KupiKniga.mk - online нарачка на книги

  • Креатор на темата Креатор на темата goce76
  • Време на започнување Време на започнување
Добро чекам веќе 2 ипол недели за една книга медицинска на српски е....нормално е ова? Да не ја носат од Хаваите...има некој шо има порачувано сручна литература а да чека толку?

За книги од српски издавачи имаат пишано на сајтот дека може да се чека и до 20 работни дена. Веројатно тоа е така пошто чекаат да се соберат повеќе книги кои треба да се донесат од Србија, па после ги носат сите наеднаш. Така повеќе им се исплати. Јас имав нарачано една книга на 18 мај, а на 9 јуни ми стигна мејл дека можам да одам да си ја подигнам.
 
logo-KupiKniga111-650x219.jpg

Онлајн книжарница т.е продажба на книги од македонски и странски издавачки куќи и македонски книжарници.

Дали сте купувале од сајтов книги ?

Намерно не ја ставам темава во делот Интернет и трговија затоа што нема многу то да се водат разговори за начинот на купување бидејќи се работи за македонски сајт и наменет само за луѓе од оваа држава. Се купува преку картичка или со уплатница и тука нема некоја филозофија.
Повеќе задржете се на изборот на книги, предлог за купување книги, попусти, а интересно е што има да се аплицира и за бесплатна книга подарок да се добие.

ТОП 10 НАЈПРОДАВАНИТЕ КНИГИ ЗА 2012-2017
 
Не знам колку е битно ова, но на сите сајтови каде што сум вршел онлајн плаќања било secure.

upload_2017-5-5_19-9-32.png
 
Од сајтов имам купено 10-ина книги. Порано книгите се подигнуваа во зградата на Силбо, а сега е во една куќа во уличката после Веро Џамбо. Доброто е што често има попусти на одредени книги, лошото е што ако сакаш да заштедиш со тој попуст треба да ја одбереш опцијата сам да си ја подигнеш, па доколку не живееш во близина од местото, ќе се помачиш во тој поглед.
 
А за тие од други градови кога ја праќаат книгата по пошта ти доаѓа поштарот на врата дома како кога нарачуваш од Aliexpress ?
 
А за тие од други градови кога ја праќаат книгата по пошта ти доаѓа поштарот на врата дома како кога нарачуваш од Aliexpress ?

Секогаш дечкото ѕвони на мобилен, за да се осигура дека си дома, и до дома ги носи книгите. Јас живеам во помало место надвор од Куманово, и секогаш ми ги носи книгите на домашна адреса.
 
Имаат и сајт kupimoment.mk кај што има да се купуваат разно разни работи за секакви пригоди и празнувања. Има цвеќиња, балони, корпи украсни, Мислам а и мене ми се чини дека повеќе продажба имаат на купи книга со книгите.
 
Здраво,
Ве молам за препорака на некој сајт каде можам да нарачам книги со испорака во странство?
(освен купикнига).
 
Излегува книга од издавачот Лагуна, епска фантастика. Книга што морам да ја имам.

Се појавува дилема, околу начинот на кој би дошол до неа.

1. Да чекам Топер да ја донесе. Они прават три пати годишно увоз и релевантно е кога излегла книгата, а кога ќе ја донесат. Чекањето може да биде од 20 дена до пола година и повеќе.

2. Да ја купам преку купикнига.ком, што значи минимум месец дена чекање (иако на сајтот пишуе помалку).
 
3. Прошетај до Лесковац и купи ја директно од книжарницата на Лагуна. Со разликата во цена ќе го покриеш патот :)
 
Значи, скроз сум размислувал за ова.

Јас барав од интернет книжарниците или од издавачките куќи да ми ги пратат како "пост-рестант" (бираш во која пошта, а не на домашна адреса), најчесто во пошта која е веднаш до границата (па и пешки поминував кога немав зелен картон) или во Прешево или Врање. Вака земав некои книги на старо и со откуп.

Ми излегуваше многу поевтино отколку тука да ги купувам, а и онака книгата е поевтина онлајн отколку кај нив во книжара, па количински попуст и сл.

Е сега, не знам дали останаа интернет книжари што соработуваат со пошта или се со курирски служби само.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom