Која логика е прележан, што има антитела да се вакцинира?
Нема логика, но ете се форсира на максимум.
Башка тоа пусулчето за прележан едниствено и единствено кај нас важи 45 дена, што секаде е 6 месеци.
Значи СИТЕ држави се ГЛУПАВИ, ние сме ВРВ. (тоа се вели слушај го Филипче)
Мое мислење, си прележал, антитела имаш -природно вакциниран, уживај. После одереден период (кога ќе секнат антителата) океј, може вакцина.
Ајде ние непрележани што примивме вакцини. На три месеци боцкање -нема шанса (мој став).
Него од работа, денеска бевме на систематски (фала богу се под конец), па и проверка на антитела (ИГГ и ИГМ).
Втора доза АЗ примена почеток на јуни месец, денес имам антитела 198 (реф. вредност 0.8 -Roche метода) . И ИГМ одеше во анализата, тоа фала богу си е 0 (нула).
Добро е што траат антителава, можеби векторските вакцини ќе обезбедат подолга заштита за разлика од мРНА. Ќе видиме, сеуште е рано да се збори.
Кај мене компаративно за три месеци имам пад на антитела за само 4 U/ml
Е сега, Делта и остали соеви и сегашната ефикасност на вакцината кон овие НОВИ соеви е друга работа. Малку разочарувачки, но тоа е.
Инаку блиски пријатели прележаа Ковид пред две недели.
Мажот вакциниран со АЗ, сопругата негова со Фајзер.
Како настинка им помина за една недела, ни ддимери им се покачија ни ништо, железо малце доле и се кренаа потполно на нозе. Како настинка го поминаа.