Коронавирус (COVID-19) - Општа дискусија

  • Креатор на темата Креатор на темата A__
  • Време на започнување Време на започнување
Се разбудив у истиот свет од вчера. Кај што имам 11 пути помалце шанса да цофнам него тебе од ковидот, и дупло помалце шанса да го закачам. Она што останува е антиваксерче како тебе дека ќе се возака со брза помош додека некој чека со инфаркт да го земат ради пребукираност, а и дека ќе фатиш кревет на некој што му треба од други болештини за кои за жал, вакцина нема. Бројките си кажуваат како стојат работите, џабе ти е друго,а тие кажуваат дека не многу прскаат по лавабоа ;)
Динајл, тунел вижн, сега и игнорантност на факти кои не се уклапаат у светот кој си го изградил, како фактот дека сум го поминал вирусот и верувам оти земјата не е равна. ;)
 
А уште поинтересно е како вие бањатите, успевате да игнорирате политиката, кога баш политиката е целосно вмешана, од воведување на мерки, до присилување на вакцинирани кои прележале. Тоа што следите статистика, а не наука, тоа не е ни интересно, тоа е трагично. Секој си живее со последиците од своите одлуки.

Нели е ова политика:
https://www.theepochtimes.com/mkt_breakingnews/fauci-no-firm-answer-on-why-americans-who-recovered-from-covid-19-should-get-vaccinated_3992591.html?utm_source=News&utm_medium=email&utm_campaign=breaking-2021-09-11-1&mktids=3d1d1f5b34b1e9e421ef8e455373c5d8&est=y+0v6Afw82NdBz01u8SodyOcKc3eCQF3Q/6eesxrF2rfDrdeYsROV5nnzIiuz4s+rV9jTA==

Што е забраната на прележаните слободно да се движат каде сакаат, ако не е политичка мерка, кога ни Фаучи нема одговор :pos:

бафра, разликата меѓу тебе и политичарите е што секогаш ја носиш фолијата, затоа твојот коментар повеќе го ценам од било чив партиски обоен лик :)
 
Бафра треба да се почитува за доследност во ставовите...Што не значи дека се сложувам со истите...
 
На мајка ми колешка шуринајакта, у една поликлиника отишла да се вакцинира. На станување од столот и се лизнала левата нога од нешто мокро, паднала незгодно на кук и ене ја лежи веќе 2 недели. Сестрата и рекла дека дошол некој за 200 евра да му прсне преку рамо, ама чистачките очигледно затаиле. Тој што платил е виден 4 дена после како чекира визер за Копенхаген.
На мајкати колешка шуринајката!!!!!
Ми го напраи денов со "информацијава" брате,свака част!
хехехехехе
Најјак пост у темава откако постои!
:D :D :D

Sent from my SM-G975U using Tapatalk
 
Отворено е во паркот :D
Отворени се и дел од кафаните, рестораните и кафичите. Па и Саемот е на отворено. Само моловите, казината и кладилниците се затворени. Ама кладилниците работат и онлајн, плус мене без проблем ме пуштија (иако влегов само еднаш и не ми бараа папири (1/1)).

Ти викам, мерките се гола вода. Ако не можеме да се собереме во кафич, каде може да седнат 3-4 гости на маса, можеме во парк, каде ќе седнеме 10тина. И едното и другото е на отворено. :)
 
Кладилниците не работаат онлајн, владата го укина онлајн кладењето, барем кај нашите кладилници, додека за странските не знам. Асоцијацијата на казина и обложувалници се жалеше за овој потег на владата, која покрај тоа што финансиски го еба цел сектор со смешни мерки, уште повеќе го утепа со недозволување на онлајн кладење.

Иначе кладилниците и казината плаќаат најголеми даноци и најмногу допринесуваат во буџетот, повеќе од сите други сектори.
 
Кладилниците не работаат онлајн, владата го укина онлајн кладењето, барем кај нашите кладилници, додека за странските не знам. Асоцијацијата на казина и обложувалници се жалеше за овој потег на владата, која покрај тоа финансиски го еба цел сектор со смешни мерки, уште повеќе го утепа со недозволување на онлајн кладење.

