Коронавирус (COVID-19) - Општа дискусија

  • Креатор на темата Креатор на темата A__
  • Време на започнување Време на започнување
Излезе нов patch за меркиве. :D

Донесени новите мерки: Без разлика на капацитетот, мора да сте вакцинирани за да одите во кафеана!
Ќе видиме до кога затоа што избори се ближат.Цела нивна среќа е што се локални па можат да го опипаат пулсот на гласачите.Сега и ќораво и сакато што не излегувало на избори ќе излезе да гласа контра СДСШ па дури и добар дел од нивните симпатизери кои не сакаат да се вакцинираат.
 
Еве и во Македонија како што објавија односот е 10:90 вакцинирани према навакцинирани хоспитализирани а вакцинираните со полесна слика. Слично е секаде и се гледа ефектот од вакцините. Ако не му е некому дојдено до читање и верување студии сликата на терен е јасна. Туку само ќе кажам за пренесувањето на вирусот. Инфициран вакциниран и инфициран невакциниран во иста мера може да го пренесат вирусот. Арно ама шансата вакциниран да се инфицира е многу помала, така да помалку инфицирани значи помалку преносители.
Автоматски споено мислење:

Почнува да излегува дека веќе секој трет познава некој што починал, по примена вакцина.
Не треба све да се верува што некој пишува низ интернетот.
 
Еве и во Македонија како што објавија односот е 10:90 вакцинирани према навакцинирани хоспитализирани а вакцинираните со полесна слика. Слично е секаде и се гледа ефектот од вакцините. Ако не му е некому дојдено до читање и верување студии сликата на терен е јасна. Туку само ќе кажам за пренесувањето на вирусот. Инфициран вакциниран и инфициран невакциниран во иста мера може да го пренесат вирусот. Арно ама шансата вакциниран да се инфицира е многу помала, така да помалку инфицирани значи помалку преносители.

ако се со лесна клиничка слика што к.р бараат на инфективна ,филипче ти е гуптин прав
гледаш дека сите исто праат
Шведска најапеметно направи ааа да заборавив доктори и у селата имале :D
 
ако се со лесна клиничка слика што к.р бараат на инфективна ,филипче ти е гуптин прав
гледаш дека сите исто праат
Шведска најапеметно направи ааа да заборавив доктори и у селата имале :D
Нека ме корегира доктор овде. Ама има разни тежини заболени. Од луѓе со симтоми на грип па се до респиратор и доста меѓу тие екстреми.
 
Еве и во Македонија како што објавија односот е 10:90 вакцинирани према навакцинирани хоспитализирани а вакцинираните со полесна слика. Слично е секаде и се гледа ефектот од вакцините. Ако не му е некому дојдено до читање и верување студии сликата на терен е јасна. Туку само ќе кажам за пренесувањето на вирусот. Инфициран вакциниран и инфициран невакциниран во иста мера може да го пренесат вирусот. Арно ама шансата вакциниран да се инфицира е многу помала, така да помалку инфицирани значи помалку преносители.
Автоматски споено мислење:


Не треба све да се верува што некој пишува низ интернетот.
Какви се тие заразени вакцинирани ХОСПИТАЛИЗИРАНИ лица со лесна клиничка слика!?
Мижи Асан да ти бајам!!!!!
 
Какви се тие заразени вакцинирани ХОСПИТАЛИЗИРАНИ лица со лесна клиничка слика!?
Мижи Асан да ти бајам!!!!!

Прашај го Филипче го цитирам само. Ама не е ни чудно оти е потврдено дека тие со вакцина полесно врват во просек.
 
Прашај го Филипче го цитирам само. Ама не е ни чудно оти е потврдено дека тие со вакцина полесно врват во просек.
Нема логика да имаат лесна клиничка слика и да се хоспитализирани на инфективна. Ако на инфективна хоспитализираат со лесна клиничка, тогаш тезата вакцинирајте се, за да го намалиме притисокот врз здравството е оксиморон.
 
