Македонска берза

Член од
16 јули 2021
Мислења
1.078
Поени од реакции
1.934
Peter Lynch вели: Инвестирај само во она што најдобро го знаеш, што те интересира и причината за инвестирање во истото можеш да му ја раскажеш на десетогодишно дете во една минута, без грам потешкотија.

Под претпоставка дека ги владееш финансиите и банкарството бидејќи интересот го насочуваш натака, кога ќе ги видиш извештаите од неколку години наназад, вкучително и фундаменталното опкружување можеш да заклучиш дека банкарскиот сектор е релативно стабилен.

Акциите на трите банки се исто така ценовно коретно позиционирани на берзата. Нема простор за мудрување многу.

Кога би фаворизирал би ја избрал Комерцијална Банка. Не затоа што искинаа три пара кондури да поделат дивиденда во сред пандемија дури кога ЕЦБ и НБРМ сугерираа на спротивното, не затоа што ќе има 6.500 МКД (оваа година) книговодствена вредност, не затоа што ќе остане оваа година релативно низок соодносот цена / добивка по акција (п/е) од 10-11, не затоа што во мај ќе земеш 600 МКД нето дивиденда, не затоа што има 2.2 миљарди ЕУР актива (пола буџет на РсМ) туку затоа што банката ти е спремна мома за мажење.
Е сеа, многу ги потценивте мангиве што го истурија целиот заработен капитал во една акција без претходно добро осмислена стратегија како да се мултиплицираат. Имено и првиот човек на банката истури толку пари на 10.000 денари по акција како да нема утре. Банката во овие услови си има друга цена од таа што ја гледате на етрејдерот. Многу фактори како минатогодишно работење, пазарна вредност,гудвил но и потенцијна идна заработувачка верувам дека ќе ја крената цената на отпук од 15.000 МКД по акција (може и повеќе). Патем и во планот на работење на банката дослово ја бараат и најавуваат продажбата.

Другите две моми веќе се среќно омажени, очекувам умерен вообичаен раст и немам коментар.
 
Последно уредено:
Член од
19 октомври 2012
Мислења
293
Поени од реакции
249
Некое време го следам форумов, како четиво пред да почнам да инвестирам. Би сакал некое мислење од членовите на форумот која банка на долг рок е атрактивна за инвестирање. Идеата е да купувам и да држам подолго време, очекувајќи некој поврат. Гледам дека СТБ е all time high, некако летнаа за краток период и TNB и KMB, веројатно поради очекувањата за дивиденда од кешот што го собраа изминатиот период поради Одлуката на НБРСМ.
Секако да нагласам дека сум почетник :) па затоа може барам и basic информација. Секое инфо е добродојдено (очекувања за раст, пад, изгледи за дивиденди и сл.).
Не цели кон една акција (банка), диверзификација на ризик, купи од повеќе по малку. КМБ, ТНБ и СТБ се сите добри, ама размилси и за ТТК ( и они даваат дивиденда), УНИ (не даваат, ама има простор за капитална добивка можеби), ИНБ (шпаркасе) исто има добар потенцијал според мене (мада не се знае каква ќе им биде политиката за дивиденди).
 
Член од
30 март 2018
Мислења
1.454
Поени од реакции
1.883
И од мене еден шалабајзерски совет: кога некој ќе ти каже дека нешто е "коректно позиционирано", провери дали убаво ти е закопчан џебот со парите
 
Член од
2 март 2008
Мислења
3.803
Поени од реакции
66
Многу малку се спомнува Алкалоид на форумов. Реинвестираат, тековно дивидендите не им се интересни ... на долг рок, Алкалоид ќе биде најпрепознатлив македонски бренд, многу брзо ќе достигне вредност од 1 милијарда, т.е вредноста на акцијата па и би се дуплирала.
Тоа што на македонските богаташи не им е интересна се должи на немање бизнис етика, навика за брза и матна пара.

Комерцијана банка е потпрена на 3 4 компании во Македонија чии производи се берзански, кои за среќа сега котираат рекордно во последните 10 години. Тоа тркало е опасно, кога паѓа, паѓа.
А и зависни се политички, нова структура, ново преструктуирање. Владата дава субвенции на странците како кусур, кога се делат крупните работи, често државата, кај нас партијата на власт им наложува што и од каде ќе користат.
Сепак, нашата берза многу бавно ги рефлектира вистинските информации, а брзо шпекулативните.
Ништо не е тргнато на подобро, ниедна компанија не е подобрена или надоградена, а акциите се дуплираа .... олигарсите се свртеа кон Комерцијална, бидејќи имаат дилови, некои и уценувани да ги инвестираат таму.А ситните инвеститори, јавачите, треба да проценат кога ќе биде најпаметно да излезат, и да си остварат свој личен бенефит.

