По другите форуми вријат против Макс, изгледа тој кај нас има најмногу фанови. Во првиот круг кога Луис напаѓаше во Аскари кривината Макс излезе од тркачката патека не само пред кривината туку и во самата кривина со цел да го исфрли, се гледа на сликите по Даниел и Ландо која е тркачката патека. Јес дека Макс беше сеуште понапред при влезот во кривина, зато и Луис се повлече ама тој остава 0 простор за противникот кога се брани ама затоа при напад сака да му се поттргнат по можност, во противно тој ке ги поттргни, уште се сеќавам пред 2 сезони на Леклер како му ја зеде победата на 3-4 круга пред крајот не се сеќавам која патека беше кога практично го истурка од патеката.
Прегледај го приврзокот 306890Прегледај го приврзокот 306891
Иначе во овој свиок често има напади на возачите и заедно по 2 болиди без проблем влегуваат и излегуваат од свиок паралелно, ама се разбира ако се фер тркачи.
Во Австрија Макс требаше да јаде казна кога го избутка Чарлс, исто како што Леклер требаше да добие повеќе од предупредување кога го избута Хамилтон во Монца пред 2 години. Ама стујардиве пичиња, страв им е да ги казнат РБ и Ферари на нивните домашни патеки, исто како што не го казнија Луис во Силверстон.
Сликиве што си ги ставил само докажуваат дека Хамилтон не е цвеќе за мирисање, ама Макс го јаде стапот ради репутацијата што ја имаше во 2015/16. 2017-2020 кога лабаво си земаше титули Луис со супериорен болид и циркузантите Ферари и Себ како противнци за сезона и пол топ му дојдоа за имиџот. Подзаборавија луѓето дека Луис и не е баш најчист/фер возач
Овие два свиока на сликиве се исти/слични како во Имола каде што Хамилтон исто така се прошета по тротоарчињата заради иста причина - агресивно возење на надворешната линија во кривина намената за болид и пол. И во Имола, и тука, Макс ја има внатрешната и супериорна линија за кривината, е пред Хамилтон, и си вози нормално како и сите други. Луис нема што да бара дуел овде кога е зад/до Макс на инфериорната тркачка линија и треба да се повлече.
---------------------------------------------------------
Да не постирам двапати, овој дел ко посебен коментар глеј го.
За казнава од 3 места на Макс не ми се ни збори, се посраа стујардите уште еднаш. Чист тркачки инцидент што испадна спектакуларен ради глупиот колбасест тротоар.
Макс влезе малце агресивно, Хамилтон не се дава и проба да го истурка, Макс нема каде да оди, мава во тротоарчето и бам бум му се качи на ушка.
Колку за споредба, Ботас доби 5 места за карамболот во Унгарија (заслужено). За што доби Макс 3 места казна тука освен да биде шампионатот понеизвесен?
Строл лета со пуна гас додека има жолти знамиња и стујардите не го казнија, само предупредување доби после трката. Критериумиве за казни на ФИА им се леле мајко...конзистентност нула.