Ќе кажам пример за Словенија какви мерки се превземаат доколку има проширување на заразата.Едноставно се забранува движење на лица кои се жители на една општина во друга општина.На тој начин ширењето на заразата е драстично отежнато,Нема рестрикции за невакцинираните туку само ограничено движење како и кај сите други додека во маркетите се покриваат тезгите каде што има се освен храна и ништо од тоа не смее да се продава.
 
јас сум против да ве тераат насилно да се вакцинирате, ама затоа кога ќе се разболи невакциниран ќе оди на листа на чекање, а од другиве ќе биде примен со приоритет. Јбг некој попаметен од вас си ја чукал главата да направи нешто што во најмала рака ќе ги олесне симптомите на секој заболен, ако во тој момент сте биле против медицината како наука, тогаш и кога ќе бидете болни лекувајте се дома.
...претежно се сложувам со твоето мислење, но немој терминологијта ,,вакцинирање,, и општо ,,вакцина,, што важат за класични проверени, одобрени, акредитирани вакцини што се даваат со редовна имунизација да се стават во ист кош со овие антиковид вакцини кои ниту се одобрени ниту акредитирани, може повторно ,,вакцинираниот,, да се инфицира, да ја пренесе инфекцијата тоа е терминологија за имунизација?
...тоа не е карактеристика за вистинска одобрена вакцина, се знае што значи имунизација и вакцинирање!
...за несаканите можеби или не долгорочни сеуште непознати ефекти не ги спомнувам, од таму е недоверба во нешто што се приложува како друго нешто, а не е...антиковид вакцини се одобрени и акредитирани САМО ЗА ИТНА УПОТРЕБА, ни помалку ни повеќе,

... еве ќе прашам, дали е медицински да се ,,вакцинира,, со антиковид вакцини за време на зголемен бран и многу инфицирани? знаеш што значи тоа?

...еве ја читам Хоуп, по прележан К19, пред неполни 7 месеци, решила повторно ,,да се инфицира,, за да не би се инфицирала во иднина, а си има природна антитела во себе, сега за време на најголем бран на инфицирани си го спушта имунитетот по вештачки пат, си го иритира дополнително имуниот систем, знаеш што ќе се случи ако дојде во контакт со вирусот во таква состојба денес утре? бууум, атомска бомба, таа не смее да излегува сега од дома све до месец после втора доза од антиковид вакцина, ама сега ,,вакцинирана,, може да шета, да иде во кафана, а всушност постои апсолутна опасност да се инфицира и да биде уште потешко од тие 5 дена што ги прележала,
... знаете кои пациенти сеуште до денес не се присутни во болнички услови со средно тешка и тешка состојба на К19? - тие кои ја прележале К19 и се стекнале со природен имунитет, а не се ,,вакцинирани,, сеуште со антиковид вакциини!
 
Последно уредено:
Вилипче викаше и дека и вакцини не можел да набави, а испадна на крај дека бркал тендери за да си го наполни џебот, има ли поголем акт на љубов спрема граѓаните на РСМ?

Попрво би поверувал на овие позади МТВ да ми кажат дека се невини, отколку на било која теза на Вилипче.
 
И уште еден податок не кажав за Словенија споредено кај нас.Секојдневно ги следам бројките на заразени и оздравени и за разлика од кај нас таму ако има нови 350 заразени оздравени се минимум една третина до една половина од бројот на заразени односно од 120 до 180 и тоа секој ден додека кај нас нас тој однос е 1 спрема 8 или 1 спрема 10 па и повеќе.Или словенците како народ се многу поздрави па брзо оздравуваат или со лекување се светлосни години пред нас.
 
Нема логика да имаат лесна клиничка слика и да се хоспитализирани на инфективна. Ако на инфективна хоспитализираат со лесна клиничка, тогаш тезата вакцинирајте се, за да го намалиме притисокот врз здравството е оксиморон.

Па не баш. Луѓе кои имаат лесна клиничка слика може брзо да развијат тешка клиничка слика до смрт. Си имале докторите причина да ги хоспитализираат изгледа. Очигледно поинаку го разбираме поимот лесна клиничка слика, тоа не значи дека имаат настинка и за некој ден ќе им помине.
 
