- Член од
- 14 август 2018
- Мислења
- 5.124
- Поени од реакции
- 11.783
Не само што не негирале, туку и добро знаеле дека земјата е сфера! Колумбо бил испратен со благослов од шпанската инквизиција. Целта била јасна и математички изложена. Наместо да оди на Исток околу Африка, само требало да тргне во спротивен правец на Запад и ќе стигне до Индија.Мислам дека ни Инквизицијата ни црквата не негирале дека земјата е сфера.
Ги палеле оние кои демантирале дека земјаа е центар на универзумот. И оние кои тврделе дека земјата кружи околу сонцето.
Ништо чудно дури и за Мрачниот Среден Век!
Некој веќе спомна за Ератостен кој прв точно го пресметал обемот на земјината топка, а тоа се случило многу уште пред христијанството да стане религија 3век п.н.е.
Питагора во 5век п.н.е го заклучил истото, а докази има и во древна Индија и Вавилон дека знаеле за формата на земјата.