Иначе кладилниците и казината плаќаат најголеми даноци и најмногу допринесуваат во данокот, повеќе од сите други сектори.
Ова не го знаев. Инаку чекај да го тагнам @Ron Burgundy кој смета дека младите треба да работат нешто попродуктивно и не е битно дали ќе пропаднат (дел од) тие 3.500 работни места. :)
 
Cesto ovde se pisuvase za Antibody-Dependent Enhancement, ADE sto mozelo da se pojavi po vakciniranje i so toa da imate opasnost loso da pominete koga ke se zarazite. Prof. Carsten Watzl inace imunolog ja negira ovaa teza koja e popularna vo anti-covid-vakcerski krugovi: https://www.focus.de/gesundheit/new...-zerlegt-antikoerper-theorie_id_21394292.html

Ako ve interesira podetalno povelete na translate. Da ne tapeciram ovde so latinica nekoi clenovi se zalea imale problemi pri citanje.
 
бафра, разликата меѓу тебе и политичарите е што секогаш ја носиш фолијата, затоа твојот коментар повеќе го ценам од било чив партиски обоен лик :)
Штом прочитав претходни твои постови, каде пљукаш по системот, знам дека има можност кај тебе љубовта да победи, затоа и не се откажуваме од тебе. Кога ќе преминеш од наша страна, ти ќе си нашиот човек за ПиАр :love:.
Остај ти сеа фолијата, + нели читаш дека е заразна. Многу членови (Тенеке, Трендс) почнаа да се прашуваат која е логиката во мерките, но откако ќе ни влезе, касно е ... :D
Кажи оти прележаните и младите мора да се вакцинираат... оти ја браниш и се радуваш на таквата мерка :P

Што не значи дека се сложувам со истите...

Ова се моите ставови, копирани од наука и доктори (не измислувам топла вода):
1. Научен став: смртноста е помала од 0.5%
2. Научен став: маските немаат ефикасност
3. Научен став: мерките кои ги имавме (затварање на цела популација, неработење на здравството) предизвикуваат штета врз човечкото здравје, па нема потреба ниту смее да се применат за цела популација.
4. Научен став: мерките кои ги имаме врска немаат со медицината (тоа веќе и вас ви е јасно, освен на дипломираните верници ко Филипче)
5. Научен став: протоколите по болниците (посебно Македонските) се катастрофални во поглед на резултатите. Во странство бар одма реагираат и менуваат, кај нас, после 5год можеби.

Не е проблем што не се сложуваш со овие ставови, проблемот ќе си дојде малку подоцна, но тогаш многу поголема цена ќе платите, него ли на почетокот да не им дадовте поддршка на политичарите. Џабе ќе бидат лелекања, колнења и пцуење (не се однесува лично за тебе) на форумов против грешките од системот, а уште понеефикасни ќе се протести по улиците.
 
Тука сите сме едногласни барем во едно нешто: политичарите и системот се кај нас поразителна комбинација, здравството ни смрди и мерките ретко кога биле логични.
 
Отворени се и дел од кафаните, рестораните и кафичите. Па и Саемот е на отворено. Само моловите, казината и кладилниците се затворени. Ама кладилниците работат и онлајн, плус мене без проблем ме пуштија (иако влегов само еднаш и не ми бараа папири (1/1)).

Ти викам, мерките се гола вода. Ако не можеме да се собереме во кафич, каде може да седнат 3-4 гости на маса, можеме во парк, каде ќе седнеме 10тина. И едното и другото е на отворено. :)
Минатата сабота каде што седев, од 10тина маси имаше луѓе само на 2. Претходно истите беа преполни.

Искрено не следам вести во последно време, не знам ни дали има промени, темава не ја ни отворав оти ми е напорна (90% бош муабети).

Мерките се гола вода, ама прво ќе се вакцинирате сите, а после ќе седите на маса со гости :D

Кај да е нека почнат славите, пак ќе пораснат бројките, па гратис и загаденото есен/зима...
 
Тука сите сме едногласни барем во едно нешто: политичарите и системот се кај нас поразителна комбинација, здравството ни смрди и мерките ретко кога биле логични.

Ако сме едногласни, како тоа мирно си ги прифаќате, а за тие што не ги прифаќаат, ги исмејувате, етикетирате и обвинувате дека се виновни за ширење...
 
Бафра душо, ај не продавај муда за бубрези..колку пати прашав јас, а и други членови, постои ли друго решение освен да бидеме слепи послушници...но никој никаков одговор не даде. Така да и ти ќе се чаталиш уште малку се додека не ти припретат со отказ од работа.
:backa:
 
Ако сме едногласни, како тоа мирно си ги прифаќате, а за тие што не ги прифаќаат, ги исмејувате, етикетирате и обвинувате дека се виновни за ширење...
Јас лично не ги етикетирам и не ги исмејувам... Им барам негативен ПЦР секој понеделник (на сопствен трошок).
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom