Сакам да извршам самоубиство

Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
19 април 2021
Мислења
48
Поени од реакции
51
Незнам како уз кој муабет сум кажал тогаш сума и за што било 2-3 месеци не се коцкам немам ни со што немам ни нерви за тоа веќе долгот ми е тој од пред 4 -5 месеци навКа
 
Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
16.238
Поени од реакции
36.513
Patronising на суицидално склони личности е секогаш a no-no, треба да имаш предвид дека топикстартеров е во т.н. "tunnel vision", во кој не гледа друго „разумно“ решение кое вие го имплицирате. Ако сакаш да помогнеш, бујрум, ако не сакаш и понатаму „мудрувај“. Само имај предвид дека темава не е за личен скор за тебе и твоите „луцидни“ забелешки, туку за потенцијален спас на еден човечки живот.
Не е мудрување, решение има, не треба ни да помисли на самоубиство бидејќи овој долг се враќа без проблем.
Незнам како уз кој муабет сум кажал тогаш сума и за што било 2-3 месеци не се коцкам немам ни со што немам ни нерви за тоа веќе долгот ми е тој од пред 4 -5 месеци навКа
Ако си го баталил коцкањето еден чекор ти е веќе направен и си чекор поблиску до решението.
Вториот ти е агенција што посредува за работа за надвор, не фаќај работа со преваранти туку оди си легално преку агенција.
Оди во оваа тема и прашај за детали која од агенциите средува најбрзо работа, мои роднини одеа преку Контекст ама тоа беше пред 2 години, со коронава не сум во тек.
 
ruller

Expert
Член од
5 септември 2011
Мислења
523
Поени од реакции
350
Психички паднат неможам сите притосоци да ги издржам премногу влегов во долгови
Немам никаков излез
Дефинитивно ке се убијам неможам повеќе
Drugar, tuka sme site za tebe. Iako ne te poznavam, jas kako i site drugi ovde ne sakame da si go odzemes zivotot, zivotot koj ti go podarile majka ti i tatko ti koi veruvam deka rabotele i pravele se za ti da imas sto poudoben zivot. Zamisli kako ke im bide niv, nema nisto poloso za roditel da go zagubi svoeto cedo, bez ogled na vozrasta! Sovzemi se malku, razgledaj okolu tebe, kako ke im bide na tie sto im e stalo do tebe. Zivotot za nikoj ne e lesen, zatoa se borime. I ti si borec, veruvam deka ke go prebrodis i ova, samo daj si malku vreme da vidis sto e kako e. Pozdrav i ne se davaj! Ako te nema tebe, nikoj ne dobiva, a mnogu luge ke izgubat...
 
Член од
7 декември 2019
Мислења
4.633
Поени од реакции
8.205
Незнам како уз кој муабет сум кажал тогаш сума и за што било 2-3 месеци не се коцкам немам ни со што немам ни нерви за тоа веќе долгот ми е тој од пред 4 -5 месеци навКа
Кога веќе си дошол на форум, не си до толку! Помага правење список, кој е спасот од ситуацијата, па си идеш по ред
1. самоубиство
2. да ги решиш тие на кои си должен
3. да исчезнеш негде и
4. пиење дијазепамчиња ,стегање душа и пополека да го вратиш долгот и да си продолжиш да живееш со школото од овој процес.
Е сега, после удри една површна анализа што ќе направиш со секоја од овие точки.
1. Не го решаваш проблемот, само ќе го префрлиш долгот на роднините, плус ќе ги оставиш со трауми и во трошоци.
2. Ќе заглавиш во затвор, каде и да сакаш нема да можеш ни да се самоубиеш. тек таму мќе видиш што е пекол у живо, твоево сега ќе ти изгледа мачја кашлица.
3. Тешко, пред 20-30 години можеше, сега сите сме такаречи чипирани, за 2-3 месеци каков си без пари ќе те фатат. Инаку знам еден човек во Грција( не е од Мк) има избегано од лежеље затвор за убиство. Верувам сега да го прашаат би избрал да одлежи. Живее како куче, на милост и немилост на локалните џандари.
4. За некое време од почнување со работа, ќе влезеш во пазарот за труд, а таму секогаш има потреба од раце! Идејата со странство е Ок, ем ќе бидеш подалеку што ќе те одалечи од проблемот и ќе ти влева некоја доза на сигурност. За 2-3 години може да се заштеди таа сума, без откажувања од најбитните работи.
То ти е друже, оќеш слушај, нејќеш не слушај ама дека нема излез не е точно.
 
Член од
18 август 2021
Мислења
13
Поени од реакции
6
Де жити се дај ми 1000 евра да ми се деси фикција и да нит сум ти должен нит ништо.
Банките го расипаа рационалниот светоглед на омладинците.
Они така го претставуваат целиот концепт.
 
Член од
21 септември 2011
Мислења
706
Поени од реакции
2.140
Како го пративте во странство дури и Америка, ко да го имаме најмоќниот пасош во светот или со стара лична карта може да ги мине границите.

А дали е анонимен треба да се прашаат некои членки на форумов задолжени за приватни информации.:D

Иначе проблемот не се решава на форум, побарај помош од стручни лица.

Проблемот е решлив.
 
LepiDzoni

Profesionalen ulichen cigan
Член од
25 јули 2014
Мислења
1.387
Поени од реакции
3.594
Психички паднат неможам сите притосоци да ги издржам премногу влегов во долгови
Немам никаков излез
Дефинитивно ке се убијам неможам повеќе
2019 година работев градежништво на мешалица за малтер, дневница 1000 денари, оброк и превоз од фирма. За време на првиот карантин, другар ми позајми книги од Џордан Питерсон. Во 2021 година завршив курс и работам дигитален маркетинг. Имам кафич, станови и бургер бар.

Oд неамбициозен и несериозен лик, книгите на Џордан Питерсон ме направија успешен човек. Спореди се со личноста којашто беше вчера, а не со некој друг. Не зависи од никого. Во ниту еден момент! Убав ден.
 
interlove

Die with memories not dreams
Член од
14 ноември 2014
Мислења
2.440
Поени од реакции
3.698
Хаха читам и се смеам, за 30к фатил размислува да се самоубие, добро бе ти дали си нормален?!

30м да се во прашање не треба кур да те боли, само пази на тие што им должиш пари да не им паднеш на раце па да те самоубијат тие, наместо ти самиот...

пс. Ако се лихвари на тие што им должиш секогаш постои опција да им ебеш матер ти првиот, наместо они тебе, и така ќе спасиш повеќе луѓе од нив.
 
Член од
24 август 2021
Мислења
1
Поени од реакции
3
Дај бе луѓе мислете малку што пишувате, сакајќи да му помогнете уште толку ќе го поттикнете.
Си кажа убаво бил во Шведска го изиграле и уште толку заглавил.
После пиша дека бара помош за работа во странство, па белким од толку голем форум некои живеат во странство. Ако можете помогнете му.

А што се однесува до тебе @Dejmac со самото тоа што бараш помош и размислуваш како да си го решиш проблемот ти си ја сфатил грешката. Иако мислиш дека не мрдаш од таа состојба која не можеш да ја смислиш и не ти дава мир, ти си направил многу чекори напред. Да се откажеш од коцка не е лесно, а ти си го направил тоа, да се покаеш за тоа што си го правел исто не е лесно, но ти и тоа си го направил, ти се бориш човек и треба да продолжиш да се бориш. Долгот ти е голем да, може и претерано голем за стандардот кој што е кај нас, но не е нешто што не може да се исплати. Ниту си првиот ниту ќе бидеш последниот што се соочил со вакво нешто, а што се однесува до тие што им се дијагностицирани тешки болести, ти имаа погоре спомнато да посетиш некои такви места, па само размисли, тие трошат и потребни им се многу повеќе пари него долгот што го имаш ти, само што кај нив лошо е тоа што освен хуманоста нема како да стигнат до тие суми, за да пробаат да си го спасат животот. Па затоа кажи фала што можеш да работиш и те служи здравјето.
Секој може да згреши и греши во животот, но секоја грешка може да се поправи. Ако ти не можеш да најдеш решение, кажи на твоите најблиски, може тие ќе најдат. И биди малку силен, за тебе за твоите.
 
Член од
10 септември 2016
Мислења
9.333
Поени од реакции
19.028
Луѓе зборуваме за човек кој можеби нема денар во џебот, кој може нема да јаде оваа вечер затоа што е крај на месец. Лесно е да му кажеш надвор, како ќе отиде надвор кога
Како го пративте во странство дури и Америка, ко да го имаме најмоќниот пасош во светот или со стара лична карта може да ги мине границите.

А дали е анонимен треба да се прашаат некои членки на форумов задолжени за приватни информации.:D

Иначе проблемот не се решава на форум, побарај помош од стручни лица.

Проблемот е решлив.
Тргнав ова да го пишувам прееска ама си реков ај да не ја тераме темата у погрешен правец. Треба да се прифати реалноста колку и да е тешка, јас најдобро знам што значи коцкањето и дека финансиски последици ќе имаш и после многу години, но не можеш ништо да вратиш назад. Е сега он е во минус а плус и заглавен, разликата кај коцкарите е во тоа дали си заглавен кај други, но и тогаш реалноста е таа и се прифаќа. Може некој не го сфаќа сериозно но јас за многу помал прпблем поврзан со коцката сум размислувал на такво нешто, знам дека и многу луѓе се самоубиле од таа причина, како што ми кажа човекот во ПП не бил таков лик порано и има семејство, тоа е многу голем проблем и е многу ранлив, баш затоа ми е страв за него.

И покрај се остани до крај друже, не го одземај животот, давај шанса секој ден, ќе ти дадам уште еден совет а тоа е секогаш при таква помисла имај некоја слика од детето, ќе те предомисли и дај му шанса на животот, знам дека звучи без логика но повеќе од тоа ништо не можеш, можеби ќе имаш нова шанса, верувај во тоа и остави се на моментот.
 
Член од
19 април 2021
Мислења
48
Поени од реакции
51
Најмногу ми е тешко и неможам да се помирам е што го изгубив угледот насекаде.Од човек што беше пример за секого станав најлошиот.Ги разочарав многу гледам секој ме избегнува секој зборува лошо за мене.
Ги разочарав моите најблиски кои секогаш беа уз мене.Тоа најмногу ме боли и едноставно неможам да го издржам ова едноставно како да не припаѓам веќе нигде.
Многу добри совети имам примано од блиски што да правам како да правам но еве си признавам јас имам психички проблем иако ги слушав едноставно не превземав ништо како изгубен бев и се што пробав ништо не ми тргна на добро.99% од проблемот го знае фамилијата но за жал финансискиот проблем е тешко да се реши.Знам само дека ако издржам да не направам некоја лоша работа а се мислите ми идат кон тоа најверојатно ке дочекам да преспијам мирна ноќ мирно утро и дека еден ден ке бидам старата личност дури и подобар.
Кажувајте добар психијатар
 
B

Boudicca

Гостин

Наташа Доновска - 070/650-192, психијатар при Воена болница, Ивана Станковска - 072/311-677, психотерапевт од психолошкото катче „Мандала“.
 
Член од
30 јуни 2020
Мислења
3.091
Поени од реакции
11.536
Sorry za off topikot ali morav.Dojdi kaj mene vo maalo i kazi gi ovie zborovi vo lice da te vidam.

Ke zamolam moderator da go izbrise negovoto a i moeto mislenje posle nego slobodno.
Не се чатали бадија. Можеше само да му го пријавиш постот до модератор, а ако сакате приватно да си ги мерите на кого му е подолг имаше опција да му пишеш приватна порака. Вака и тој будала со коментарот што го напишал обидувајќи се да испадне смешен, ама и ти будала со репликата која блага веза нема со темава.

