Самиот назив доволно кажува…
Камиказа… Значи иде влетува и не му ја мисли многу. All in бато.
До толку е глуп што дозволи да биде топовско месо за Левица да си има медиумска покриеност пошто кој ги шиша советниците, иако прашање колку поени ќе им носи самиот он (вака гледајќи го вчерашното ОЧАЈНО интервју, само негативни поени)
Плус, влагање all in за да партијата добие некаков залог за после да ги уценува поголемите и да го одржи членството во некаква изборна форма.
Од авион им се гледа дека скриената цел на Левица им е секретарот Хактан да влезе во совет (бр.1), ако може уште некој тоа ќе биде бонус и после со ораторство и добро разработени социјални мрежи да растат.
Секако истото важи и за индивидуалните општини во Скопје и низ државата.
Таа премиса, СДСМ-ВМРО-ДУИ-АА се пролив, па со слаткоречивост и доза на национал-романтизам во симбооза со југоносталгичарство ние ќе покажеме дека сме различни, вешто прикривајќи ја нашата латентност, очигледно поминува кај народот.
Она што сериозно им фали е тим на луѓе од реален сектор, неизвалкани индивидуи и секако, некорумпиран, неизвалкан доктор(експерт) по еконономија … Good luck with that, од повеќе причини - левичари се, а експертите по економија и левичарството - не иде баш, а и економските експерти во ера на ултра напредни берзи, банкарски системи, криптовалути и дигитални монетизации, не би ги лесно натерал да се вклучат у политика.
Еден експерт/професор во економската сфера (како што е Апасиев по уставно право пример) може многу брзо да ги најде сите економски недостатоци на системот и да склопи доста сериозна економска политика, на централно и на локално ниво.
Далеку од сериозна, ама за разлика од овие плукни-залепи, трчај лажи и невозможни а помпезни економски памфлетчиња ќе делува и изгледа доста сериозно. ^Се разви некоја страница претходно дебата околу ова, чинам од
@Lester Freamon
За жал, Левица идеолошки е одбивна за такви луѓе и општо, ретки се таквите во државата што ќе влезат у курварлук.
Покрај ова, имаат доста маани и во други сфери особено кон младите за кои тврдат дека ги поседуваат како гласови.
Мислам ок се, ги дрмаат коалиционите партнери сдс-дпмне, и толку. За нивната траекторија, која што ја потенцираше
@Beric Dondarrion ја би рекол дека неизбежно води кон просечност и неисполнети очекувања.
Би ја гласал Левица за советничка листа пример, само и само заради тоа што ќе ги дрма коалициониве партнери и ќе им дише у врат и ќе објавува скандали. Тоа е траекторијата за сега, но таа е само краткорочна. Долгорочната, мислам дека е просечност, латентност, голо ораторство и неисполнети очекувања.
Дај боже да ме премислат.