Аутизмот или спектарот е развојна состојба и се појавува на мала возраст, се детектира околу 3 години, состојбата е последица на несоодветно развивање на одредени центри во мозокот, затоа често се прави спек скен да се утврди токму тоа, обично центарот за говор и разбирање страдаат. Тенеке може да развие други состојби соодветни на негови години но не и Аутизам. За Зурла, постои патерн кај овие луѓе, до сега е увидено дека тоа се добри души кои во еден момент согледуваат дека живеат околу психопати и развиваат комплетна недоверба кон се што им е кажано, равна земја е само почетна фаза која бргу се надминува, следно се НЛО и што светските влади кријат од нас, после се јудеомасоните и илуминатите како олицетворение на психопатите, па банкарскиот систем, па обично зиркаат и во марксизам во позрела фаза, па психоделици и тн. Мене ми е симпатичен оти со сигурност знам дека не е психопат што ми е лично побитно од фактот дека он мисли оти земјата е равна. Се надевам само кога ќе дојде во фазата за психоделици дека нема да заглави со печурките и пушење ДМТ па да спржи мозак туку ќе дојде кај мене да му дадам пејоте.