Одприлика тие две акции мене ми се фаворити, првата, доколку сакаш да купиш денес и да не отвараш берза следни 3 до 5 години .... втората доколку сакаш да следиш случувања и по потреба да влеваш и излегуваш.
 
Член од
16 јули 2021
Мислења
1.078
Поени од реакции
1.934
Би сакал и од ,,Позициониран Пекабеско'', да слушнеме некоја скромно-оспежна анализа или предлог ХВ. Остај сатирата на страна, недостасуваат твоите согледувања.
Автоматски споено мислење:

Најак е стереотипот Комерцијална банка е банка на олигарсите и ултра енормно зависи од политичките збиднувања. Небаре КМБ е Стопанска Битола. Оној мастодонтот Хари Гринспен од 96та година навака помина и создавање на држава, и транзиција, и војна, и промена на сите политички коњуктури и Ковиди и чуда. Разликата е тоа кога на Комерцијална ќе и тргне надолу ќе ги купи некој многу поголем уште истата вечер.
 
Последно уредено:
Член од
19 октомври 2012
Мислења
293
Поени од реакции
249
Пробав да споредам за КМБ износ што имаат на БС за преземени средства за ненаплатени побарувања и она што го имаат на нивната веб страна што продаваат или е во процес за присилна наплата...
Не знам стварно како ги прикажуваат, ама има многу голема разлика. На кратко, на БС има износ од оклу 350,000 евра, а вториот износ е од прилика 47 милиони евра.
Ако е некој поупатен у проблематиката, нека појасни.
 
Член од
2 мај 2020
Мислења
106
Поени од реакции
164

Attachments

Член од
19 октомври 2012
Мислења
293
Поени од реакции
249
@GODZIL@ ја знам јас регулативата, туку не ми беше верно дека е можно да постои толку голема разлика. На пример, НЛБ има 2,2 мил евра во БС, СТБ има 3,3 мил, а КМБ само 300к?

Најверојатно тоа значи дека повеќето средства што ги продаваат им се постари од 5 години и поради тоа не фигурираат во БС, ама што знам, пак ми е сумњиво
 
Член од
21 септември 2008
Мислења
5
Поени од реакции
2
Фала многу на сите за информациите :) Секако планот е да диверзифицирам, по малку од секаде и со тек на време да се направи некое портфолио што ќе носи солидни приноси на долг рок. Сметам дека е подобро од чување пари во банка или инвестирање во фондови. За почеток ќе одам со СТБ и КМБ, па да видиме како ќе се движи.
Фала уште еднаш.
 
Член од
10 април 2013
Мислења
1.107
Поени од реакции
705

TNB ti e najdobra, ama otide mnogu visoko so cenata.....
 
Член од
30 март 2018
Мислења
1.454
Поени од реакции
1.883
Анализи за ова имам пишувано у задниве 1-2 години, ама еве ви совет: плаќајте им што помалку пари на овие крлежи затоа што ви остваруваат катастрофално ниски поврати!

И секако: не се форсирајте, пијте повеќе вода и уживајте во мазниот вкус на Пекабета :ајнапиво:
 
Член од
8 февруари 2020
Мислења
4.807
Поени од реакции
7.185

Така е, уживајте во производите од Пекабеско, но успат купете акции од Алкалоид / Реплек. Со редовна конзумација на производите од ПКБ, гарантирано ќе станете и клиент на некоја од фармацевтските компании, па бар дел од парите потрошени за лекарства ќе си ги вратите. :D
 
Пекабетата содржи повеќе месо од многу поизвиканата Аргета, а слободно може да конзумираш по моја дамнешна препорака смрзнати зеленчуци и пршута (ајде бе Кутревци, нека стигне веќе нова тура, изгладневме!).

Инаку, би прогнозирал дека токму купувањето акции од Алкалоид и Реплек ќе биде причината за голтање Дијазепами, Лексилиуми и Хелекси како бонбончиња :pos:
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: BCC

BCC

Член од
3 септември 2021
Мислења
8
Поени од реакции
1
Пекабетата содржи повеќе месо од многу поизвиканата Аргета, а слободно може да конзумираш по моја дамнешна препорака смрзнати зеленчуци и пршута (ајде бе Кутревци, нека стигне веќе нова тура, изгладневме!).

Инаку, би прогнозирал дека токму купувањето акции од Алкалоид и Реплек ќе биде причината за голтање Дијазепами, Лексилиуми и Хелекси како бонбончиња :pos:
Nailed it !
 
Kajgana Shop

На врв Bottom