Да ти обајснам сега нешто како конзерва. Верувам дека треба во одредени сегменти да има државна интервенција, макар се ограничиле и основните човекови слободи и права ако водат кон општо добро. Тука ги вбројувам и задолжителните вакцини и абортусот. Но исто така верувам и во општествениот договор кој ги имплементира основните начела на општественото поведение, а одредени начела се регулирани и со законски решенија.
Физичкиот интегритет ми е заштитен, еднаквоста и рамноправноста исто така. Така нема правна основа вакцината да стане задолжителна. Да непостоеше тоа, вакцината ќе беше задолжителна и ќе немавме премногу избор. Имаш само морална дилема: "секој е должен да се грижи и да го унапредува сопственото здравје и здравјето на останатите".
Вака поставено (и со Регулативата 2361) никој не смее да се дискриминира затоа што не може или не сака да се вакцинира.
За повеќето вакцини сеуште не се довршени долгорочните клинички студии, не знаеме колкав е процентот на ефикасност и не ја знаеме целосната листа на нус појави. Да беше заокружен тој процес, можеби и ќе се вакцинирав, иако немам некоја посебна потреба. Сепак ова не е само борба меѓу индивидуализмот и колективизмот (за мене оваа вакцина е индивидуално добро (секој е преносител и треба лична заштита)), туку и за враќање во нормала. Дали вакцината е единствен излез? Не, тука се мутациите кои не се предвидливи и не знаеме дали вакцината ќе креира ефикасност кон нив и тука е природниот имунитет, кои сакале или не, дел од нас сме го стекнале.
Дали вакцината дава одредена заштита? Да. Дали има и негативни ефекти? Да. Одлуката е на секој поединец како ќе постапи.