Sorry za off topikot ali morav.Dojdi kaj mene vo maalo i kazi gi ovie zborovi vo lice da te vidam.
Ke zamolam moderator da go izbrise negovoto a i moeto mislenje posle nego slobodno.
Не се чатали бадија. Можеше само да му го пријавиш постот до модератор, а ако сакате приватно да си ги мерите на кого му е подолг имаше опција да му пишеш приватна порака. Вака и тој будала со коментарот што го напишал обидувајќи се да испадне смешен, ама и ти будала со репликата која блага веза нема со темава.
Најмногу ми е тешко и неможам да се помирам е што го изгубив угледот насекаде.Од човек што беше пример за секого станав најлошиот.Ги разочарав многу гледам секој ме избегнува секој зборува лошо за мене.
Ги разочарав моите најблиски кои секогаш беа уз мене.Тоа најмногу ме боли и едноставно неможам да го издржам ова едноставно како да не припаѓам веќе нигде.
Многу добри совети имам примано од блиски што да правам како да правам но еве си признавам јас имам психички проблем иако ги слушав едноставно не превземав ништо како изгубен бев и се што пробав ништо не ми тргна на добро.99% од проблемот го знае фамилијата но за жал финансискиот проблем е тешко да се реши.Знам само дека ако издржам да не направам некоја лоша работа а се мислите ми идат кон тоа најверојатно ке дочекам да преспијам мирна ноќ мирно утро и дека еден ден ке бидам старата личност дури и подобар.
Кажувајте добар психијатар
Ај вака да те прашам, ако седниш во автобус и одиш на 600км од местото каде живеш дали некој ќе те познава и дали ќе ти биде срам од некого?
НЕ, ниту некој ќе те познава ниту ќе имаш од кого да се срамиш ако го сретнеш на улица и тоа замисли за ебани 600км (еден Београд е на таа оддалеченост).
Така да паѓа во вода тоа дека угледот е нарушен. Едноставно никој не те знае, така да ова со нарушениот углед е само една привидна категорија во твојата глава според сликата на тоа ШТО ДРУГИТЕ очекуваат од тебе и КАКО ТИ си ги изневерил нивните очекувања.
Две работи:
1. Ти е гајле. Луѓе фабрики испозатворија, заради нив фамилии останаа по улици па ене ги влакно не им фали, насмеани, исправени одат - не се грижат за углед.
2. Замини на страна за да не те измачува таква помисла, каде никој не те знае и започни од 0.
Крај краева имаш дете. Било која лоша помисла да ти дојде треба прво да помислиш дека детето ќе ти расте осакатено т.е. со еден родител.
Дали може да го избегнеш тоа? - Може.
Дали ќе се случи преку ноќ да ги заработиш и вратиш парите? - Не.
Дали во меѓувреме ќе ти е лесно? - Не.
Дали сепак на крај ќе успееш? - ДА!
Значи што останува? Останува кога ќе ти додјат црни мисли да се сетиш дека имаш дете кое зависи од тебе и дека оваа состојба е ПРИВРЕМЕНА и нема да му дозволиш ниту да те ограничи, ниту да ти ја одземи волјата за живот, најмалку да те дефинира како човек.
Замисли, од др страна, како ќе биде ако повторно заминеш на страна, ти се посреќи и заработиш доволно па да дојдеш и да се разборџиш насекаде.
Крај краева ако ти се борџовите по луѓе, а не по банки, можеш секој месец да им праќаш дел по дел од средствата преку брз трансфер на пари.
Ете и погоре ги прочита сите членови како ти викаат дека таа сума на пари не е нерешлива. Истото го мислам и јас.
Исто, мислам дека си човек кој длабоко се кае за срањата во кои си западнал во некој период од животот - да не беше така, да ти беше сеедно или ќе продолжеше да коцкаш или досега ќе се отепаше.
Ти, наместо тоа, се обиде со странство па западна во некои срања и повторно се обиде изгледа тука (или не, небитно) за на крај да дојдеш да бараш помош уште еднаш но овој пат со помисла на самоубиство.
Не си ти неуспех во туѓите очи, туку во своите - тука е проблемот.
Престани да гледаш така на себе туку гледај како на решителен човек кој ќе направи СЕ' за да ја промени својата моментална состојба.
Ништо не е вечно на овој свет и сите ситуации се привремени, сфати го тоа. Бори се.
Додека не најдеш на страна и тука може да работиш 2 работи и да заработуваш одредена сума на пари со која барем малку ќе одвојуваш за да враќаш долгови.
Гледај да си го задржиш потесното семејство и најбитно од се' не прифаќај критики ниту од форум, ниту од комшии, пријатели и слично, пред очи нека ти биде само да излезиш од тука и да работиш напорно додека не ги вратиш сите долгови. После тоа друг е муабетот и околностите.
Ќе успееш. Не е лесно, но ќе успееш. Запомни, најтемно е пред да се раздени.
Биди упорен. Без предавање.