Најмногу ми е тешко и неможам да се помирам е што го изгубив угледот насекаде.Од човек што беше пример за секого станав најлошиот.Ги разочарав многу гледам секој ме избегнува секој зборува лошо за мене.
Ги разочарав моите најблиски кои секогаш беа уз мене.Тоа најмногу ме боли и едноставно неможам да го издржам ова едноставно како да не припаѓам веќе нигде.
Многу добри совети имам примано од блиски што да правам како да правам но еве си признавам јас имам психички проблем иако ги слушав едноставно не превземав ништо како изгубен бев и се што пробав ништо не ми тргна на добро.99% од проблемот го знае фамилијата но за жал финансискиот проблем е тешко да се реши.Знам само дека ако издржам да не направам некоја лоша работа а се мислите ми идат кон тоа најверојатно ке дочекам да преспијам мирна ноќ мирно утро и дека еден ден ке бидам старата личност дури и подобар.
Кажувајте добар психијатар
Ај вака да те прашам, ако седниш во автобус и одиш на 600км од местото каде живеш дали некој ќе те познава и дали ќе ти биде срам од некого?
НЕ, ниту некој ќе те познава ниту ќе имаш од кого да се срамиш ако го сретнеш на улица и тоа замисли за ебани 600км (еден Београд е на таа оддалеченост).

Така да паѓа во вода тоа дека угледот е нарушен. Едноставно никој не те знае, така да ова со нарушениот углед е само една привидна категорија во твојата глава според сликата на тоа ШТО ДРУГИТЕ очекуваат од тебе и КАКО ТИ си ги изневерил нивните очекувања.

Две работи:
1. Ти е гајле. Луѓе фабрики испозатворија, заради нив фамилии останаа по улици па ене ги влакно не им фали, насмеани, исправени одат - не се грижат за углед.
2. Замини на страна за да не те измачува таква помисла, каде никој не те знае и започни од 0.

Крај краева имаш дете. Било која лоша помисла да ти дојде треба прво да помислиш дека детето ќе ти расте осакатено т.е. со еден родител.
Дали може да го избегнеш тоа? - Може.
Дали ќе се случи преку ноќ да ги заработиш и вратиш парите? - Не.
Дали во меѓувреме ќе ти е лесно? - Не.
Дали сепак на крај ќе успееш? - ДА!

Значи што останува? Останува кога ќе ти додјат црни мисли да се сетиш дека имаш дете кое зависи од тебе и дека оваа состојба е ПРИВРЕМЕНА и нема да му дозволиш ниту да те ограничи, ниту да ти ја одземи волјата за живот, најмалку да те дефинира како човек.

Замисли, од др страна, како ќе биде ако повторно заминеш на страна, ти се посреќи и заработиш доволно па да дојдеш и да се разборџиш насекаде.
Крај краева ако ти се борџовите по луѓе, а не по банки, можеш секој месец да им праќаш дел по дел од средствата преку брз трансфер на пари.

Ете и погоре ги прочита сите членови како ти викаат дека таа сума на пари не е нерешлива. Истото го мислам и јас.

Исто, мислам дека си човек кој длабоко се кае за срањата во кои си западнал во некој период од животот - да не беше така, да ти беше сеедно или ќе продолжеше да коцкаш или досега ќе се отепаше.

Ти, наместо тоа, се обиде со странство па западна во некои срања и повторно се обиде изгледа тука (или не, небитно) за на крај да дојдеш да бараш помош уште еднаш но овој пат со помисла на самоубиство.

Не си ти неуспех во туѓите очи, туку во своите - тука е проблемот.
Престани да гледаш така на себе туку гледај како на решителен човек кој ќе направи СЕ' за да ја промени својата моментална состојба.

Ништо не е вечно на овој свет и сите ситуации се привремени, сфати го тоа. Бори се.

Додека не најдеш на страна и тука може да работиш 2 работи и да заработуваш одредена сума на пари со која барем малку ќе одвојуваш за да враќаш долгови.

Гледај да си го задржиш потесното семејство и најбитно од се' не прифаќај критики ниту од форум, ниту од комшии, пријатели и слично, пред очи нека ти биде само да излезиш од тука и да работиш напорно додека не ги вратиш сите долгови. После тоа друг е муабетот и околностите.

Ќе успееш. Не е лесно, но ќе успееш. Запомни, најтемно е пред да се раздени. ;)

Биди упорен. Без предавање.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom