Треба да намалиме малце со хејтот кон Лингард, реално. Дека е нешто спектакуларно, не е и никогаш нема да биде. Но, далеку е од оној играч кој беше дрво последните 2 сезони. За ротација е ок играч.
Така е. Моментално за Дони Ван де Бек и Ентони Марсијал е Ривалдо, Кака и Риќелме во едно.
 
Член од
26 јануари 2020
Мислења
719
Поени од реакции
941
Море луѓе ако е корисен и си ги користи сите укажани шанси зошто сеуште да се руга играчот, да нема некој вау квалитет за да биди стандарден играч, но еве носи поени..
 
Член од
21 ноември 2007
Мислења
10.655
Поени од реакции
9.235
Вреден играч е Џеси. Трча, се бори и има желба за игра...тоа е негова позитивна страна. Денес со голот не натера сите го*на да ги изедеме по коментарите од вторникот. Негативна работа е што не може човек да очекува каква глупост ќе направи (дали ќе промаши чист зицер, дали ќе изгуби топка на критична позиција, ќе направи кикс како минатиот меч...)

Сакам Бруно да одмори во среда и Дони да стартува на 10ка. Ако не изигра барем 70% од тоа што очекуваме од него, мислам дека тоа е тоа.

Не го гледав мечот добро. Го гледав на стрим на мобилен со сецкање...важна победа имавме денес. ДДГ по никоја цена не смее да биде симнат за сметка на Хендерсон во наредниов период. Кога го видов пеналот на крај, реков готово го кркавме со оглед на тоа што нема фатено пенал долги години, но ете ме демантира...
 
Член од
14 април 2012
Мислења
31.550
Поени од реакции
62.483
Можеш да добиеш неколку утакмици на индивидуален квалитет, ама не и да освоиш првенство ослонувајки се на истото. Не гледам воиграни акции, патерни, триаголници. Се е стихијно.

Ако лани гледавме барем некоја тактичка замисла кога игравме на контри, сега истото не постои, и само една работа е НЗС за поголемиот дел од утакмиците, а тоа е проблемот со одбраната, како да играме со најмалку еден играч кога противникот ке тргне во напад или ке префрли тежиште на игра со долг пас, особено го таргетираа Шо, зашто знаат дека кога Погба игра лево крило, дека не помага баш во одбрана.

Победуваме, што е најбитно, но играва е загрижувачка. Барем на мене. Не знам за вас.
 
Член од
3 февруари 2019
Мислења
2.483
Поени од реакции
4.135
На добар пат е Лингард да ја врaти формата (да нема забуни, мислам на неговата форма која ја имаше пред 4 години кога постигна двоцифрен број голови таа сезона, што е сосема ок за ротација.

Можеш да добиеш неколку утакмици на индивидуален квалитет, ама не и да освоиш првенство ослонувајки се на истото. Не гледам воиграни акции, патерни, триаголници. Се е стихијно.

Ако лани гледавме барем некоја тактичка замисла кога игравме на контри, сега истото не постои, и само една работа е НЗС за поголемиот дел од утакмиците, а тоа е проблемот со одбраната, како да играме со најмалку еден играч кога противникот ке тргне во напад или ке префрли тежиште на игра со долг пас, особено го таргетираа Шо, зашто знаат дека кога Погба игра лево крило, дека не помага баш во одбрана.

Победуваме, што е најбитно, но играва е загрижувачка. Барем на мене. Не знам за вас.
Според мене нападот ни функционира сосема солидно, мислам дека допрва ќе биди уште подобар. Единствен проблем ми е во средината, премногу им дозволуваме на противниците да идат до гол, доста испаѓаат кога треба да се пресечи топка и тоа им остава простор скоро од секоја акција да се најдат во полуконтра и тоа ми е главниот проблем кој треба некако да се реши.
 
Член од
21 ноември 2007
Мислења
10.655
Поени од реакции
9.235
Со враќање на Рашфорд лево, мислам дека во форот ќе сме доста незгодни. Имаме доста простор за маневар со играчи од клупа башка. Сега играта со Роналдо и ни се променува во нападот и имаме играч кој треба да се храни со топки, а не напаѓач кој треба да учествува во градењето на акциите.
Погба би се вратил на природна позиција наредниот период и во партнерство со Скот треба да ја градиме средината за тековнава сезона. Добро ја почнавме сезонава резултатски што ни дава добра основа за текот кој следува. Мислам дека формата пополека би ја билдале и злато се важни овие поени по први 5 кола.
 
dantemkd

demon hunter
Член од
5 јануари 2013
Мислења
8.698
Поени од реакции
7.274
Допрва следува тешкиот дел а ние се мачевме на полесните напревари следните 2 месеца ќе бидат клучни за сезоната.
Проблемот никогаш не бил нападот и лани шибавме голови имаме проблем со креирање на шанси дури и сме очајни на некои напревари.
 
