Lester Freamon
A man of focus, commitment, sheer will...
- Член од
- 14 јануари 2015
- Мислења
- 16.241
- Поени од реакции
- 36.549
Дали само во Македонија имаше прогласено пандемија? Дали само Македонија имаше воведено мерки?Баш затоа до 2020, си постоеле процедури и правила, според кои се одредувало дал има потреба од прогласување пандемија или нема. Во 2020 тоа, пупу не важи, како што и Филипче изјави за прележаните.
Вака ем мала смртност, ем на почетокот 2020, не затворија, не работеа повеќето здравствени одделенија и го исплашија народ, дека, ако Бетмен те закачи, умираш.
Вирусот докажано е дека само кај одредена група прави проблеми, додек мерките што ги воведоа на почетокот, направи проблеми кај целото население. Како што кажаа, тие проблеми само повеќе ќе се зголемуваат.
Нели е поголема штета, кога правиш проблеми на целата популација и тоа кога се работи за мала смртност, на одредена категорија граѓани.
Тужби ќе фрчеле на сите страни, ќути не ме смеј. Плус ако владата направеше како.во Шведска, со препорака, нема што тужба, не си внимавал.
Ајде живеј, штом е мала смртноста, народ забрзано се вакцинира, брзо ќе ги отворат границите. Нормално ако излезе ламбадата дека е поопасна од делтата, тогаш пак идеме од почеток![]()
Ете спореди имаш земји со различно општествено уредување, па секаде е слична приказна.
Шведска направи еден интересен експеримент и на ок здравство стигна да има 15 000 мртви на 10м популација. Австралија на пример со строгите мерки има под 1000 починати на 26 милиони популација. И едната и другата се напредни држави со неколку класи подобро здравство од тука. Ете ти прави математика за смртноста.
Затворени во однос на тоа дека сеуште има рестрикции и карантини. Поентата на муабетот ми е дека ако дигне процентот на вакцинирани ќе стануваат се полабави правилата за патување, т.е големата слика за неколку месеци е таа. Австралија веќе најави дека ќе има олеснување за вакцинираните, што ќе влијае директно врз ослободување на капацитети за карантин (во моментов пуштаат влез онолку колку што имаат капацитет во карантин), што е пак во директна корелација и со зголемување на летовите (во моментов летовите се бројат на прсти и авионските карти достигнуваат и по 20к евра во правец).Не сфаќам зошто ова ми го постираш? Јас знам што бараат за во УК да влезеш и да излезеш, ама тебе не те сфаќам зошто викаш упорно дека границите се затворени? Беа затворени на почетокот, да, ама сега не се.
Јас сум во хотелската индустрија и можам да ти кажам дека лани и оваа година направив најмногу бизнис, баш кога скоро сите се жалеа дека нема пари во хотелиерството.
Не те заебавам кога ти викам дека баш од кога почна кризата направив најголема заработка, дури и повеќе од 2019 кога беше таа златна година на светско ниво за хотелиерството.
Се зависи од тоа како ќе се адаптираш спрема пазарот и условите. Не викам никако дека беше лесно, да не ме разбереш погрешно, меѓутоа и сам знаеш дека секогаш има прилика да се заработи ако се адаптираш.
Затоа и понатаму се чудам зошто велиш дека границите се затворени кога имам туристи од цела Европа па и пошироко ако ги земиме во предвид бизнис клиентите кои патуваат ради работа.
За во УК имаш пак разлика на вакциниран и невакциниран. Првиот треба да направи тест и ако е негативен си тера понатаму, а вториот треба ем тестови ем да седи во карантин 10 денови, кое не само што ќе те удри сериозно по џеб, туку и не е практично ни за туризам ни за бизнис зборувам за од кај нас, портокалова зона).