Со должна почит кон дечково на фотката, ама поприлично сум сигурен дека ако беше Салиба во составот на местото на било кој поединец, резултатот ќе беше истиот.
Никогаш нема да ја сфатите поентата, ама еве ќе пробам пак
Значи Салиба купен за 25м, без ниедна компетитивна утакмица за Арсенал пратен на позајмица две сезони по ред, и во двата тима игра прва постава, најдобар дефанзивец во тимот на 20години, нема квалитет за Арсенал ама затоа Колашинац, играч што пробуваат со сите сили да го продадат било каде, ланска полусезона позајмен на Шалке, испаѓа од лига е тој има квалитет да игра дерби со Сити.
Пабло мифката Мари, купен лично и персонално од Артета, негов играч седи на клупа, прв тим Сеад факинг Колашинац истиот тој што пробуваш на секаков начин да го избркаш од клубот.
Му дава нов договор на Џака, играч што самиот цело лето пробуваше да замине во Рома, имаше дури и изјави, црвен картон 30та минута, ништо ново.
Има низ нос да ви ги вадам овие решенија и избори на Артета на сите што му давате/вте поддршка и кој се водевте по двојни аршини.
Sent from my Redmi Note 9S using Tapatalk