Ако ги иземеме домашните со Лидс и Њукасл, гостувањата кај Вест Хем, Саутемптон и Вулвс не се баш лесен залак. Сме губеле поени и ние и други големи тимови таму. А и сезонава ќе се мачат други сериозни тимови на овие гостувања. Ете Сити дома не успеа да слави над Саутемптон викендов на пр...
 
Член од
14 април 2012
Мислења
31.550
Поени од реакции
62.483
Добро ја почнавме сезонава резултатски што ни дава добра основа за текот кој следува. Мислам дека формата пополека би ја билдале и злато се важни овие поени по први 5 кола.
Челси имаат добра основа. Играа во првите 5 меча со Арсенал, Тотенхем, ливерпул, и се бодовно пред нас. Ние имавме добар распоред за да фатиме форма, а не да се спасуваме во 89-та минута.

Заборавив прееска да пишам, спомнал @zodiac21, немаме апсолутно никаква дефанзивна цврстина. Ни се шетаат низ средина кој како сака, и од тоа од послабите екипи.
 
Член од
21 ноември 2007
Мислења
10.655
Поени од реакции
9.235
Челси имаат добра основа. Играа во првите 5 меча со Арсенал, Тотенхем, ливерпул, и се бодовно пред нас. Ние имавме добар распоред за да фатиме форма, а не да се спасуваме во 89-та минута.

Заборавив прееска да пишам, спомнал @zodiac21, немаме апсолутно никаква дефанзивна цврстина. Ни се шетаат низ средина кој како сака, и од тоа од послабите екипи.
Исто бодови имаме со Ливерпул и Челзи. Мада ништо не значи од сега тоа...

Челзи мислам дека е прв фаворит сезонава во ПЛ ако бидеме објективни. Имаат одличен ростер. Не сакам да коментирам нивни поединечни мечеви, но за нивна среќа Арсенал беше десеткуван уште пред да излезе на тој меч и мислам дека тек сега ќе почне полека да се стабилизира. Не дека не би го добиле и така Арсенал, но имаа ветар во грб со смешната одбрана која ја имаше Арсенал на тој меч.

И сам знаеш каде лежи зајакот. Фали дефанзивна дисциплина од крилата. Од тоа што го видов денес, а и мислам дека ти го прокоментира е таргетирањето на Шо заради што беше оставен сам од Погба. Мегваер мораше да му дава поддршка на Шо со тоа што се изместува цела дефанзивна линија налево па Скот мора да чува по наша десна страна или централно, Фред оставен сам на себе...Простор ненормален се остава така при транзиција на противникот без разлика дали е контра.
 
dantemkd

demon hunter
Член од
5 јануари 2013
Мислења
8.698
Поени од реакции
7.274
Ако ги иземеме домашните со Лидс и Њукасл, гостувањата кај Вест Хем, Саутемптон и Вулвс не се баш лесен залак. Сме губеле поени и ние и други големи тимови таму. А и сезонава ќе се мачат други сериозни тимови на овие гостувања. Ете Сити дома не успеа да слави над Саутемптон викендов на пр...
Царе не ме зезај ако сакаме да зборуваме за успех Саутемптон и Вулфс треба да ги кидаме ко од шала без ралика дали Сити кикснал со нив или не тоа се клубови кои се борат или за опстанок или се борат за средина на табелата.
За Вест хем и очекував тешка борба со оглед на играта од лани а и добри трансфери направија имавме среќа што Антонио не им играше.
 
Член од
15 јули 2018
Мислења
39
Поени од реакции
48
Абе ништо. Само давање 5 гола минимум на утакмица и победи од минимум 3 разлика секоја се рачунаат за ок перформанс.
So young boys gubime 2-1 u liga sampioni a go donesovme RONALDO.
Dali ni dale crven ili ne, so vakov tim da nemas sut u gol cela utakmica skoro e sramota ako si realen.
A za toa deka ima mnogu napredok u klubot od moyes, van gaal i mourinho 100% se slozuvam i ne sum hejter na Ole uopste ama sepak mislam deka nema da osvoime titula, daj boze da ne sum u pravo

Sent from my iPhone using Tapatalk
 
Kajgana Shop

На врв Bottom