брат, равноземјаши, ковидиоти, 5џи антени, чем треилс, теоретичари сите у едно ги ставам. Немам време да ги двојам.


Австралија е демократија колку што знам, они само се грижат за безбедноста на народот. Нов Зеланд конкретно не сака да се прошири ситуацијата и затоа увеле лок даун, како беше она мемето kill it before it lays eggs.
IMG_20210817_231503.jpg
 
Ако некому нешто можит да му разјаснит, в ред.
Ако не, нека бидит само мислење и мое гледиште/искуство на ситуацијава.

Пред 2 недели се тестирав позитивен (додуша на брз тест, ама два пати , а и сите симптоми ги имав, од 37.5, затнат нос, кашлица, болка во тело и губење на мирис).
Нормално, не ми беше пријатно - али цела среќа од порано се помирив со фактот дека вакциниран не значит имун, туку полесна слика во случај на зараза - и би така.

Вечерта пред да се тестирам (мислејки дека е само обична настинка по шо се гледав со 80% вакцинирани и чат пат некој анти ковид ваксер али затворен круг), бевме на вечера и пушевме пури, и funny enough двајца од овие вторите посегнаа по пурата од ко завршив јас по шо "ги фатило стрв". Ко им кажав сабајлето се попарија, ко шо и јас би. Крвната слика ми беше топ, дидимери во нормала, едино мало покачување на CRP, многу помало од на пример моите ко беа заразени Февруарито (а не беа вакцинирани).

Нејсе, 3 дена ме држеше се (како малку потешка форма на настинка), и ме пушти скроз. А овие двајцава, кај шо ставија муцка на место кај шо имаше моја салива - ништо.
Останав изолиран 10 дена дур да напрам нов тест, во кој шо последните 6 ми беа symptoms free и да бидам искрен го поминав многу лесно.

Не знам дали е ради фактот шо бев вакциниран, пласибо психички ефект или среќа - али во мојот случај испадна (и вервам) дека како вакциниран :

1. Го поминав прелесно
2. Пренесливоста е многу минимална, а кај мене и пријателите, ете, непостоечка (плунка беше во прашање, шо ме преизненади)

Имам уште 20 души во моментов, дали кај нас или надвор шо го закачија вирусот а вакцинирани..и нити еден не заврши со покритично од висока температура (над 38) 2-3 дена и истоштеност и физички замор. И то ова неколку случаи, другото се помина од на нога и со минорна главоболка.

Дали ќе го поминав така и без вакцина ? Не знам, можда. А можда и не.
Вака сум (барем јас лично) сигурен дека леснотијата во мојот случај беше ради то.

Го пишам ова зошто последниве 2-3 дена се појке и појке слушам и читам коментари за деградирањето, двоумењето и негирањето на позитивниот ефект на вакцината. За долг рок не знам, а не ни вервам дека некој можит да кажит. Али за на краток, за сега, можам да кажам.

Не сум за присилно вакцинирање, нити пак сметам дека е можно сите да го сторет то - али дефинитивно, барем за конкретнава ситуација немат ништо лошо од вакцинирањето, само добро од истото.
Се друго е форсиран муабет и присилно наметнување на некоја теорија на заговор.

Ако грешам, да горам..
 
Па не баш. Луѓе кои имаат лесна клиничка слика може брзо да развијат тешка клиничка слика до смрт. Си имале докторите причина да ги хоспитализираат изгледа. Очигледно поинаку го разбираме поимот лесна клиничка слика, тоа не значи дека имаат настинка и за некој ден ќе им помине.
Ако може брзо да развијат тешка клиничка слика, па дури и смрт, и мора да бидат хоспитализирани, тогаш глупаво е да се фалиш дека вакцинираните заболени имале лесна клиничка. Кога самото здравство ги ставило во ризична група.

Во секој случај, на некои под 20% целосно вакцинирани, да се фалиш дека само 10% од хоспитализираните (што на крај ќе излезе дека се 12-13%) се вакцинирани е тешка тешка патетика и пораз за секој што разбира малце повеќе математика од собирање и одземање.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom